Црногорците ќе прават „ламборџини“ на струја

Директорот на италијанската автомобилска компанија „Ламборџини“, Тонино Ламборџини, најави дека во Црна Гора ќе отвори фабрика за електрични автомобили.

 |  Маја Савиќ  | 
Lamburgini
Ламбургини

LamburginiДиректорот на италијанската автомобилска компанија „Ламборџини“, Тонино Ламборџини, најави дека во Црна Гора ќе отвори фабрика за електрични автомобили.

Во изјава за црногорскиот весник Побједа, тој вели дека не знае во која црногорска општина ќе биде отворена фабриката, но додаде дека таа компанија е заинтересирана во соработка со Владата и уште некој партнер и да „влезе во тој бизнис“.

Ламборџини, кој вчера ја заврши дводневната посета на Црна Гора, најави дека во црногорската фабрика „во почетокот ќе се произведуваат илјада електрични автомобили, а подоцна производството може да биде проширено“.

“Постои можност таа фабрика да биде подготвена во релативно кусо време” – изјави тој, и додаде дека Владата може да има „импулс за такво производство, така што електричните возила би ги користела полицијата, како и во аеродромските, поштенските, туристичките и други сервиси“.

Тој смета дека електричните возила произведени во Црна Гора би можеле да се продаваат на европските пазари.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top