Ознака: светскиот

Исламската држава со нова закана: “ќе се повтори 9/11”

Post Views: 2 Исламската држава објавила ново видео во кое предупредуваат дека нема безбедност за ниеден Американец на светот и тврдат дека САД ќе гори во уште еден напад како оној 9/11. Во видеото наречено “ќе ја запалиме Америка” ги повикува приврзаниците на Исламската држава да ја нападнат САД одвнатре, тврдејќи дека безбедноста на нејзините граѓани е фатаморгана, пишува Daily Mail. Во видеото се претставени и некои од најкрвавите злосторства на милитантите како што е обезглавувањето на James Foley, неколку масовни сечења на глави и стравичното палење на јорданскиот пилот Muahd...

Continue reading

Ohrid

Македонија земја на гостопримството

Post Views: 2 Светскиот економски форум, во својот најнов извештај ја прогласи Македонија за четврта земја во светот според гостопримливоста за туристи. Меѓу бројните анализи објавени во “Travel and Tourism Competitiveness Report 2013” има и рангирање на земјите според “Односот на популацијата кон посетителите од странство.” Најпријателска држава за туристи во светот е Исланд, Нов Зеланд е на второ, Мароко е на трето, а зад нас на петтото место е Австрија. На другата страна на листата, како најмалку пријателски расположена кон туристи е наведена Боливија, а...

Continue reading

romi

Во Македонија се одбележува Светскиот ден на Ромите

Post Views: 28 На денешен ден се одбележува светскиот ден на Ромите во чест на првиот Светски конгрес на Ромите, одржан од 8-12 април 1971 година во Лондон и тоа е еден од најважните датуми во историјата на овој народ. На тој датум на конгресот се стретнаа претставници на Ромите од 14 земји во светот. Како една од најважните усвоени одлуки се одлуката за ромско знаме и официјална химна. Ромското знаме во долниот дел има зелена боја која ја симболизира земјата, а горниот дел е обоен со сина боја која го симболизира небото. Црвеното тркало кое се наоѓа во средина на знамето ги претставува...

Continue reading

Шарени чорапи за светскиот ден на лицата со Даунов синдром

Post Views: 7 Анастазија Жупан е млада девојка која ги сака истите работи како и нејзините врснички. Сака музика, обожува да се капи во езерото, да шета по охридската чаршија, да се дотерува, да се дружи со своите пријателки со кои ги споделува своите тајни. Анастазија секогаш е насмеана и ведра и со неа е задоволство да се разговара. Дури тоа ако знаеш можеш да го направиш и на шпански, бидејќи Анастазија има познавања и од овој јазик. Таа е активна и не  бега од обврски, туку ги исполнува со задоволство. Таа е дел од Лајонс клубот „Деница“ каде учествува во сите активности посебно...

Continue reading

Одбележан Светскиот ден на бубрегот во Охрид

Post Views: 2 Дејствувај навреме за да спречиш. Годинава под ова мото се одбележува Светскиот ден на бубрегот, со посебен акцент на децата. По тој повод во охридската гимназија „Св Климент Охридски“ едукативен час, одржа еминентниот специјалист по урологија д-р Горан Балевски. Се смета дека децата ретко заболуваат од бубрежни болести, но, тоа е сосема погрешно, бидејќи децата и тоа како се подложна група на ваквите заболувања, категоричен Балевски. Додава дека бубрегот можеби и не е толку популарен орган како што е тоа срцето и белите дробови, но смета дека преку разни едукации треба...

Continue reading

pregledi

Светскиот ден на здравството одбележан во Струга

Post Views: 1 Бесплатните превентивни прегледи добредојдени за стружани. По повод 7 ми април светскиот ден на здравството, во Струга, пред хотелот „Београд“, и во село Радожда, се вршеа бесплатни прегледи на крвен притисок, холестерол и шеќер во крвта кај населението. Некои од мештаните за прв пат ги правеа овие анализи, други пак, кажаа, дека ваквите акции се за поздравување, бидејќи само вака се одбегнуваат големите турканици во болниците, а на добар дел не им се веруваше дека без книшка, син картон и пари може да се случи и тоа. Кампањата за превентивни  и бесплатнни прегледи...

