Улиците во Охрид и охридско ќе добијат „фејслифтинг“

Охридските улици ќе доживеат сериозна преобразба до крајот на годинава. Критичните точки кои долго време чекаат реконструкција, според раководителот на секторот за сообраќај, Зоран Шикалески годинава ќе бидат санирани. Целосно нов лик ќе добие и една од најстарите улици во градов, „Абас Емин“.

 |  Мишел Наумоски  | 
ulici
улици

Охридските улици ќе доживеат сериозна преобразба до крајот на годинава. Критичните точки кои долго време чекаат реконструкција, според раководителот на секторот за сообраќај, Зоран Шикалески годинава ќе бидат санирани. Целосно нов лик ќе добие и една од најстарите улици во градов, „Абас Емин“. Асфалтирање и тампонирање на улици, поставување тротоари и улични рабници. Доколку се остварат зацртаните проекти на секторот за сообраќај, охридските улици до крајот на годинава ќе добијат вистински фејслифтинг. Критичните точки кои подолго време чекаат реконструкција, според раководителот на секторот за сообраќај, Зоран Шикалески, до крајот на 2012 ќе бидат санирани. Во програмата за уредување на градежното земјиште за 2012 година, предвидено е да се изврши санација на улиците „Илинденска“, „Партизанска“, „Димитар Влахов“, „Богомилска“ и повеќе други улици.

„Во програмата исто така е предвидено и реконструкција на улицата „Абас Емин“ која што знаете е најстара улица во градот и на оваа улица ќе работиме по теркот како што работевме на улицата Даме Груев каде што извршивме промена на канализациона мрежа, промена на водоводна мрежа, инсталирање на дождовна канализација и целосно асфалтирање и изведба на тротоари.“-вели Зоран Шикалески-Раководител на секторот за сообраќај.

Покрај градските улици, санација ќе добијат и улици во населените места во Охридско, пред се во Лескоец, горно и долно Лакочереј како и Велгошти, каде што поради поставување на канализациона мрежа улиците сеуште се раскопани. Токму за овие места, граѓаните имаат и најмногу забелешки.

dupki„Кога се поставува канализација некаде ископот е до 1 метар, некаде метар и пол, некаде две метра зависи од теренот и согласно тоа и стабилизацијата на самиот терен каде што се вршеле ископи, на некои места побрзо се врши стабилизација, на некои покасно. Сите овие улици во Велгошти што ги оставивме како неасфалтирани во текот на 2011 ги оставивме од причина што таму земјиштето не беше стабилизирано за да извршиме ние санирање. Во текот на 2012 година ние ќе го извршиме санирањето во Велгошти, во Лескоец е целосно завршено санирањето.“-рече Шикалески.

Шикалески како еден од приоритетите за 2012 година ја наведе целосната реконструкција на „Илинденска“, во стариот дел на градот, каде во текот на летото гравитираат голем број на туристи. Според програмата, најавено е поставување на атмосферска канализација, како и промена на канализационата мрежа и целокупната подлога на оваа улица.
При разгледувањето на програмите за уредување на градежното земјиште за 2011 и 2012 година, не може а да не се забележи пресликување на дел од зафатите од минатата година. Според Шикалески, тоа се должи на фактот што некои од зафатите се започнати во 2011 година и сеуште се во тек.  
Дали и колку од зафатите наведени во програмата навистина ќе бидат реализирани, ќе мора да почекаме и да видиме. Сепак, реакциите од граѓаните ќе ги потсетуваат надлежните за тоа на кои улици во градов очајно им е потребна санација.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top