Ознака: струја

Отворено ормарче за струја – опсно или не !!!

Post Views: 5   До нашиот медиум стигна реакција, во која граѓани укажуваат дека во трговскиот центар „Пазар“, на бул. „Туристичка“, во Охрид, ормарчето каде се наоѓаат осигурувачите за струја на целиот комплекс не е заклучено, онака како што налагаат условите за безбедност.   Ова ормарче за струја стои отворено и незаштитено веќе подолг временски период. Со тоа претставува потенцијална опасност за сите посетители на јавниот објект во кој се наоѓа ова разводно ормарче“ -велат граѓаните. Која е постапката на надлежните од ЕВН да се погрижат со цел да обезбедат сигурност на посетителите...

Continue reading

Вртоглави износи за струја во општина Охрид и јавните претпријатија

Post Views: 4 Енергетската криза тропа на вратата од општина Охрид и јавните претпријатија. Сметките за струја достигнуваат вртоглави износи кои не можат да се подмират од сопствени извори. Во моментов, општината и двете ЈП „Водовод“ и „Билјанини извори“ немаат потпишан договор со добавувач на електрична енергија. Градоначалникот Пецаков очекува помош од државата за да се реши проблемот со кој се соочуваат сите општини во државата. Ние сме на работ на егзистенција како ЈП и сме во дилема, како некогаш да има рестрикции на вода или да нема вода, вработените да не можат да земат плата....

Continue reading

И телевизорите на удар на Европската унија

Post Views: 2 Новите барања за енергетска ефикасност за телевизорите ќе важат и за компјутерските монитори, кои сѐ повеќе се користат за гледање на тв програми, а подоцна ќе бидат воведени и за другите апарати за домаќинство. Благодарение на овие нови прописи во Брисел очекуваат дека потрошувачите ќе плаќаат околу осум милијарди евра помалку на сметките за струја. Во Европската унија, спрема податоците за 2011 година, се продаваат повеќе од 60 милиони телевизори и околу 16,5 милиони монитори за компјутери. Откако се донесоа слични прописи за правосмукалките кои предизвикаа бурна реакција...

Continue reading

кз

Во охридскиот кардиолошки завод постојано се инвестира

Post Views: 6 Заводот за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – “Свети Стефан”  ќе инвестира во подновување на установата.  Директорката на кардиолошкиот завод, д-р Изабела Афтовска  Наумоска информира дека во  2015  ќе инвестираат во немедицинска опрема за разлика од лани кога инвестирале во медицинска опрема и едукација на медицинскиот кадар.  Директорката објаснува дека со сопствени средства ќе инвестираат во купување  агрегат за струја и подновување на болничката перална. „ Оваа година приоритетот  ставивме на немедицинската опрема....

Continue reading

logo

Дел од Охрид денес еден час без струја

Post Views: 6 Денес 12- ти март, во периодот од 15 до 16 часот ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија на дел од улицата „15- ти Корпус“. Од 13 до 15 часот без струја ќе остане дел од населбата Чекоштина, а од 11 до 12 часот дел од „Железничка“ и улицата „ Винковачка“, информираат од ЕВН Македонија. Од ЕВН објаснуваат дека причина за прекините е реализацијата на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија. {loadposition content9}  

Continue reading

hotel ambasador

Неколку семејства од струшките села ја искористиле понудата на х.Амбасадор за привремен спас од немањето струја

Post Views: 2 Неколку семејства од струшката околина кои разбрале за великодушната понуда на луѓето од хотел Амбасадор, ја искористиле можноста дел од своите тековни работи, од одржување хигиена, затоплување, па и престој во хотелот додека трае ситуацијата со немање струја и вода поради проблемите со снегот. Стефан Николоски од х.Амбасадор вели дека идејата да им помогнат на сите засегнати семејства дошла спонтано откако две семејства уште во првите денови од снежното невреме дошле во хотелот да се загреат, по што Николоски им дал налог на вработените оваа услуга да ја нудат на сите...

