Ќе бидат потребни години за опоравување на туризмот во Охрид

2020 година ќе биде впишана  како најцрната туристичка година со драстичен пад од околу 60тина проценти.  

 |  Соња Рилковска  | 

Ќе бидат потребни неколку години за Охрид да се врати на туристичкиот пиедестал, прогнозира научната фела.  После 2001 година  кога е забележан пад од 50%,  2020 година ќе биде впишана  како најцрната туристичка година со драстичен   пад од околу  60 тина проценти.  
Загрижува тоа што анализите покажуваат пад на приходите за   цели 50 %, што силно ќе се одрази врз локалната економија особено во  Охрид и Струга. 

„Ги немаме странските туристи  кои што издвојуваа двојно повеќе средства во донос на домашните туристи, иако остваруваа помал број на ноќевања. Очекувањата се дека за 40 до50% ќ биде намеален приходот од туризам во  нашата држава. Ако лани остваривме некаде околу 400 милиони долари приход оваа година очекуваме во најдобар случај да биде некаде половина од тој износ“, вели професорот Цветко Андреески.

За спас на туризмот државата врденаш по завршувањето на пандемијата мора да работи на субвенционирање  на тур оператори и евтини авио линии за што поскоро враќање  на странските гости.

„Ако ја споредиме оваа криза со кризата во 2001 година ке видимедека псоле таа криза биле потребни 10 години да се вратиме на оние бројки кои сме ги имале во 2000 та година. Сега не смееме да си го дозволиме тој лукуз  да чекаме 10 години за да се преземат мерки за развој на туризмот“, вели Андреески.

Најдобрата  година за туристичкото стопанство во Охрид била далечната 1987 година,  кога на брегот на Охридското езеро имало  4 милиони ноќевања,  по неа 2019 година  имаше рекордни 1 187 000 туристи, кои остварија   3 200 000 ноќевања.
Останува отврено прашањето  колку од туристичките, хотелските и угостителските капацитети ќе успеат да ја пребродат корона кризата.
Новинар Соња Рилковска

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top