Охрид на прагот од новата туристичка сезона сеуште е без јавни тоалети

Охрид на прагот од  новата  туристичка сезона сеуште е без јавни тоалети.

 |  Валентина Неловска  | 
тоалет
тоалет

Охрид на прагот од  новата  туристичка сезона  сеуште е без јавни тоалети. Туристичкиот центар никако да  добие  современи јавни тоалети.  Градските влaсти со години наназад  не  го решават најосновниот комунален проблем на кој укажуваат и туристите и охриѓани. Стефан Каневче, туристички водич кој е секојденвно во конаткт со туристите, со жалење констатира дека тоалетите се последна грижа во туризмот. Недозволиво е да се запостави изградбата на вакви санитарни објекти  како што е сегашната ситуација на која паѓаме во туризмот, вели Каневче.

тоалетПрво што треба да се почне се градбата на тоалети. Поранешниот градоначалник ветуваше не реализира. Ние како здружение на водичи  му сугериравме и на сегашниот, пак е истата ситуацијата. Статус кво, а за привремените подобро да ги нема. Тие се чиста зараза и срам. Охридско лето нема тоалети на антички театар , носиме врвни уметници, а нема тоалети за 2000 – 3000 посетители“, напоменува Каневче.

Неколку години наназад потребата од јавни тоалети локалната ја решаваше со поставување на мобилни тоалети. Сега на стартот од туристичката сезона градот доцни и со нивно поставување.  Од одделението за комунален развој кусо известија дека  засега  во функција е само  санитарниот  јазол кај Долни Сарај. Во завршна фаза  бил тендерот  за избор на најповолен понудувач  за поставување на јавни тоалети.

ОхридПри тоа не  информираат кога ќе заврши постапката и кога се планира да се постават тоалетите, на кои локации ќе ги постават, како  и зошто порано не се реализирала оваа постапка.
Иако најавуваа дека ќе се адаптираат старите тоалети во стариот дел на градот под црквата Перивлепта тоа не го сторија.  Каневче пак уверува дека  властите  насекаде во светот  го имаат решено овој проблем и не оставаат ништо на случајност.

„ Во поглед на инвестициите тоалетите се најмалата инвестиција. Тоалетите треба да се на ниво со сите можности, да се вработат луѓе, да се одржуваат чисти, а не да се зараза, како тојфовите.“

Канeвче укажува дека проблемот со јавните тоалети е присутен во сите макадонски градови. Раскажува дека посебна приказна се регионалните и магистралните патишта каде што нема изградени одморалишта со современо уредени јавни тоалети, а и оние кои ги има се во очајно лоша состојба. Бензиските пумпи не дозволуваат да се користат нивните санитарни јазли за масовна употреба, напоменува туристичкиот водич Стефан Каневче.    

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top