Ознака: секторот

ulici

Улиците во Охрид и охридско ќе добијат „фејслифтинг“

Post Views: 0 Охридските улици ќе доживеат сериозна преобразба до крајот на годинава. Критичните точки кои долго време чекаат реконструкција, според раководителот на секторот за сообраќај, Зоран Шикалески годинава ќе бидат санирани. Целосно нов лик ќе добие и една од најстарите улици во градов, „Абас Емин“. Асфалтирање и тампонирање на улици, поставување тротоари и улични рабници. Доколку се остварат зацртаните проекти на секторот за сообраќај, охридските улици до крајот на годинава ќе добијат вистински фејслифтинг. Критичните точки кои подолго време чекаат реконструкција, според...

Continue reading

sportska sala

Спортската сала во Велгошти за скоро ќе профункционира

Post Views: 1 Спортската сала во Велгошти според најавите на првиот човек на агецијата за млади и спорт за брзо време ќе биде ставена во функција. Директорот на агенција, Лазе Поповски истакна дека со здружени сили со локалната самоуправа се прават напори салата да профункционира. „Планирано е да се започне со санција и адаптација на тој спортски објект и се надевем дека и за таму ќе имаме разбирање како што имавме и за базенот.  За сега тоа што е во програмата, тоа ќе се реализира“, вели  директор на агенција за млади и спорт, Лазе Попоски. „Салата во Велгошти е изградена, но меѓутоа...

Continue reading

budget

Секторот за ТЛЕР нема пари ниту за карневалот Куратица ниту за Водици 2012

Post Views: 1 Осиромашена програмата за туризам и локален економски развој. Еден од клучните сектори за поттикнување на економските ефекти во градов, 2012 година ќе ја турка со двојно помал буџет. На вчерашната седница програмата за ТЛЕР беше една од најостро критикуваните. Опозициските советници се посомневаа во полезноста и ефектите на проектите на овој сектор. Вистинска непознаница е зошто општината одобри двојно помал буџет со оглед на фактот дека голем дел од манифестациите по кои Охрид е препознатлив, годинава ќе бидат осиромашени. „Годинава имаме големо намалување и немање...

Continue reading

Ohrid

ТЛЕР отворен за нови предлози од туристичките субјекти и претприемачите

Post Views: 1 Подобрување на инфраструктурата, поддршка на туристичките агенции, печатење на промотивен материјал за Охрид, учество на саеми и  бизнис манифестации се само дел од приоритетните планови за 2012 година на Секторот за туризам и локален економски развој. Од овој сектор информираат дека ќе продолжат во рамките на своите ограничени финансиски можности да дава  поддршка за развој на туризмот и на локалниот економски развој. Во предвид ќе ги земат сите проекти на заинтересираните апликанти доставени на нивна адреса. Времето покажува дека граѓаните се повеќе се обраќаат  до...

Continue reading

tler

Елшани доби пристапен пат до селскиот резервоар за вода

Post Views: 1 Елшанци здивнаа од еден проблемРешавањето на овој проблем е  само еден од повеќето инфраструктурни проблеми кои ги мачат елшанци. Тие бараат подобар асфалтен пат и водоводна мрежа. Градоначалникот ветува дека со добивањето  на  поголеми надлежности со влезот во втора фаза на децентрализација, Локалната самоуправа  и понатака ќе ги решава проблемите на граѓаните. Општина Охрид  ќе се грижи за  подеднаков развој на градските населби и   рурални средини,  потенцира градоначалникот.„Една држава оди напред кога секој граѓанин ќе се изјасни за трошењето  на парите од државната...

Continue reading

semejno nasilstvo

„Да излеземе од мракот на насилството”

Post Views: 1 „16 дена против насилството”. Во рамките на оваа светска кампања, се одржуваат трибини во десет градови низ Македонија меѓу кои  е и Охрид. Истите се организираат на локално ниво од страна на локалните невладини со подршка на институциите и организациите на ОН, присутни во земјава, објаснува Даниела Андоновска од невладината „Македонско женско лоби“. „Верувам дека со овие кампањи и трибини кои ги спроведуваме дека ќе се подигне свеста на широката јавност на целокупното население на мажите на жените кои во најголем број од случаевите кои се пријавени се всушност...

