Без стратегија нема развој на туризмот

Нареднава година ќе се носи нова национална стратегија за развој на туризмот. Експертите сугерираат локалнат активно да се вклучи во нејзините подготовки, но и да изготви локална стратегијa.

 |  Јаковлева Лионела  | 
охрид
ohrid

Ќе се изготвува нова национална стратегија за развој на туризмот. На постоечката која е донесена во 2009год., а ревидирана во 2011 и истекува рокот нареднава година. Стратегијата е многу важен документ, вели Проф. Др. Науме Мариноски од ФТУ од Охрид, бидејќи врз нејзина основа се донесуваат многу закони кои се значајни за развојот на туризмот. Врз основа на овој општ акт се донесуваат документи на регионално и локално ниво, како и стратешки документи, објаснува Мариноски. Тој учествувал во ревидирањето на стратегијата од 2009 при што тогашниот тим ставил акцент на развојот на градскиот туризам и езерскиот туризам во РМ. Професорот вели дека при донесувањето на новата стратегија неминовно е и Локалната активно да се вклучи при давањето насоки во кој правец да се движи туризмот во Охрид ако сакаме да имаме поголем развој на оваа стопанска гранка.opstina ohrid

Јас очекувам, а има и такви најави од Локалната и Градоначалникот дека ќе се заложат за решавање на ова прашање. Веројатно по отварањето на програмата за развој на туристичките потенцијали на југозападниот плански регион ќе се пристапи кон изработка на стратегија за развој на туризмот во општина Охрид и во тој контекст ќе се користат оние сознанија до кои дојдовме низ анализите за селективен пристап на туризам, вели Мариноски.

Мариноски потенцира дека во националната стратегија ќе мора точно да се детерминира каков вид на туризам ќе се развива во државава, посебно во Охрид. Треба да се надмине сезоналноста на туризмот и сведување на едномесечна туристичка сезона во која акцент ќе се стави на капалишните активности. Само со алтернативни форми на туризмот, со развој на рурален туризам и пред се со развој на туризмот поврзан со културното наследство, Охрид може да доживее експанзија во оваа област, вели професорот. Тој поради постоењето на една природна реткост во околината на градов, а тоа е сулфатарата во Косел, предлага отварање центар за вулканологија во Охрид  каков што има на езерото Балатон, Унгарија, и кој привлекува голем број туристи. Сите овие визии ќе бидат понудени при изготвувањето на новата национална стратегија за развој на туризмот од која пак ќе зависат локалните стратегии.samoilova

Општина Охрид досега нема изготвено локална стратегија за развој на туризмот. Во рамките на стратегијата за одржлив локален економски развој која е донесена 2007год. еден од сегментите е и туризмот. Минатата година била  направена ревизија на акционите планови. Ѓоко Апостолов од ТЛЕР вели дека треба да се направи поопсежна анализа за да се изготви стратегијата.

Ние во изминатава година многу често одржуваваме состаноци со сите чинители во склоп на туризмот притоа го чуствуваваме пулсот  кој владее кај нив  се со цел да дојдеме до момент во кој ќе се створат реални услови за почеток на изработка на една ваква стратегија, дециден е Апостолов.

Апостолов вели дека на Охрид му се потребни два типа на стратегии. Една краткорочна и една долгорочна. Краткорочната би важела за две до четири години и би ги опфатила приоритетите, а долгорочната би била на подолг рок и би ги опфатила капиталните проекти.

Експертите велат дека Локалната со свои сугестии мора да учествува при изготвувањето на новата национална стратегија за развој на туризмот, а и дека што поскоро треба да изготви квалитетна локална стратегија која ќе биде водилка во кој правец да се развива туризмот ако сакаме да имаме не само подобри туристички сезони, туку туризам во текот на целата година.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top