Во охридскиот кардиолошки завод постојано се инвестира

Во охридскиот Кардиолошки завод постојано се инвестира.

 |  Валентина Неловска  | 
кз
кз

Заводот за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – “Свети Стефан”  ќе инвестира во подновување на установата.  Директорката на кардиолошкиот завод, д-р Изабела Афтовска  Наумоска информира дека во  2015  ќе инвестираат во немедицинска опрема за разлика од лани кога инвестирале во медицинска опрема и едукација на медицинскиот кадар.  Директорката објаснува дека со сопствени средства ќе инвестираат во купување  агрегат за струја и подновување на болничката перална.

завод„ Оваа година приоритетот  ставивме на немедицинската опрема. Во нив се агрегатот и поситини уреди за нормално и подобро функционирање, машина за перење веш и сушалан и други ситни апарати. Набавките се прават на годишно ниво и треба да се обезбедат сопствени  финансиски средства,“ посочува директорката Афтовска Наумоска.
                  
За набавка на  агрегатот од болницата чекаат согласност од Советот за јавни набавки. Купувањето на агрегат им е на приоритетната листа иако  досега немале никогаш проблем со нормално  функционирање на Заводот. Од 2006 година набавувале софистицирани уреди кои  имаат вградени батери и работат и по неколу часа по престанок на напојување со електрична енергија, напоменува директорката. Во заводот не оставиле ништо на случајност и доколку дојде до подолготраен прекин во напојувањето со струја.

кардиологија„Освен што нема проблем со функционирање на апаратите во тек на неколку часа имаме склучено договор со Општа болница – Охрид. Доколку дојде до таква ситуација и има итна потреба за транспорт на пациент се упатува  кај нив“, вели директорката.

Од болницата напоменуваат дека постојано вложуваат во установата за беспрекорно функционирање иако од ресорното министерство има најави за  дислокација на интервентната кардиологија во  болницата Св. Еразмо. Делот за рехабилитација работи нормално, вели директорката Афтовска Наумоска. Мината година тука престојувале 700 пациенти. Болницата во сегашните простории  функционира од декември 1993 година. Објектот на Заводот кој беше во сопственост на Сојуз на борци со одлука на  Врховниот суд  од крајот на 2013 година е доделен на Р. Македонија.
          

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top