Ознака: секторот

svr

Пиротехничките средства, неизоставен дел од новогодишните празници

Post Views: 2   Звукот на петардите по се изгледа ќе го одбележат и овој дочек на Новата година. Деновиве насекаде по градов може да се слушне како некој се забавува пукајќи со овие опасни пиротехнички средства. Поради тоа од Секторот за внатрешни работи Охрид вршат интензивни и засилени  контроли на физички и правни лица со цел пронаоѓање на овие пиротехнички производи.Деновиве акции беа изведени во Охрид, Струга, Кичево и Дебар, при што беа пронајдени и одземени околу 28 000 парчиња најразновидни петарди и низа други  пиротехнички средства нелегално набавени и наменети за понатамошна...

Continue reading

trotoari

Охрид, град на раскопани тротоари

Post Views: 6 Добре дојдовте во Охрид, градот на УНЕСКО, но и на раскопаните тротоари. Западниот влез во градов воопшто не асоцира дека влегувате во некој туристички центар туку како да сете стигнале во некоја селска населба. Трње од сите страни на патот, раскопани тротоари и прашина, се жалат граѓаните кои токму таму живеат. Тие велат дека сликата не е изменета повеќе од 20 год. Миле Кипариз, наш сограѓанин кажува дека веќе 16 години живее во овој дел од градот и ништо не е изменето освен што се ставил асвалт на детското игралиште близу до стамбените згради. На тротоарите пак не...

Continue reading

trotoari

Улицата „Питу Гули“ заборавена од надлежните

Post Views: 0   Улицата „Питу Гули“ заборавена од надлежните. Ова го тврдат граѓаните кои живеат на оваа улица која се протега од кружниот тек кај болницата па се до новата автобуска станица. Тие додаваат дека оваа улица е многу прометна како за сообраќај така и за пешаци посебно сега кога започна учебната година, а тука се наоѓа едно од најголемите основни училишта, „Христо Узунов“. Учениците сакаат што побрзо да се направат тротоарите за да не газат во дупки. Повозрасните пак велат дека улицата наликува на селски пат. Од Секторот за коминален развој објаснуваат дека „Питу Гули“...

Continue reading

konmcert

Дали Охрид ќе си го добие својот локален културен бренд?

Post Views: 5 Во Охрид нема културна манифестација која целосно е под капата на Локалната самоуправа и која е  препознатлив бренд за градов. Иако, посебно во летниот период секојдневно се случуваат некакви фестивали, било фолклорни или забавни, а за вистина на волјата не е мал бројот и на концертите на разноразни пеачи од секаков калибар, на градов преку му е потребна една манифестација која ќе го отсликува Охрид и неговото градско пулсирање.  Секоја чест и респект кон полувековното постоење на фестивалот Охридско лето и Балканскиот фестивал, но тие се финансирани од страна на државата....

Continue reading

lokalna

Станоиздавачите да поднесат барања за категоризација

Post Views: 3 Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид, ги информира станоиздавачите на кои им е истечена важноста на Решенијата за категоризација, дека треба да поднесат ново барање за утврдување на минимално-техничките услови и продолжување на решението за извршена категоризација на угостителски објекти за сместување од мал обем. Барањето се поднесува во Секторот за туризам и локален економски развој, со седиште во просториите над УНИ банка (втор кат ) . За подетални информации граѓаните можат да се обратат на телефоните 046/ 230 175 и 230 455.  

Continue reading

plostad

Летото се ближи, а со тоа и гужвите во градов

Post Views: 2 Донесена новата програма за поставување урбана опрема. Тихомир Дурнев, од Секторот за урбанизам вели дека и ова лето ќе има столици и маси пред локалите, определени се местата каде ќе се продаваат уметнички слики и сувенири, но тврди дека летово нема да се продава храна на отворено.Локациите на кои ќе се поставува урбаната опрема, како и детските реквизити како замоци ,количиња, вовчиња и др. во многу зависат и од новиот сообраќаен режим кој ќе важи во летниот период. Пред неколку дена беше поставен еден замок на место на кое со новиот режим за сообраќај ќе биде сообраќајница....

