ТЛЕР отворен за нови предлози од туристичките субјекти и претприемачите

Подобрување на инфраструктурата, поддршка на туристичките агенции, печатење на промотивен материјал за Охрид, учество на саеми и  бизнис манифестации се само дел од приоритетните планови за 2012 година на Секторот за туризам и локален економски развој.

 |  Валентина Нелоска  | 
Ohrid
Ohrid

Goce SimonoskiПодобрување на инфраструктурата, поддршка на туристичките агенции, печатење на промотивен материјал за Охрид, учество на саеми и  бизнис манифестации се само дел од приоритетните планови за 2012 година на Секторот за туризам и локален економски развој. Од овој сектор информираат дека ќе продолжат во рамките на своите ограничени финансиски можности да дава  поддршка за развој на туризмот и на локалниот економски развој. Во предвид ќе ги земат сите проекти на заинтересираните апликанти доставени на нивна адреса. Времето покажува дека граѓаните се повеќе се обраќаат  до нашето оддление вели раководителот на Тлер, Гоце Симоноски.
kejПокрај поддршката на локалниот економски развој и учество на претприемачите на маркетинг промоции и саеми, продолжува поткрепа и на проектите од областа на туристичкиот развој. Продолжуваат  проектите со ѓомлезијадата, подобрување на условите на станоиздавачите од помал обем на сместување, промотивен материјал со водич низ градот и културните манифестации. Нов проект се планира  и за туристичките агенции кои се определуваат за ин каминг туристи во Охрид појаснува Симоноски.
Иако приоритетите на Секторот се определени  тие оставаат можност и за нови предлози. Со туристичките субјекти и претприемачи од мал и среден обем  утре е закажана јавна расправа за нивната развојна програма за 2012 година. 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top