Continue reading

zdravstven dom

Ќе има ли пари за градба на нова поликлиника?

Post Views: 13 Останува и понатака  неизвесноста дали ќе се гради  нова поликлиника во Охрид, најавувана како повеќе од потребна за охриѓани. Спорот што во април  годинава се случи помеѓу ЈЗУ Здравствен дом и секторот за урбанизам  околку  издавњето на дозвола за  градба доби разрешница.  Второстепната комисија одговори на жалбата која ја вложи ЈЗУ Здрвствен дом дури по 5 месеци.Со ова решение на Миниетрството за транспорт и врски  се потврдува дека секторот за урбанизам со издаденото негативно решение во април заради некомплетна документација доставена од раководството на оваа установа ...

Continue reading

zgrada

Кој гради на „Видиковец“?

Post Views: 1 Индивидуална станбена зграда која се гради во стариот дел на Охрид на местото познато кај Охриѓани како Видиковец, затрупува базилика и темели од црквата Св Тројца. Жителите од ул. Климентов универзитет очајнички бараат помош од надлежните со цел да се стопира градбата на овој габаритен објект. Велат се обративме до сите инспекциски служби, но реакција од никаде. Очигледно оваа градба има посебен третман, додаваат тие. Но, на реакциите денеска се огласи Бранко Арнаудов раководителот на секторот за урбанизам при локалната самоуправа, кој потврдува дека пред неколку години...

Continue reading

Вонреден режим на сообраќај поради претседателскиот самиот

Post Views: 9 Со цел безбедно и непречено одвивање на планираните средби и програмските активности во рамки на Регионалната средба на претседателите на Македонија, Црна Гора, Албанија и Косово што денеска и утре се одржува во Охрид, Секторот за внатрешни работи – Охрид презеде серија оперативно-тактички мерки. Мерките на охридската полиција првенствено се однесуваат на физичко обезбедување на објектите и просторот за време на посетата на претседателите и нивните делегаци, но и привремено ограничување на движењето на моторни и друг вид на возила со физичко регулирање на сообраќајот,...

Continue reading

Proakva

Општина Охрид со уште едно ново ЈП

Post Views: 19 Се е подготвено за формирање на новото ЈП „Водовод Охрид“, Охрид. Како 14 точка на дневен ред за утрешната седница на Советот на општина Охрид, е закажана предлог-одлуката за основање на новото ЈП за собирање, обработка и снабдување со вода. Со ова се реализира најавата на градоначалникот на Охрид Александар Петрески, кој пред нецели два месеци за ТВМ  образложи зошто се налага потребата од формирање на ново ЈП. Покрај тоа, Петрески уште тогаш го спомна и името на  директорот на новото ЈП. „Точно е тоа, дека од порано сме договорени кога ќе се формира ЈП „Водовод Охрид“,...

Continue reading

stara hartija

Охриѓани не го поминаа тестот за екологија

Post Views: 8 Секторот за урбанизам и заштита на животна средина согласно своите активности годинава за прв пат спроведе помасовна акција за собирање на стара хартија. Целта е прво да се подигне свеста кај населението, а се започна од учениците во основните и средните училишта. „ Се знае дека населението, нивната свест се подига почнувајќи од најмладите генерации и токму поради тоа акцијата ја правиме со таа целна група. На овие  локации сите кои сакат да се ослободат од старата хартија може да ја одложат таму и истата ќе биде подигната од купувачот на овој тип на отпад.   Оваа акција...

Continue reading

bilbordi

Нови билборди, стари локации

Post Views: 7 Станува збор локациите кои општината ги даде на закуп во мартовскиот јавен оглас. Од вкупно понудените 104 локации, беа закупени 97, а закупувачи се фирмите Акцент медиа и Лазов груп. Од општината велат дека сите билборди се легално поставени, и дека нема билборд кој е надвор од објавениот оглас. Охриѓани во изминативе 2 месеци постојано здогледуваат по некој нов билборд. После јавниот оглас кој го објави општината во месец март, на неколку локации никнаа нови билборди. Овие билборди имаат прилично големи димензии па лесно паѓаат во окото на граѓаните. Токму поради тоа,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top