Ознака: туризмот

ОПШТИНА ОХРИД ЈА ПРОДЛАБОЧУВА СОРАБОТКАТА СО ТУРСКИТЕ ОПШТИНИ ВО СФЕРАТА НА ТУРИЗМОТ

Post Views: 1 Делегација на Општина Охрид, предводена од градоначалникот Кирил Пецаков, во Истанбул, Република Турција, оствари средба со генералниот секретар на Унијата на Општини, Фахри Солак. На средбата се разговараше за продолжување на добрата соработка со Општина Охрид и продлабочување на соработката во туризмот. Се разменуваа мислења за организирање на промоција на Охрид во Република Турција. Разговарано беше и за размена на вработените од општинската администрација во делот на туризам со други туристички развиени општини од Република Турција. Исто така беа разменети искуства...

Continue reading

Нови чартер летови најавуваат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот

Post Views: 0 Воведување нови чартер летови Измир-Охрид и Измир-Скопје како редовни линии, најавува директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), Љупчо Јаневски по настапот на неодамна оддржаниот Источномедитерански меѓународен саем на туризам и патувања (EMITT) во Истанбул. Потврдени се и чартер конекциите на холандските и полските тур-оператори, а се очекува и соработка со тур-операторите од Руската Федерација како и воспоставување на новиот лет Тел Авив -Скопје на крајот од мај. Според Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, голем е интересот за македонските...

Continue reading

Далчески: Струга стана специфично место за работење во туризмот

Post Views: 0 Струга стана специфично место за работење во туризмот. Многу околности влијаат врз тоа, смета Предраг Далчески управителот на двата струшки хотели „Плажа“ и „Галеб“, кои според нивната местоположба се на атрактивни локации во оваа општина. Далчески вели дека задоволен е од оваа туристичка сезона и покрај сите проблеми кои се случија пред сезоната, во Охрид земјотресите, во Струга депонијата. „Тука сепак морам сепак да се надоврзам на уреденоста на Струга, плажите кои се издадени под концесија, апсолутно несредени плажи, нерегулирани паркинзи се соочувавме со многу проблеми,...

Continue reading

Потпишан меморандум за соработка во туризмот помеѓу РС Македонија и Украина

Post Views: 11 Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) заедно со амбасадата на Украина во Република Северна Македонија ја организираа првата конференција за туризам со цел отпочнување на соработка и запознавање на туристичкиот потенцијал помеѓу овие две земји. Економската и социјална димензија на туризмот е веќе позната и минатата година со оглед на тоа дека Македонија беше рангирана на трето место помеѓу земјите од Балканот со коишто Украина има соработка, како и посетата на 20 тур-оператори од Украина и отпочнување на директна линија Киев-Скопје, е повеќе од причина...

Continue reading

ИЗГОТВЕНА НОВА СТРАТЕГИЈА ЗА РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

Post Views: 2 Како дел од Програмата за развој на туризмот, Оштина Охрид изготви нова Стратегија за развој на туризмот за периодот од 2020 до 2025 година. Стратегијата е изработена од страна на стручни научни работници од Факултетот за туризам и угостителство од Охрид, согласно условите на Јавниот повик за изработка на овој стратешки документ, кој беше објавен во 2020 година. Новата Стратегија за развој на туризмот е изработена врз база на темелни анализи на постоечката состојба и ја дефинира долгорочната визија, стратешкиот правец, целите и приоритетните проекти за идниот развој...

Continue reading

Слабиот притисок на вода негативно влијае врз туризмот во Струга

Post Views: 3 Струга и оваа туристичка сезона со слаб притисок на вода. Преку ден може да се начека по некој млаз, додека пак во вечерните часови се случува и воопшто да нема. Овој проблем кој неколку години се провлекува, сериозно влијае врз туризмот, опоменуваат струшките хотелско угостителски работници. Науме Угреновиќ, менаџерот и сопственик на Монтенегро Струга, вели дека странските туристи изразуваат поголем револт. „Посебно кај странските гости не можеме да се оправдаме, за нив малку е чудна таа појава сабаје рано наутро нема вода. Ние се правдаме дека тоа не е до нас бидејќи...

