Ознака: струја

struga

Повторно инцидент со струен удар на женска плажа Струга

Post Views: 94 46 годишен стружанец, денеска околу пладне, на женска плажа,  при поставување на пумпа на струја за наводнување, добил струен удар како резулатат на краток спој. Тој веднаш бил пренесен во Општа болница Струга. Дежурниот доктор Мирко Лекоски, во телефонски разговор за ТелевизијА ТВМ изјави дека пациентот бил примен во состојба на бесознание, без срцева акција и дишење. „Ги презедовме сите мерки за реанимација и за среќа на пациентот а и наша се разбира, успеавме да го реанимираме и вратиме во живот. Воспоставивме нормално дишење и срцева акција и пациентот се наоѓа...

Continue reading

zemjotres

Што да се прави кога ќе здрма земјотрес?

Post Views: 0 Подрачјето во регионот кое ги зафаќа Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Србија, Италија, Албанија, Грција, Турција и Македонија се одликува со изразена сеизмичка активност, посебно во последниот период. Пред земјотрес мора да откриете кое е најсигурното место во просториите, односно каде се наоѓаат главните вентили за плин и главниот прекинувач за струја, како и каде водат и како се затвараат. Секогаш имајте подготвени батерија, радио и кутија за прва помош, како и одредени залихи на храна. За време на земјотрес е важно да се зачува присебноста на духот и да...

Continue reading

Од денеска може да се аплицира за финансиска поддршка за потрошена струја за лица со ниски примања

Post Views: 11 Министерството за економија го објави огласот за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за лица со ниски примања за 2022 година. Финансиската поддршка ќе им биде доделена на лицата со ниски примања чии редовни месечни примања во домаќинството не го надминуваат нето-приходот од 30.000 денари, и тоа за: -самец до 15.194 денари;-домаќинство со два члена до 18.000 денари;-домаќинство со три члена до 21.000 денари;-домаќинство со четири члена до 25.000 денари и-домаќинство со пет и повеќе члена до 30.000 денари. Самците и домаќинствата со два или три члена...

Continue reading

logo

Цената на електричната енергија ќе се намaли за 5,2%

Post Views: 1 Цената на електричната енергија од 1 јули ќе се намали за 5,2 отсто, пишува весникот „Дневник“ повикувајќи се на сигурни извори. Според информациите на „Дневник“ ваков предлог бил даден на подготвителната седница на Регулаторната комисија за енергетика, а конечната одлука би требало да биде донесена утре. Намалувањето на цената, според претпоставките, се должи на намалената потрошувачка на електрична енергија во текот на изминативе 12 месеци, како и на падот на цената на струјата на светските пазари. Македонците во изминатиов период, според податоците од енергетските...

Continue reading

Порасна социјалната, постојаната парична помош и субвенциите за струја

Post Views: 2 Јулските исплати за социјална и постојана парична помош зголемени за 5%. Тоа ќе го почуствуваат вкупно 445 корисници на социјална и 147 на постојана помош. Наташа Христовска од Центарот за социјални работи Охрид, вели дека оваа промена е согласно новите измени и дополнувања на Законот за социјална заштита. Додаде дека новите измени на законот се однесуваат и во делот на субвенцијата за потрошена електрична енергија. „Зголемување ќе има и кај субвенцијата за потрошена електрична енергија, односно сите корисници на социјална и постојана парична помош кои што поднесле барање...

Continue reading

Општината повторно ќе го плати долгот за струја на ОУ „Григор Прличев“

Post Views: 15 Основното училиште „Григор Прличев“ повторно со општинска помош ќе го регулира  заостанатиот долг кон ЕВН, бидејќи е во неможност да го плати поради блокираната сметка за нерешени имотно правни односи. Охридските советници досега неколку пати се најдоа во ситуација да изгласуваат ваква предлог одлука, а барем засега долгорочно решение за проблемот не е постигнато. Советниците од опозицијата велат дека иако даваат поддршка на одлуката за излегување во пресрет на ова основно училиште, сепак сметаат дека проблемот суштински не се решава. Признаваат дека станува збор за...

