Трпејца полупразна, допрва очекува гости

Во шпицот на туристичката сезона Трпејца е полупразна. Временските услови не им се погодија на домаќините, но доколку оваа туристичка населба очекува повторно враќање на домашните туристи, недостига комплетна туристичка понуда сметаат станоиздавачите и жителите од Трпејца.

 |  Николоска Биљана  | 
Trpejca
трпејца

TrpejcaМакедонското Сен Тропе, туристичката населба Трпејца на сред туристичка сезона полупразна. Единствени гости кои што можат да се забележат се холандските туристи и понекои домашни. Гостите задоволни од убавините на местото, гостопримството на трпејчани а немаат ниту замерки за висината на цените. Претставниците на туристичките агенции пак се обидуваат во своите понуди да вметнат што повеќе интересни содржини за да ги привлечат странските гости.

„Агенциите нудат големи екскурзии со различни групи, различни луѓе и воопшто холанѓани и најголемиот дел од луѓето кои доаѓаат во Охрид се најверојатно холанѓани и навистина ми се допаѓа Охрид и целото езеро, прекрасно. Во Охрид ги нудмие Стариот град, исто така имаме и екскурзии со брод, патуваме од Пештани до Св.Наум и најчесто правиме скара во Заум, но денес времето не е добро па одлучивме да јадеме во ресторанот. Навистина е убаво, никогаш порано не сум била во Македонија па ова беше една голема промена. Многу е убаво, луѓето се пријатни, ова е прекрасна земја па ќе дојдам повторно, се надевам. Многу е ефтино, особено кога доаѓам од сопствената земја и доаѓам овде, толку е ефтино, навистина е ефтино. Оваа сезона е интересна јас сум тука 100 години минимум по три месеци и не паметам зборувам за временските услови но сепак има полно странци што е добро – велат туристите

TrpejcaГрадоначалникот на Охрид Никола Бакрачески причината поради помалиот број туристи, ја гледа во лошите временски услови. Тој се надева дека во наредниот период временските услови ќе се подобрат со што ќе се зголеми и бројот на гостите.

„Меѓутоа ние секако како Локална Самоуправа и пред се секторот за туризам постојано комуницира со туристичките работници и со туристите кои што престојуваат во Охрид го испитува нивното задоволство, ги испитува сите оние причини кои што можат да доведат до намален број на гости во туристичката сезона меѓутоа предлага и мерки и активности како да ја подобриме туристичакта сеона“ – рече Бакрачески.

Милчо Јованоски жител на Трпејца смета дека повеќе треба да се насочиме кон гости од соседството. Тој вели дека и со манифестацијата „На зајдисонце во Трпејца“ се трудат да понудат нешто поинтересно, бидејќи според него помина времето кога се нудеше само класичен туризам, сега гостите не барале само да преспијат туку и други интересни содржини.

Trpejca„Јас сметам дека уште на Охрид му недостига една комплетна заедничка понуда значи каде што ќе има поврзано и култура и туризам и сето тоа што го нудиме како забава во летниот период и многу порано треба да се почнат тие пропагандни машинерии би рекол во туризмот а не кога ќе дојде јули или август месец, значи се треба да биде завршено затоа што модерниот турист сите знаеме го планира својот одмор една година однапред каде ќе оди“ – наглесува Јованоски.

Претставници на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, деновиве во Трпејца ќе снима материјал за пропаганден плакат инспирарн од вечерната променада, која се одржува во рамки на културната манифестација „На зајдисонце“. Вечерната променада во Трпејца на Охридското Езсро, ќе се одвива помеѓу двата моста во Трпејца во чамци осветлени со факели и фенерчиња, каде ученици од „Методи Патче“ од Охрид ќе изведуваат класични дела и преработки на стари македонски песни, а гостите во Трпејца од терасите на рестораните ќе можат да уживаат во прекрасната глетка.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top