Ознака: секторот

ruralen turizam

Локалната самоуправа ќе става поголем акцент на руралниот туризам

Post Views: 9 Локалната самоуправа преку Секторот за туризам и локален еконоски развој ќе посветува поголемо внимание на развојот на руралниот туризам. Во таа насока тие аплицирале со три конкретни проекти до Агенцијата за подршка на руралниот развој, за кои изразија надеж дека ќе им бидат одобрени. Сепак со повеќе детали околу содржината на проектите велат дека ќе излезат откако ќе добијат зелено светло од Агенцијата. Раководителот на секторот за туризам и локален економски развој, Ѓоко Апостолоски вели дека како дел од активностите за развој на руралниот туризам веќе пристапиле...

Continue reading

kukarki

Почна монтирањето на унифицираните куќички

Post Views: 8 Започна монтирањето на  унифицираните монтажни куќички за продажба на сувенири, подарок од Министерството за култура. Во овие времени објекти ќе се продаваат сувенири – копии на археолошки наоди од Македонија, како и промотивен материјал на Охрид. „Куќарките ќе се постават на три локации. Една на градскиот плоштад, една на плоштадот Крушевска република а за третата допрва Секторот за урбанизам ќе одлучи на која локација ќе биде ставена„, вели Томе Џамтоски-портпарол на Локална самоуправа Од Секторот за локален економски развој велат дека материјалите и сувенирите...

Continue reading

belo leto

Годинава за прв пат „Бело лето“ во Охрид

Post Views: 9 Оваа сабота ќе биде првата „бела ноќ“ во Охрид. Локалната самоуправа заедно со секторот за туризам и локален економски развој „Белото лето“ ќе го искористат за да го означат и официјалниот почеток на летната туристичка сезона. Од локалната велат дека од објективни причини оваа манифестација годинава се одржува на 6ти јули. За од наредната година најавуваат дека таа ќе се одржува или на крајот од мај или на почекот на јуни како би се пролонгирала летната туристичка сезона. Главна ѕвезда на саботната „бела ноќ“ која ќе се одржи на градскиот плоштад, ќе биде македонското...

Continue reading

stolovi kafeterii

Поставувањето на маси и столови пред угостителските објекти ќе се наплаќа по зони

Post Views: 2 Од ова лето, угостителите, за поставување на маси и столови пред нивните објекти ќе плаќаат според посебно одредени зони од страна на Секторот за урбанизам при локалната самоуправа. Ова е одлука која беше изгласана на последната седница на Советот на општина Охрид, а се однесува утврдувањето на зоните, но и висината на цените кои ќе ги плаќаат угостителите за краткотраен закуп на уредено градежно земјиште за поставување урбана опрема, односно маси и столови. „Зонирањето е во три зони, тоа е уредено по улици. Првата зона се плаќа 300 денари, втората зона 200 и третата...

Continue reading

zgradi

Нерегистрираните станоиздавачи, најголемите непријатели на охридскиот туризам

Post Views: 5 Иако во Охрид постојат околу 2000 регистрирани станоиздавачи, сеуште огромен е бројот на викенд становите, кои што во текот на годината се напуштени, не се одржуваат, но функционираат два или три месеци за време на летната сезона и со тоа  стануваат нелегална конкуренција за сите оние кои што регуларно се занимаваат со туристичка дејност. Штетата која од ова ја трпи туризмот како главната стопанска дејност во нашиов град, е огромна. Во Законот за такса за привремен престој, децидно е наведено дека од плаќање на туристичка такса ослободен е сопственикот на сместувачкиот...

Continue reading

ohrid

Првата „Бела ноќ“ Охрид ќе ја доживее на 6-ти јули

Post Views: 1 Во координација со претставници на хотелско-угостителските објекти од нашиов град, Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид, го иницира одржувањето на овој културен настан, чијашто цел е преку збогатување на туристичката понуда да се зголеми бројот на туристи во овој период од летната туристичка сезона. „На мое огромно задоволство и посетеноста на самиот состанок беше огромна и реакцијата беше фантастична, затоа што сите без никаква примедба ја прифатија оваа иницијатива, се сложија да ги исполнат оние обврски кои се преземени од нивна страна...