Continue reading

protest

Блокади на патот Охрид-Битола ако жителите на планинските охридски села не добијат струја за 24 часа

Post Views: 2 Сакаме струја, сакаме струја, сакаме струја…Вака денес го искажаа својот револт жителите од планинските охридски села Куратица, Свиништа, Расино, како и оние од Ливоишта и Вапила бидејќи веќе шести ден на екстремно ниски температури преживуваат без струја. Со транспаренти во рацете денес тие протестираа пред корисничкиот енерго центар на ЕВН Македонија барајќи повторно воспоставување на електрично напојување на овие критични места. Претставници од овие села, се сретнаа со раководителот на подружницата на ЕВН Македонија во Охрид. „Дадено ни е ветување дека во наредните...

Continue reading

vevcani

Вевчанци Новата 2015 година ја дочекаа во мрак, револтирани формира Кризен штаб

Post Views: 1 Вевчани е во вонредна состојба. За прв пат во послените 50 години се случува вевчанци Нова година ја дочекаат во мрак. Во Вевчани е тажно, 5 дена жителите се без струја, интернет и телефонска комуникација , отсечени од светот,  вели првиот човек на општината Цветомир Угриноски.„ Откажани се сите ресторани и хотели, а се очекуваа гости од странство и земјата, луѓето се во исчекување кога ќе добијат струја и ништо  не работи“, посочува Угриноски. Градоначалникот Угриноски   за утре најави прес во Охрид  затоа што за тоа нема услови во Вевчани, за да  ги каже сите проблеми...

Continue reading

bandera

Без струја се голем број села од охридско, струшко и Дебрца, Евн работи на проблемите

Post Views: 3 Екипите на Евн работа на поправка на дефектите за нормаилирање со напојувањето на струја. Сеуште без струја се  Вевчани и охридските села Велмеј, Новосело, Лексоец, Косел ,  струшките  Делогожда, Окиси,Бороец,  Подгорци, Ливада, Радожда,  Калишта, Ложани.  Oд Мепсо работат на поправка на далеководи , аекипите на евн ги санираат проблемите , информира Атанас Ковачески портпарол на  ЕВН. „ Ќе биде решен проблемот се очекува екипите да се пробијат до места каде што се дефектите . Мрежата на ЕВН е покрај патиштата ако има проблем на низок напон се решаваат, но  не и со среден...

Continue reading

снег

Охрид блокиран со првиот снег

Post Views: 0 Блокирани патни правци кон Охрид, завеани автобуси и патнички возила, домаќинства без електрична струја, паднати дрва, бандери и кабли беше денешната зимска слика на Охрид по првиот снег. Околу 20 часа автобуси и патнички возила останаа завеани на Пресека, а 4 автобуси на Галеб останаа заглавени  на автобуската станица во Кичево. Раководителот  на АД Галеб, Димитар Василевски информира дека се водело грижа  патниците да не останат без грење, биле понудени со храна и пијалок, Колку што дозволувале можностите во тие услови се водело максимална грижа за патниците. Се правеле...

Continue reading

josip broz tito

Струшките училишта од денес со редовна настава

Post Views: 8 Уште во текот на вчерашниот ден, струшките основни училишта добија струја. Моментално, состојбата со прекинот со снабдувањето со електричната енергија во ОУ “Јосип Броз Тито” и “Браќа Миладиновци” во Струга како и подрачните училишта во селата Враништа, Мислешево и Радожда е решена. Инаку причината за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е акумулираниот долг на струшките основни училишта кој изнесува 5 милиони денари. Општина Струга презеде обврска да го исплати и веќе се договори со ЕВН за плаќање на рати. {loadposition content9}

Continue reading

седница

Основците 3 ден без струја, локалната бара „чаре“

Post Views: 3 Опозицијата во градскиот совет, на почетокот на денешната седница, предложи итна расправа за состојбите во ОУ „Григор Прличев“. Побараа   информација од службите на градоначалникот за настанатиот проблем.  Со 8 гласови „За“ и 13 „Воздржан“, советот не го прифати предлогот. Димитар Спасеки , секретарот на локалната самоуправа, за медиумите изјави  дека работат на 2 акциони планови за одблокирање на сметаката на училиштето. Уште вчера се воделе преговори со адвокатските тимови на сопствениците кои ја блокирале сметката  и можноста за времено одблокирање на сметката. Потенцира...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top