Работата на ТЛЕР тема на пресс во ОК на ВМРО ДПМНЕ


Работата на локалната самоуправа и секторот за Локален економски развој тема на пресс во ОК на ВМРО ДПМНЕ.

 |  Маленкова Татјана  | 
OK VMRO DPMNE
ОК ВМРО ДПМНЕ

Портпаролот Митровиќ денеска на пресс конференција запраша што всушност се случуваше со проектот „Духот на Охрид“ и дали се подметнуваа ГИС апликациите на приватната фирма на близок роднина на Раководителот на Секторот ЛЕР во разни проекти.
„Во колажот на неуспешното работење на Локалната самоуправа Охрид,  посебно и врвно место има секторот за Локален економски развој и туризам на Општина Охрид.  Сектор во кој зад себе во овие 8 години врие од неспособност но и од голем број необјасливи проекти предводени  пред се  од раководителот на Секторот“, истакна на денешната пресс конференција портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Никола Митровиќ.

„Посебно остана необјаснето, но може да биде дополнително истражено, што всушност се случуваше со Nikola Mitrovikпроектот „Духот на Охрид“ и дали се подметнуваа ГИС апликациите на приватната фирма на близок роднина на Раководителот на Секторот ЛЕР во разни проекти. Заради манипулациите со овие проекти  Охрид е речиси исклучен од многу од програмите на меѓународните организации и фондови.
Манипулација која се пласира деновиве дека Секторот аплицирал до некои фондови е обид за алиби на ОПШТИНАТА ОХРИД  и обид да ги забошоти наведените проекти и да го покрие  срамот и злоупотребата на средствата од Општината, нанесен со скандалот со брошурата која со стари податоци и стари фотографии се презентираше на светски туристички саем“, истакна портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Никола Митровиќ.

Општината мора да и објасни на јавноста, додаде Митровиќ, каде се слеваат околу 3 милиони денари буџетски средства годишно од програмите за туризам и ЛЕР кои се одвојуваат само за пропаганден материјал, кога се гледа дека парите се потрошени, а  се промовира стар материјал. За таквиот скандал МОРА некој во Општината да понесе одговорност иако во Локалната не го знаат значењето на тој збор, додаде портпаролот на ОК.

Nikola Mitrovik„Одамна е евидентно дека парите на програмите ЛЕР и туризам се користат само за патувања, дневници и репрезентации. Во 8 години единствена активност на Општината на полето на туризмот беше Ѓомлезијадата која не веруваме дека чини 11 милиони денари, колку што просечно изнесува целиот буџет на Секторот ЛЕР и туризам годишно. Прикажувањето на аплицирање како успех на Секторот ЛЕР со изјава е тотална несериозност, провокација кон граѓаните и ароганција во обид  да се затскријат сомнителните активности во овој Сектор и скандалот и срамот со учество на саеми со старите брошури. Работењето на Секторот ЛЕР секако дека мора  да биде и ќе биде  предмет на посебна ревизија за тоа како Охрид од туристички центар е сведен на еден Дух и една Ѓомлезијада“, додава портпаролот Митровиќ.

Митровиќ додаде дека градоначалникот Александар Петрески го имал овој свој кадар во вид на раководител во ЛЕР како свој најзаштитен соработник  и апсолутно негова е одговорноста за тоталното фијаско на туризмот во Охрид. „Ете таков беше тимот на Петрески во овие 8 години кои со негов амин го уништуваа Охрид. Одбројуваме….Им остануваат само уште 40 дена“, заврши Митровиќ

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top