Continue reading

Lukrecija Maljkovic Atanasovska

Љубезен персонал за љубезни гости

Post Views: 27 Се чини помина времето кога Охриѓани важеа за најгостопримливи домаќини. Работите како да фатија некоја удолница, но за среќа има и светли точки. Угостителите од градов сложно прифатија дека некои нешта треба да се променат за да ни тргне работава. Ако не сите, тогаш повеќето угостители, седнаа на иста маса и учеа бон-тон од Агенцијата за протокол. Дел од нив сметаат дека ова што се предава на обуката не е ништо ново, но дека навистина му е потребно на градот. „Бадијала е ако еден угостител отворил врвен локал, најдобар, а персоналот не му е обучен. Ова ни недостигаше...

Continue reading

Goce Simonoski TLER

Нови решенија за малите станоиздавачи

Post Views: 1 Станоиздавачите од мал обем категоризирани во 2009 година треба да добијат нови решенија. Три години е важноста на претходно издадените, а нивните сопственици мора да ги продолжат според датумот на издавање. Оние станоиздавачи кои нема да ги обноват своите решенија, нема да имаат право да ја вршат својата дејност. Од секторот за туризам и локален економски развој велат дека доколку има некакви квалитативни измени во условите кои ги нудат станоиздавачите, не мора да чекаат три години за да достават барање за категоризација. Истото можат веднаш да го достават, а комисијата...

Continue reading

angelovski zoran

Четири хотели ќе никнат во НП Галичица

Post Views: 0 Идејата и проектот е на Министерството за транспорт и врски. Од таму уште во 2010 год од НП Галичица побарале информација за одредување на локации на кои би можеле да се изградат сместувачките капацитети. Изборот кој го предложиле од паркот се локации во населени места, поточно не во строго заштитената зона, населбата Коњско на преспанска страна, во селото Коњско на Охридска страна, на Корита. „ Согласно планот за управување и проектниот план кој е изработен во НП вакви активности се дозволени единствени во зоната за одржливо искористување. Оваа зона ги опфаќа населените...

Continue reading

Goce Simonoski

Туристичките агенции од Охрид лути на Локалната

Post Views: 6 Туристичките агенции од Охрид лути на Локалната. Поголемиот дел од нивните сопственици тврдат дека таа има селективен однос и дека за некои  е мајка а за други маќеа. Ваквата реакција е резултат на тоа што за учество на  саемот во Белград кој се одржа неодамна од Секторот за локален економски развој не добиле никаква покана. Од десеттината локални  агенции кои работат во Охрид, официјално била поканета само една.  Филип Стефаноски, регионалниот директор на Т.А. „Летс травел“ вели дека покана од официјални лица кои работат во туристичката бранша и од Локалната самоуправа...

Continue reading

poseta Turcija

Охридска делегација во посета на Турција

Post Views: 0 Претставници на Општина Охрид, Кујтим Усеини член на општинскиот совет и Илкер Мустафа од секторот за туризам и ЛЕР остварија посета на збратимените градови Сафранболу и Јалова во Турција. Тема, реализација на заеднички проекти на овие збратимени општини. Првиот проект ќе се реализира помеѓу охридското ОУ „Братство и единство“ и приватното основно училиште „Билкент“ од Сафран Болу. Охридската делегација во текот на официјалната  посета на  Сафранболу имаше средби со градоначалникот Д-р Неждет Аксој и неговите соработници на кои  се разговараше  за рализација на заеднички...

Continue reading

raskrsnica

Наместо семафори, четири кружни текови на „Туристичка“

Post Views: 3 Семафорите од ракрсниците на булеварот „Туристичка“ ќе заминат во историјата. Доколку се реализира програмата за уредување на градежното земјиште за 2012 година, наместо семафори, ќе никнат кружни текови. Од секторот за сообраќај при општина Охрид со објаснување дека на овој начин ќе се зголеми безбедноста, но и ќе се олесни протокот на возила на овие раскрсници. Наместо семафори, на „Туристичка“ четири кружни текови ќе го регулираат сообраќајот. Или барем вака ќе биде, доколку се реализира делот од програмата за уредување на градежно земјиште за 2012 година, кој се...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top