Вевчанци Новата 2015 година ја дочекаа во мрак, револтирани формира Кризен штаб

Вевчанци Новата 2015 година ја дочекаа во мрак, револтирани формира Кризен  штаб.

 |  Јаковлева Лионела  | 
vevcani
vevcani

Вевчани е во вонредна состојба. За прв пат во послените 50 години се случува вевчанци Нова година ја дочекаат во мрак. Во Вевчани е тажно, 5 дена жителите се без струја, интернет и телефонска комуникација , отсечени од светот,  вели првиот човек на општината Цветомир Угриноски.
vevcani
„ Откажани се сите ресторани и хотели, а се очекуваа гости од странство и земјата, луѓето се во исчекување кога ќе добијат струја и ништо  не работи“, посочува Угриноски.

Градоначалникот Угриноски   за утре најави прес во Охрид  затоа што за тоа нема услови во Вевчани, за да  ги каже сите проблеми на неговите граѓани за кои вели дека секогаш е со нив и ги поддржува во сите одлуки. Вевчанци формираа кризен штаб  и испратија соопштение  до јавноста.

vevcaniВо него се вели
упатуваме јавен повик до најодговорните лица на ЕВН-Македонија во периодот од 10 до 15 јануари 2015 година да го посетат Вевчани во кој ќе биде одржан работен состанок. Доколку ЕВН-Македонија, одлучи да не одговори позитивно на овој јавен повик да дојде во Вевчани,тие  информираат дека граѓаните на Вевчани ќе дојдат пред седиштето на оваа компанија во Скопје и со нив  ќе ги донесат  сите расипани месни и други продукти.

 

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top