„Да излеземе од мракот на насилството”

Е мотото под кое е одржана јавна дебата во организација на Локалната Агенција за развој од Струга и Општинската организација на Црвен Крст од Охрид.

 |  Крсте Голабовски  | 
semejno nasilstvo
semejno nasilstvo

semejno nasilstvo„16 дена против насилството”. Во рамките на оваа светска кампања, се одржуваат трибини во десет градови низ Македонија меѓу кои  е и Охрид. Истите се организираат на локално ниво од страна на локалните невладини со подршка на институциите и организациите на ОН, присутни во земјава, објаснува Даниела Андоновска од невладината „Македонско женско лоби“.

„Верувам дека со овие кампањи и трибини кои ги спроведуваме дека ќе се подигне свеста на широката јавност на целокупното население на мажите на жените кои во најголем број од случаевите кои се пријавени се всушност оние кои го вршат насилството, додека во 98% жртви на насилството се жените“ додава Андоновска.

Инаку за поздравување е иницијативата која невладиниот сектор е подготвен да ја покрене, односно иницијативата за кодификација на посебен закон за семејно насилство, бидејќи кај нас семејното насилство е регулирано со кривичниот законик преку Законите за семејство и Законот за семејна заштита. Меѓутоа во европските земји и воопшто во светот постојат закони кои токму го регулираат семејното насилство. Од невалдиниот сектор се надеваат дека ќе успеат да ја излобираат оваа иницијатива како и на позитивен одговор од институциите во земјата. Понатака многу важен сегмент е ресоцијализацијата на жените жртви на семејно насилство бидејќи понатака е важна нивната социјалната интеграција како и  економскиот фактор, односно економската независност на жртвата, вели Андоновска.

semejno nasilstvo„Владата има своја програма во која е вклучена ресоцијализацијата, односно има програма за субвенционирано вработување на жените жртви на семејно насилство. Согласно таа програма бизнис секторот е должен да ги вработи жените жртви на насилство со тоа што првите 6 месеци се субвенционирани од страна на државата, а потоа бизнис секторот е обврзан да ги задржи на работното место уште 12 месеци“ вели Андоноска.

Последниве години е подигната свеста кај жената жртва па се пријавуваат се поголем број на случаи, што покажува не дека е зголемен бројот на случаите туку дека е зголемен бројот на пријавените случаи. На дебатата учетвуваа претставници од повеќе НВОа од целата држава, претставници од Комисиите за еднакви можности на мажите и жените, претставници од секторите за превенција при СВР и други заинтересирани граѓани од Охрид, Струга и Вевчани.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top