Ознака: струја

struja

Источна Европа ќе остане без електрична енергија?

Post Views: 2 Светската банка објави дека е под знак прашање снабдувањето на Источна Европа и средна Азија со примарна топлинска и електрична енергија. Во најновиот извештај се споменува дека целиот регион може да се најде во енергетски колапс, ако во овој сектор не се вложи повеќе од 3.000 милијарди долари во наредните 20 години. Според директорот на Светската банка за одржлив развој, Питер Томсон, се очекува побарувачката за енергија во двата региони да се зголеми за 50 отсто до 2030 година. Финансиската криза ја успори побарувачката за енергија и направи простор што им овозможува...

Continue reading

Lamburgini

Црногорците ќе прават „ламборџини“ на струја

Post Views: 6 Директорот на италијанската автомобилска компанија „Ламборџини“, Тонино Ламборџини, најави дека во Црна Гора ќе отвори фабрика за електрични автомобили. Во изјава за црногорскиот весник Побједа, тој вели дека не знае во која црногорска општина ќе биде отворена фабриката, но додаде дека таа компанија е заинтересирана во соработка со Владата и уште некој партнер и да „влезе во тој бизнис“. Ламборџини, кој вчера ја заврши дводневната посета на Црна Гора, најави дека во црногорската фабрика „во почетокот ќе се произведуваат илјада електрични автомобили, а подоцна производството...

Continue reading

Граѓаните кои не ги платиле сметките за струја нема да бидат исклучени од електричната мрежа

Post Views: 2 ЕВН Македонија нема да ја исклучува струјата на граѓаните кои не ги подмириле сметките за потрошена енергија, уверува Атанас Ковачески портпарол на компанијата за снабдување со електрична енергија. ЕВН ќе ги следи препораките на Владата и Регулаторната комисија за енергетика и ќе ги преземе сите мерки за спречување на корона вирусот и ќе ги заштити и корисниците и своите вработени, вели Ковачески. „Никој не треба да биде загрижен за дистрибуција на електричната енергија и одржувањето на системот за дистрибуција. Тоа е работа на ЕВН. Снабдувањето со електрична енергија...

Continue reading

Струшките основни училишта добија струја

Post Views: 1 Учениците од струшките основни училишта се враќаат на настава, ЕВН им пушти струја. Како што веќе информиравме поголем дел од основните училишта во Струга, од почетокот на учебната година немаа електрична енергија поради неплатени сметки, поради што неколку дена ја бојкотираа наставата. „Струјата денеска е уклучена и мислам дека во иднина нема истото да се повтори, проблемите веќе се надминати, издржавме без класичен бојкот, вршрвме притисоци на надлежните институции, имавме поднесено барање и известување до републичкиот инспекторат за образование, исто така и општината...

Continue reading

protest

Жители од струшките села протестираа пред локалната во Струга, се жалат на немање струја, вода и неисчистени патишта

Post Views: 7 Повеќе жители на Делогожда, Подгорци и дел од другите села во струшката околина денес протестираа пред зградата на локалната самоуправа во Струга. Тие го изразија својот револт поради ситуацијата во која се нашле по обемните врнежи од снег во целиот југозападен регион. Денес со транспаренти во рацете се пожалија на катастрофална состојба на патиштата, недостаток на вода, струја како и лошо менаџирање со општината. Членови од иницијативниот одбор за протестот, кои за жал немаа преведувач на македонски јазик, поставија неколку барања до градоначалникот на Струга, Зијадин...

Continue reading

spasena zena strusko

Премрзната жена извлечена од плевна во струшкото село Заграчани

Post Views: 8 Студот почна да го зема данокот. Во Заграчани струшко, во една плевна денес била пронајдена премрзната жена. Таа три дена останала без струја, огрев и храна. До неа случајно дошол медицинскиот тим на струшката брза помош. Директорот Марко Стрезоски вели дека веднаш интервенирале, на жената и дале храна и облека и ја префрлиле во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“, Охрид. Дежурниот доктор Огнен Шешоски рече дека пациентката треба да биде под постојан медицински надзор бидејќи подолго време била во хипотермија. „Пациентката ја примивме во стабилна...