Continue reading

Охрид град на светскиот хуманизам

Post Views: 1 Дали Охрид ќе добие спомен облежје или монумент кој што ќе го симболизира градов како седиште на светскиот хуманизам. Оваа идеја ја презентира Академик Светлин Русев од Бугарија на одбележувањето на јубилејното свечено доделување на наградата за хуманизам. Градоначалник на Охрид Никола Бакрачески во таа пригода кажа дека ќе се заложи оваа идеа да биде реализирана во дело, но додаде дека претходно треба сериозно да се разгледа. Таа идеја е прифатлива, но претходно треба да биде презентирана пред широката јавности надлежните институции и треба да се запази целокупниот...

Continue reading

bubrezi

Во пресрет на 10 март светскиот ден на бубрезите

Post Views: 8 Заводот за нефрологија од Струга се приклучува кон одбележувањето на Светскиот ден на бубрезите 10 март. Годинешната кампања се одвива под мотото „Заштитете ги бубрезите, спасете го срцето“. За болеста која споро напредува, нема знаци и тешко се открива, ден порано на регионален состанок денеска во Струга, дискутираа претставници од здружението на нефролози, здружението на бубрежно болните НЕФРОН, македонското здружение на нефрологија, дијализа и вештачки органи, како и предавачите од заводот од Скопје.   Директорот на заводот за нефрологија Сами Мена вели дека во Заводот...

Continue reading

kiss

Бакнувајте се!

Post Views: 12   Бакнежот има свој светски ден и тој се слави на 6-ти јули. Светскиот ден на бакнежот се празнува од 1988 година. Според многумина се вели дека бакнежот го измислиле средновековните витези. Тие така ги проверувале своите сопруги дали пијат вино. Други, пак, велат дека бакнежот потекнува од мајката и детето. Трети тврдат дека бакнежот уста во уста е измислен од мајмуните. Бакнеж е допирање на одредена  личност со помош на усните, кој  обично се смета за основен сексуален акт. Најчесто и се допираат со јазиците при што се разменува плунка. Се смета дека бакнежот има...

Continue reading

Скандал во светскиот тенис, суспендирани доживотно двајца судии

Post Views: 2 Двајца тениски судии од Турција се доживотно суспендирани откако е утврдено дека учествувале во измама со обложување, објави Меѓународниот тениски сојуз (ITF). Серкан Аслан и Мехмет Улкер се обвинети дека со помош на мобилни телефони јавувале што се случува на трета страна за време на фјучерс турнир во Белек во октомври минатата година, а истовремено го одложувале впишувањето на тој резултат во сервисот за следење на натпреварот кој одел во живо. “Со ова овозможувале на третата страна корист од обложување на средби кои тие ги суделе”, објави Светската тениска федерација...

Continue reading

И во охридските училишта одбележан Светскиот ден на детето

Post Views: 1 „Стоп на насилството врз децата“ – под ова мото денеска се одбележува 20-ти ноември Светскиот ден на детето. Почитувањето на правата на детето е една од најважите работи кон кои треба сите да се стремиме, затоа што за едно општество нема поважна работа од создавање здрави, образовани, толерантни поколенија, подготвени да се соочат со сите предизвици кои ги носи животот. Да им посветиме повеќе внимание на децата што повеќе да разговараме со нив, да им даваме љубов, бидејќи сега се садат вистинските вредности од кои подоцна треба да ги жнееме плодовите, вели одделенскиот...

Continue reading

Во ОУ Христо Узунов се одбележа светскиот ден за борба против дијабет

Post Views: 20 Дијабетот како болест на совремното живеење не ги заобиколува ниту децата. Возрасната граница од ова заболување се повеќе се намалува.  Во ОУ Христо  Узунов се одбележа светскиот ден за борба против дијабетот. Основците од Христо преку предавања се едуцираа како  да се заштитат од оваа болест. Во фискултурната сала на училиштето утрово беше раздвижено. Основците спортуваа и се натпреваруваа. Ученците од повисоиките класови заедно со своите  наставници пак, пешачеа до манастирот Св Атанасиј. На покана од училиштето, за учениците од 8 одделение се одржа предавање за дијабетот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top