Струшките основни училишта добија струја

Денес ЕВН ја вклучи струјата во струшките основни училишта. Претставниците на Советот на родители сметаат дека проблемот е надминат и нема да се повтори. Велат, издржавме без класичен бојкот, вршевме притисоци до надлежните институции за на децата да им обезбедиме нормални услови за изведување на воспитно образовниот процес.

 |  Биљана Николоска  | 

Учениците од струшките основни училишта се враќаат на настава, ЕВН им пушти струја. Како што веќе информиравме поголем дел од основните училишта во Струга, од почетокот на учебната година немаа електрична енергија поради неплатени сметки, поради што неколку дена ја бојкотираа наставата.

„Струјата денеска е уклучена и мислам дека во иднина нема истото да се повтори, проблемите веќе се надминати, издржавме без класичен бојкот, вршрвме притисоци на надлежните институции, имавме поднесено барање и известување до републичкиот инспекторат за образование, исто така и општината беше писмено информирана и на крај конечно таа работа се заврши и сметам дека в иднина тоа нема да се повтори“-изјави  Димче Шипинкароски – потпретседател на Совет на родители, ОУ „Браќа Миладиновци“

Раководителот на секторот за образование во општина Струга, Сурија Рушити, информира дека со ЕВН вчера потпишале договор, долгот од ноември минатата година, заклучно со август годинава, да го плаќаат на рати. Инаку струшките основни училишта, со ваков проблем се соочуваа и минатата година кога општината го презема плаќањето на долгот за струја од околу 6.300.000 денари, заклучно со ноември. Според договорот, долгот се плаќаше на рати, но не се плаќале тековните сметки поради што ЕВН повторно ја исклучи струјата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top