Основците 3 ден без струја, локалната бара „чаре“

Основците 3 ден без струја, локалната бара „чаре“.

 |  Валентина Неловска  | 
седница
седница

Опозицијата во градскиот совет, на почетокот на денешната седница, предложи итна расправа за состојбите во ОУ „Григор Прличев“. Побараа   информација од службите на градоначалникот за настанатиот проблем.  Со 8 гласови „За“ и 13 „Воздржан“, советот не го прифати предлогот.седница

Димитар Спасеки , секретарот на локалната самоуправа, за медиумите изјави  дека работат на 2 акциони планови за одблокирање на сметаката на училиштето.

Уште вчера се воделе преговори со адвокатските тимови на сопствениците кои ја блокирале сметката  и можноста за времено одблокирање на сметката. Потенцира дека се обезбедени  средства кои треба да се трансферираат до училиштето.  Размислуваат и за друга опција.

григор прличев

 

 

 „ Секако согласно законската регулатива ќе се рагледа и можноста дали ние како оснивачи на училиштето, за друг правен субјект како што е Григор Прличев , може директно да ги измириме обврските кон ЕВН, Телеком и останатите на кои училиштето им должи“, рече Спасески.   

Додека се најде најповолната  опција за училиштето  да добие струја,  учениците трет ден учат без греење со скратени часови.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top