Спортската сала во Велгошти за скоро ќе профункционира

Спортската сала во Велгошти според најавите на првиот човек на агецијата за млади и спорт за брзо време ќе биде ставена во функција. Директорот на агенција, Лазе Поповски истакна дека со здружени сили со локалната самоуправа се прават напори салата да профункционира.

 |  Татјана Маленкова  | 
sportska sala
sportska sala

Спортската сала во Велгошти според најавите на првиот човек на агецијата за млади и спорт за брзо време ќе биде ставена во функција. Директорот на агенција, Лазе Поповски истакна дека со здружени сили со локалната самоуправа се прават напори салата да профункционира.

„Планирано е да се започне со санција и адаптација на тој спортски објект и се надевем дека и за таму ќе имаме разбирање како што имавме и за базенот.  За сега тоа што е во програмата, тоа ќе се реализира“, вели  директор на агенција за млади и спорт, Лазе Попоски.

„Салата во Велгошти е изградена, но меѓутоа во фунција како објект никогаш не била во целина и имаме сознанија дека истата за скоро време треба да се реновира и најверојатно откако ќе се реновира ќе биде предадена во сопственост на ООУ Живко Чинго“, вели  раководителот на секторот за образование при локалната самоуправа, Серафим Наумоски.

Serafim NaumoskiРаководителот на секторот за образование при локалната самоуправа, Наумовски додаде дека скоро во сите училишни фискултурни сали со кои располага општина Охрид, поточно основните училишта се извршени реконструкции и модернизирани се. Тој потенцираше дека минатата година започна и изградбата на нова фискултурна сала во селото Пештани, а сега истата е скоро готова. Наумовски потенцираше дека училишните сали во ООУ Св. Климент Охридски, Христо Узунов, двете сали во Основните училиште Братство единство се реновирани и се во Функција, како и салата во ООУ Григор Прличев која е скоро нова.
Од основните училишта во Општина Охрид  фискултурни сали нема во ООУ Живко Чинго во село Велгошти, Кочо Рацин во нас. Радојца Новичиќ и ООУ Ванчо Николески во Лескоец.

sportska sala„Во план сме и за овие училишта да изградиме нови сали но треба да напомениме дека  согласно програмата на владата на Македонија опфатени се училиштата Кочо Рацин, каде е предвидено да се изгради сала од помал тип. Просторот веќе го имаме во рамките на училишниот двор додека во средните училишта во св Климент Охридски имаме две сали во Гимназиската сала и во зградата на Економското училиште и напоменуваме дека и двете се во добра состојба“, додаде Наумоски.

Според раководителот на секторот за образование при локалната самоуправа проблем за локалната останува немањето на училишна спортска сала во ОСУ ЕМУЦ – Св Наум Охридски, но се надеваат дека и тој проблем за скоро ќе биде решен со проектот на агенцијата за млади и спорт, но најпрво треба да се решат имотно правните односи. Со истиот владин проект спортска сала треба да добие и средното угостителско училиште Ванчо Питошески.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top