Continue reading

„Регионално вмрежување и соработка во туризмот како клучен фактор во закрепнување на индустријата во пост-Ковид ерата“

Post Views: 3 Повеќе од 100 учесници, претставници од приватен сектор и институции за промоција и поддршка на туризмот од неколку земји од регионот, учествуваа на еднодневниот виртуелен настан „Регионално вмрежување и соработка во туризмот како клучен фактор во закрепнување на индустријата во пост-Ковид ерата“. Настанот, кој се одржа вчера, 21 јануари 2021 година, имаше за цел да ги претстави потенцијалите за регионална соработка на земјите од Западен Балкан и можностите за побрзо закрепнување на туризмот во периодот по пандемијата со Ковид-19. На настанот присуствуваа претставници...

Continue reading

Статусот на Унеско за регионов е важен за развојот на туризмот

Post Views: 5 Да се зачува Охридскиот регион на листата на Светско културно и природно наследство е од голема важност за развојот на туризмот, вели Андон Бојаџи од НП Галичица. Верува дека државата ќе добие поддршка од граѓаните и институциите за да се справи со проблемите за да се зачува Статусот на културно и природно наследство на Унеско. Позитивни сигнали доаѓаат од Министерството за култура. Ресорната министерка најави дека во Охрид, Струга и Дебрца веќе нема да се гради без нивно одобрение и консултација. Бојаџи смета дека треба да се регулираат работите и постапувањата при...

Continue reading

turizam

Светски ден на туризмот

Post Views: 7 Денес се одбележува Светскиот ден на туризмот. Исто така, на северната хемисфера е крајот на туристичката сезона, додека на југ само што започнува… Светскиот ден на туризмот се слави со цел да се развие свеста на меѓународната заедница за важноста на оваа гранка и нејзините култури, социјални, политички и економски вредности. Светската туристичка организација во 1979 година го освоила 27 септември како светски ден на туризмот, бидејќи на тој ден 1970 година во Мексико е усвоен статутот на оваа организација. Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун повика на примената...

Continue reading

Ќе бидат потребни години за опоравување на туризмот во Охрид

Post Views: 13 Ќе бидат потребни неколку години за Охрид да се врати на туристичкиот пиедестал, прогнозира научната фела.  После 2001 година  кога е забележан пад од 50%,  2020 година ќе биде впишана  како најцрната туристичка година со драстичен   пад од околу  60 тина проценти.  Загрижува тоа што анализите покажуваат пад на приходите за   цели 50 %, што силно ќе се одрази врз локалната економија особено во  Охрид и Струга.  „Ги немаме странските туристи  кои што издвојуваа двојно повеќе средства во донос на домашните туристи, иако остваруваа помал број на ноќевања. Очекувањата...

Continue reading

Петкоска: ВМРО ДПМНЕ се обврзува за јакнење на развојниот потенцијал на туризмот

Post Views: 8 Зголемување на бројот на туристи преку нов модел за развој на туризмот и нови туристички понуди и форми на туризам, јакнење на маркетинг капацитети за промоција на Македонија како атрактивна туритичка дестинација и зајакнувањето на човечките ресурси во секторот туризам и угостителство, се нашата главна цел и стратешки приоритет, порача Кандидатот за  пратеник  на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата Обнова на Македонија, Лидија Петкоска. „ Се обврзуваме за јакнење на развојниот потенцијал на туризмот. Во соработка со домашните факултети за туризам и угостителство, како и реномирани...

Continue reading

OK на ВМРО ДПМНЕ: Охрид и туризмот не добиваат никаква помош ниту од централната, ниту од локалната власт

Post Views: 2 Охрид и туризмот не добиваат никаква помош ниту од централната, ниту од локалната власт, за да излезат од лавиринтот на коронавирусот. Сезоната пропадна без да почне, приходи нема, а трошоците не само што стојат, туку секојдневно растат, порача на денешната прес конференција Перчо Божиновски, портпарол на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид. „Факт е дека власта немаше слух за потребите на туристичките агенции, туристичките водичи, сопствениците на пловни објекти. Зошто власта не ги ослободува угостителите од плаќање закуп за летни тераси за пропадната сезона? На угостителскиот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top