Охридска делегација во посета на Турција

Претставници на Општина Охрид, Кујтим Усеини член на општинскиот совет и Илкер Мустафа од секторот за туризам и ЛЕР остварија посета на збратимените градови Сафранболу и Јалова во Турција.

 |   | 
poseta Turcija
посета Турција

poseta TurcijaПретставници на Општина Охрид, Кујтим Усеини член на општинскиот совет и Илкер Мустафа од секторот за туризам и ЛЕР остварија посета на збратимените градови Сафранболу и Јалова во Турција.

Тема, реализација на заеднички проекти на овие збратимени општини. Првиот проект ќе се реализира помеѓу охридското ОУ „Братство и единство“ и приватното основно училиште „Билкент“ од Сафран Болу.

poseta Turcija

Охридската делегација во текот на официјалната  посета на  Сафранболу имаше средби со градоначалникот Д-р Неждет Аксој и неговите соработници на кои  се разговараше  за рализација на заеднички проекти. Во име на градоначалникот на Охрид Александар Петрески, Градоначалникот  и Гувернерот на Општина Сафранболу беа поканети на официјална посета на Охрид. По средбата со Градоначалникот на општина Јалова и членовите на Советот на Општината се разговараше за заеднички апликации на проекти и за  фестивалот кој се одржува во Јалова за време на  летниот период, на кој  Охрид ќе учествува по трети пат.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top