Continue reading

Ковачески: ЕВН не може да краде струја, наплатува онолку колку што е отчитано

Post Views: 5 Дали ЕВН ги „краде“ потрошувачите? Ова прашање се наметнува речиси кај секој потрошувач на електрична енергија бидејќи сите ние забележуваме дека има поголеми варијации во износот на нашите сметки за потрошена електрична енергија. Портпаролот на ЕВН Атанас Ковачески за ТВМ тврди дека ЕВН не може да краде туку наплатува онолку колку што е отчитано. „Ако некој корисник мисли дека ЕВН има прекршено некое право тоа може да го побара пред сите надлежни институции, ЕВН има обврска да одговори на сето тоа како сите други правни субјекти. Значи ако некој случајно биде оштетен...

Continue reading

Во охридско-струшкиот регион откриени се 70 кражби на струја

Post Views: 3   Зголемен бројот на кражби на струја во 2015 година во споредба со претходната. Тоа го покажуваат статистичките податоци на ЕВН Македонија. Според нив во 2015 год откриени се 1136 кражби за неовластено користење на електрична енергија. Околу 70 кражби од нив се територијата на охридско-струшкиот регион, за ТВМ обелодени портпаролот на ЕВН, Атанас Ковачески. Над 80% од кражбите биле откриени кај домаќинствата но голем е бројот на кражби и кај бизнис корисниците, додава Ковачевски. Додека пак за тековнава година за месец јануари во Охрид се откриени 10 кражби а во соседна...

Continue reading

Делови од Дебрца синоќа без струја

Post Views: 1   Силниот ветер кој синоќа на моменти дуваше со јачина од над 100 км на час, предизвика повеќе штети во охридско – струшкиот регион. Како што информира портпаролот на ЕВН Македонија, Атанас Ковачески, од силниот ветер дошло до кинење на проводниците на 10 киловолтните далеководи во дистрибутивната мрежа, а како последица на тоа неколку села од Дебрца синоќа останаа без електрично напојување. „Повеќе населени места останаа без напојување, екипите се постојано на терен работат, веќе поголем дел од испадите се санирани, имаше повеќе проблеми и во делот на Дебрца,...

Continue reading

sud

Реконструкција на настанот „Пливалиште“, Струга

Post Views: 0 Очи в очи сведокот Емил Попоски, еден од сопствениците на Кафе барот „Пливалиште“ Струга, со еден од обвинетите Гоце Јанески. Денеска на продолжението од претресот за немилиот настан кој се случи на 11 септември минатата година во кој од струен удар загинаа тројца стружани, беше сослушан сведокот Емил Попоски. Во неговите искази на сведочењето, се посомнева бранителот на обвинетиот Јанески, Димитрија Цобоски поради што побара соочување. Адвокатот на Вранишкоски Цвете, Воислав Димоски рече дека добро е што наишле на разбирање од страна на судскиот совет и нивните забелешки...

Continue reading

Граѓаните ќе добијат повисоки сметки за струја

Post Views: 3 Од први јули важи одлуката на РКЕ со која граѓаните ќе плаќаат повисока електрична енергија за 12. 36 проценти. Намалувањето на ДДВ- то од 18 на 5 проценти требаше да ја компензира оваа одлука која ќе удри по семејниот буџет на граѓаните, но законот сеуште е во законска процедура, а броилата веќе мерат по новата тарифа. Новите сметки за потрошена електрична енергија ќе бидат дел пресметани по старата тарифа пред да биде донесена одлуката, а дел со новата пресметка, што значи дека повисока струја ќе плаќаме се додека законот за намалување на ДДВ не помине на Собрание. –Mоментално...

Continue reading

elekktrani

Струја за еден град

Post Views: 3 Петте електрани мали, но доволни да ги задоволат потребите за струја на еден град. „Белица 1“ е петтата електрана која денес и официјално беше пуштена во употреба, во присуство на претставници на Јавното приватно партнерство на МЈП „Проаква“ и „Фероинвест“. „Многу години се зборува за мали електрани, тие само го носат името, но во суштина тие воопшто не се мали ниту од аспект на производство на електрична енергија, ниту од аспект на инвестиција, изјави Проф. Кочо Алушев. Тој додава дека ова е прва реализација на проект во државава, кој е во рамките на стратегијата за...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top