Проблематичен старт на учебната година во Струга

Долговите на училиштата за транспорт и огрев за учениците, изнесуваат повеќе од половина милион евра.

 |  Голабовски Крсте  | 
skolo
школо

Долговите за транспорт, струја и огрев го доведоа во прашање успешниот почеток на учебната година во струшките училишта. Џеми Хајредини, раководителот на секторот за образование при општина Струга, вели дека станува збор за долгови од 2009 година до денес, долгови кои се акумулирале како резултат на драстичното намалување на наменските средства кои општините ги добиваат од страна на Министерството за образование.

ucenici„ Им должиме на снабдувачите со нафта големи суми на пари и тие сега преку суд ни ги земаат од сметките на училиштата. Тоа значи дека на неколку основни училишта имаме блокирани жиро-сметки, а на неколку други имаме и исклучување од струја. Ако немаме струја, ако немаме пари за превоз на учениците, ако немаме греење потешкотиите за добар почеток на новата учебна година се евидентни“ вели Хајредини.

Хајредини објаснува дека станува збор за наменски средства кои не може да бидат употребени  за друго, па така додава тој, не станува збор за лошо менаџирање со средствата. Раководителот Хајредини објасни дека се прават огромни напори, успешно да започне училишната година во 11-то основни 25-те подрачни двете средни училишта во Струга. Алармирани се и ресорното министерство и ЗЕЛС, но задоволителен одгвоор досега нема. Од Министерството за образование пак децидни. Одговорноста треба да се сноси подеднакво.

ucilishte„Од аспект на покривање на трошоците согласно децентрализацијата, како што има обврска министерството овие средства да ги префрла на општините, секако дека тоа не е едностран процес и дека мора самите општини да допринесат образованието да се одвива тековно и непречено.Од аспект на префрлање на дополнителни средства нашите можности се ограничени во рамките на блок дотациите кои ги префрламе“ дециден е Министерот Кралев.

Министерот за образование Панче Кралев верува дела заедно со Општина Струга, а  во интерес на сите ученици и граѓани на Општина Струга ќе биде изнајдено решение, како што било изнајдено и другите години и дека наставата ќе започне непречено на 3-ти септември.
Министерот Кралев потенцира дека доколку не почне навреме новата учебна година одговорноста  за тоа ќе ја сносат општината директорите на училиштата и градоначалниците.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top