Continue reading

taxi

Ценовник за секое такси возило

Post Views: 17 Црвена налепница со ценовник за секое такси возило. Локалната самоуправа реши да се справи со дел од охрисдските таксисти, кои на туристите им наплатуваат повисоки од утврдените цени, но и за оние таксисти, кои за охриѓани не го подмрднуваат своето возило од место за кратките дестинации. Секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески вели дека до Локалната самоуправа стигнале многу поплаки од граѓаните и туристите кои биле мета на неразумните таксисти. „Со цел да се спречи таа негативна појава за нашиот град и со тоа да се остави позитивен впечаток, ние како Локална...

Continue reading

invest in ohrid

Со брошурата „Инвестирајте во Охрид“ ќе привлекуваме странски инвестиции

Post Views: 2 „Invest in Ohrid“, краток и јасен наслов за брошурата која ја подготвува секторот за туризам и локален економски развој за привлекување на странски инвестиции. Во неа ќе бидат систематизирани сите материјали и податоци со кои располага општина Охрид во однос на интересот на странските инвеститори. Досега, во работната верзија се вметнати податоците за локациите и проектите кои се во сопственост на општината, а од денес стартуваше и јавниот повик до сите заинтересирани граѓани кои имаат некоја нереализирана бизнис идеја која би можела да се вметне во брошурата. „Со јавниот...

Continue reading

kombajn

ТЛЕР ќе ги помага охридските земјоделци со посебна канцеларија за поддршка

Post Views: 3 Земјоделството станува дел од клучните аспекти на локалниот економски развој на општината. Денес, секторот за туризам и локален економски развој доби канцеларија за подршка на земјоделието. Ова посебно советодавно тело кое ќе работи во рамките на секторот за ТЛЕР, ќе дава и административна, но и стручна подршка за земјоделците од Охрид и охридско. Од ТЛЕР велат дека со отворањето на канцеларијата очекуваат уште поголема активност во промоцијата и подршката на земјоделците. „И досега во ТЛЕР се работеше на тековни активности од областа на земјоделието, на прашања поврзани...

Continue reading

akcija otpad

Започна акцијата за собирање отпад од електрична и електронска опрема

Post Views: 1 И годинава општина Охрид преку секторот за урбанизам и заштита на животна средина 22 април денот на планетата земја го одбележува со спроведување на традиционалната акција за собирање отпад од електрична и електронска опрема. Акцијата која започна денска  ќе се спроведува до сабота на две локации. Едната на полигонот за мали спортови  и другата локација кај  „АКУМА ТРЕЈД“  на патот за Лескоец. „Граѓаните кои имаат ваков отпад, стари компјутери, монитори, процесори, тастатури глувчиња и други мали апарати од домаќинството да ги донесат тука и на тој начин ќе се ослободат...

Continue reading

VMRO DPMNE kancelarija

Работата на Секторот за локален економски развој ставена под лупа на кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија

Post Views: 3 Секторот за локален економски развој тема на денешната прес конференција на Никола Бакрачески, кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ. Бакрачески потенцира дека и после осум години овој сектор сеуште е на ниво на хипотези, теории и дисертации. Тој додаде дека луѓето кои го водат овој сектор  досегa не донеле ниту една реална инвестиција ниту пак направиле некој посериозен проект за развојот на градот. Бакрачески рече дека за да се остварат овие предуслови и да се забрза локалниот економски развој  во нивната програма предвидени се неколку  сериозни проекти. Тоа пред...

Continue reading

OK VMRO DPMNE

Работата на ТЛЕР тема на пресс во ОК на ВМРО ДПМНЕ

Post Views: 3 Портпаролот Митровиќ денеска на пресс конференција запраша што всушност се случуваше со проектот „Духот на Охрид“ и дали се подметнуваа ГИС апликациите на приватната фирма на близок роднина на Раководителот на Секторот ЛЕР во разни проекти.„Во колажот на неуспешното работење на Локалната самоуправа Охрид,  посебно и врвно место има секторот за Локален економски развој и туризам на Општина Охрид.  Сектор во кој зад себе во овие 8 години врие од неспособност но и од голем број необјасливи проекти предводени  пред се  од раководителот на Секторот“, истакна на денешната...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top