Охрид блокиран со првиот снег

Охрид блокиран со првиот снег.

 |  Валентина Неловска  | 
снег
снег

turistickaБлокирани патни правци кон Охрид, завеани автобуси и патнички возила, домаќинства без електрична струја, паднати дрва, бандери и кабли беше денешната зимска слика на Охрид по првиот снег. Околу 20 часа автобуси и патнички возила останаа завеани на Пресека, а 4 автобуси на Галеб останаа заглавени  на автобуската станица во Кичево. Раководителот  на АД Галеб, Димитар Василевски информира дека се водело грижа  патниците да не останат без грење, биле понудени со храна и пијалок, Колку што дозволувале можностите во тие услови се водело максимална грижа за патниците. Се правеле напори да се пробие патниот правец кон Демир Хисар и автобусите да го продолжат патот кон Охрид преку Битола. Во 14 часот еден од 4 автобуси пристигнал во Охрид. Снегот во градот наврна до 30 см , во околината и до 50 цм, во Дебрца снежната покривка достигнала до 80 цм ,а во струшка Малесија достигнала и 1,20 цм. Загрижен дедо се јави во ТВМ  Телевизија и апелира за помош до надлежните за спасување на завеани луѓе во Ржаново. Отсечени од светот се двајца возрасни луѓе и 15 годишно момче кои од вчера  се без струја, а се снабдени со храна за неколку дена. Од центарот за управување со кризи информираат дека акција за спасување ќе преземат утре со оглед на тоа што Локалната самоуправа во Струга  денес не работи заради прекинот со електрична струја. Нагласуваат дека од Македонија пат секција Струга не се во можност да интервенираат па се надеваат  дека ќе направат напори да интервенираат во Ржаново со помош на  други институици. За останатите  патни правци напоменуваат дека во Дебрца се интервенира со 5 возила и дека нема отсечени села од снежни наноси. За состојбата во Струга кажуваат  дека е прооден патниот правец кон Кафазан. Немаат контакт со јавните претпријатија за  состојбата со расчистување на градските улици. Стружани пак, коментираат дека со мошне мал интензитет се расчистуваат градските и приградските  улици.

Од Македонија пат секција Охрид за ТВМ изјавија дека располагаат со едно возило кое вчера им се расипало при интервенција на патниот правец кај Пресека, а денес интервенирале со две возила од трети лица на патните правци кај Ботун и Буково. Со максимални напори и  во координација со Кризните штабови од останатите јавни претпријатија работат на расчистување на патните правци. Интервенирале  на отстранување на паднатите дрва на патниот правец Охрид-Битола, кој се одвива отежнато и со задолжителна зимска опрема.

Засега патниот правец кон Св. Наум е во прекин, а сообраќајот се одвива до Пештани.    

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top