Се анкетираат гостите и туристичките работници

Преку анкета ТЛЕР ќе дознава што сакаат а што им пречи на гостите и туристичките работници. Ова испитувањње се прави со цел да дознаат кои се пропустите и истите да ги отстранат, а од друга страна пак позитивните работи кои им се допаѓаат на туристичките работници и гостите да ги зачуваат.

 |  Јаковлева Лионела  | 
inf.biro
инф.биро

И ова лето туристичките работници, странските и домашните гости , а и граѓаните ќе можат да си ги напишат маките на хартија. ТЛЕР изготви формулар на кој сите субјекти кои се вклучени во туризмот, а и гостите ќе можат да ги стават своите забелешки и да кажат од што се, а од што не се задоволни. Анкетата не е класична со точно утврдени прашања туку секој може да наведе повеќе забелешки доколку ги имаturisti.

-Генерално анкетните прашалници се исти како и минатата година со мали модификации кои ги направивме врз основа на тековната состојба во туризмот, вели Ѓоко Апостолов од Секторот за ТЛЕР.

Од ТЛЕР велат дека веќе неколку сезони го практикуваат  овој начин на испитување на јавното мислење во областа на туризмот со цел да дознаат кои се пропустите и истите да ги отстранат, а од друга страна пак позитивните работи кои им се допаѓаат на туристичките работници и гостите да ги зачуваат. туристи

-Во анкетните листови  не се задржавме на едно тематско прашање па за на крај да излезиме со податок  дека има конкретен број позитивни  и негативни забелешки. Опфативме повеќе прашања од хотелско-угостителското работење, од генералната слика во градот, гостољубивоста на охриѓани како домаќини и др,. вели Апостолов.

Инаку, од досегашните сондажи може да се види дека странските гости најмногу реагираат на чистотата на некои делови од Охридското крајбрежје. Некои од нив реагираат и на ентериерот на сместувачките капацитети, додека пак туристичките работници најмногу се бунат за работното време. Некои бараат да се продолжи, а други пак да се скрати. Од ТЛЕР велат дека сите забелешки ќе бидат прибрани и земени во предвид со цел наредната туристичка сезона да биде поуспешна од оваа.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top