Continue reading

zaveani

Спaсени трите лица кои беа завеани во Ржаново

Post Views: 13 Спасени три лица завеани во струшкот село Ржаново. 15 годишниот Цветан, татко му Горан и  неговиот стрико Тоде Кузманоски во претпладневните часови беа извлечени од завеаното село со интервенција  на хеликоптерската служба на МВР.  Кузманоски од неделата беа во селото и не можеле  да се пробијат до Струга од високите снежни наноси, а операцијата за извлекувањето била успешна.   „Струја нема 3-4 дена , телефоните ни се испразнија, не можевме да контактираме. Метро и нешто има снег, движењето е ограничено само околу куќа , тоа што беше за јадење се изеде“, изјави Горан...

Continue reading

struja

ЕВН ги исклучи од струја и струшките основни училишта

Post Views: 20 ЕВН почна да исклучува и во Струга. Наставниот процес во сите основни училишта се одвива во студени и недоволно осветлени училници, а часовите траат до 15 минути. Проблемот датира од пред неколку години информираше в.д директорот на ОУ „Јосип Броз Тито“, Тони Савески. Наследениот долг по однос на неплатени сметки за електрична енергија на училиштето изнесувал околу еден милион денари. „Проблемот ескалираше вчера во пладневните часови околу 12 часот бевме исклучени. Од моите сознанија разговарано е и се очекува можеби во текот на денешниот ден проблемот да се реши“ –...

Continue reading

struja

Вевчанци и Дебрчани, гневни на ЕВН

Post Views: 7 Вевчани од четвртокот, 6 ти декември, е без струја. Прекинот трае дури по 20 часови, вели првиот човек на општината Перо Илиевски. Тој потенцира дека дефектите со електричното напојување во општината се чести и поради тоа сериозно е загрижен. Илиевски образложи дека во текот на вчерашниот ден како и денес не работи детската градинка и училиштето, но и тоа дека револтот кај родителите и останатите граѓани се повеќе расте, поради дефектите на електричните апарати кои откажуваат поради немањето на струја. Се што е потребно од наша страна е направивено и доколку продолжи...

Continue reading

skolo

Проблематичен старт на учебната година во Струга

Post Views: 7 Долговите за транспорт, струја и огрев го доведоа во прашање успешниот почеток на учебната година во струшките училишта. Џеми Хајредини, раководителот на секторот за образование при општина Струга, вели дека станува збор за долгови од 2009 година до денес, долгови кои се акумулирале како резултат на драстичното намалување на наменските средства кои општините ги добиваат од страна на Министерството за образование. „ Им должиме на снабдувачите со нафта големи суми на пари и тие сега преку суд ни ги земаат од сметките на училиштата. Тоа значи дека на неколку основни училишта...

Continue reading

evtina

Од година повторно евтина струја преку ден

Post Views: 7 Од 2015 година, со почнување на третата и последна фаза од либерализацијата на пазарот на електрична енергија, ќе имаме можност да користиме дневна евтина тарифа за струја, пренесува Дневник. Ваквата понуда ќе важи и за оние граѓани кои самите ќе си изберат од која фирма ќе сакаат да се снабдуваат со електрична енергија. -Во трка за потрошувачи, фирмите се подготвени да понудат поволни услови, а еден од нив е и враќање на дневната евтина тарифа, вели за весникот Кочо Анѓушев сопственик на „Енерџи деливери солушнс“ (ЕДС), една од фирмите која ќе снабдува на пазарот. {loadposition...

Continue reading

abdul kadri sej

Протест поради исклучена струја

Post Views: 4 Велештани денес го блокираа влезот на Струга. Околу 200 жители на струшкото село Велешта протестираа поради ненајавено  исклучување на струја од страна на ЕВН. Напнатата атмосфера започна уште синоќа, кога толпа револтирани граѓани ја нападнаа дирекцијата на ЕВН Струга, при што ги искршиле влезните врати.Претседателот на Месна заедница Велешта Абдул Кадри Шеј, денес излезе со став дека многу се лути на постапката на ЕВН и начинот на кој ненајавено исклучуваат струја. Додава дека нема неплаќачи на струја и како и за сите и за нив, постои закон. „Ние три месеци со нив...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top