Ознака: светскиот

bbc

BBC на македонски-рест ин пис

Post Views: 0 Македонската редакција на Светскиот сервис на Би-Би-Си, денеска за последен пат емитува од Лондон вести на македонски јазик, откако на крајот од јануари годинава Управата на оваа британска медијска јавна компанија одлучи да ја укине секцијата на македонски, како и програмите на српски и албански јазик, објаснувајќи го тоа со потрбата од штедење, јави дописникот на МИА од Лондон. Емисијата вести во 17,30 часот по британско време, што овојпат ќе трае половина час ќе го означи крајот на секцијата која во Би-Би-Си постоеше нешто повеќе од 15 години. Уште околу еден месец,...

Continue reading

dneven centar

Одбележување на Светскиот ден на лицата со попреченост, во дневниот центар „Зраци“

Post Views: 2 Дневниот центар за поддршка на лицата со интелектуална попреченост , „Зраци“ од Охрид веќе дванаесетта година функционира на територијата на општината и во него се опфаќаат адолесценти и возрасни лица со интелектуална попреченост. Сместен во призмените простории на О.У „Братство-единство“ и обезбедува подршка на лицата на дневна основа, обука за усвојување и усовршување на вештини за самостојно живеење, работно окупациони програми, образовни програми и социјални активности  за лицата со интелектуална попреченост. Утре  на Светскиот ден на лицата со попреченост,во просториите...

Continue reading

pred dozdot

Во Британија, Јапонија и Италија се дистрибуира ДВД издание на „Пред дождот“

Post Views: 0 Минатиот месец филмот се појавил на ДВД пазарот во Велика Британија во издание на ексклузивната куќа ХБ. Издавач во Италија ќе биде Минерва филмс.  Во Јапонија филмот ќе се појави до крајот на годината. – Филмот сега првпат се издава на ДВД во овие земји. Кинопремиерата на „Пред дождот“ во овие три земји, како и во уште 50-тина земји, беше во  1994, 1995 и 1996 година. Следуваа видео и телевизиската дистрибуција по светот, а потоа и кинотечно и универзитетско прикажување и истражување, информира С-прес. Светскиот дистрибутер најавил пласман и на сите други поглеми...

Continue reading

logo

Остеопорозата во стоматологијата

Post Views: 3 Во рамки на своите активности од здравствено-превентивна дејност, а по повод Светскиот ден на борба против остеопорозата, 20 Октомври, Црвен крст Охрид  организира предавање на тема ОСТЕОПОРОЗАТА – ЗНАЧАЕН ПРОБЛЕМ ВО СТОМАТОЛОГИЈАТА. Според дефиницијата на Светската здравствена организација, остеопорозата е системско метаболно, ендокринолошко заболување кое се карактеризира со ниска коскена маса и подложност на скршеници кои носат несогледливи последици за здравјето и висок морталитет. Главната причина за појава на оваа болест е намалувањето на нивото на естрогените...

Continue reading

pritisok

Здрави совети и здрава храна денес се делеа во Охрид

Post Views: 3 Охриѓани треба особено да внимаваат на начинот на исхрана, на зголемување на нивната физичка активност и добрата едукација за здравјето на срцето. Според статистиките на Центарот за јавно здравје од Охрид, 65 проценти од смртните случаи во градов се како последица на некакво кардиоваскуларно заболување. Со овие бројки, охриѓани се наоѓаат над државниот просек. Денес, Центарот за јавно здравје го продолжи одбележувањето на Светскиот ден на срцето. „Како увид во однос на кардиоваскуларните заболувања најголем број, односно со најголем процент се застапени меѓу постарите,...

Continue reading

hepatitis

Свеста кај охриѓани за вирусниот хепатитис на високо ниво

Post Views: 6 Охриѓани во текот на целата година се информираат за вирусниот хепатитис, добиваат совети, но и институционална поддршка при лекувањето. Денес е светскиот ден за борба против хепатитис.  Ова вирусно заболување е осмиот најголем убиец во светот, но за жал најголемиот дел од луѓето не се свесни за штетните последици од истиот. Целта на одбележувањето на 28ми Јули, меѓу другото е да се подигне свеста за вирусниот Хепатитис,  да се повика на еднаков пристап до третман  лекување, да се подобрат програмите за превенција и да се вклучат владите во борбата против хепатитисот....

Continue reading

krvodaritelska

Црвен Крст и Спорт лајф и годинава го одбележаа Светскиот ден на крводарителството

Post Views: 0 Традиционално и годинава, по осми пат Црвениот Крст од Охрид во соработка со спортската обложувалница „Спорт лајф“, ја реализираше крводарителската акција по повод Светскиот ден на крводарителството. Оваа акција веќе е  препознатлива меѓу охриѓани посебно од страна на хуманите крводарители, кои секогаш масовно се одзиваат, вели Сашо Точков, претседателот на Црвениот крст. „Одзивот е навистина задоволителен, уште од раните утрински часови од 9 часот континуирано крводарителите доаѓаат и даруваат крв. Минатата година имавме преку 100 единици и годинава се надевам дека...

Continue reading

Охрид го одбележа Светскиот ден на физичката активност

Post Views: 2 Атлетика, боречки вештини, аеробик и зумба, пинг понг, возење скејт, ролери и велосипеди, едрилици. Сето ова денеска можеше да се види на Кеј Македонија. Од Охрид  до над Велестово и назад се одржа и планинарска тура. Ученици од охридските училишта, членови на спортски клубови , спортисти и рекреативци го одбележаа Денот на физичката активност. Потребно е секојдневно движење, спортување и здрави животни навики, независно од возраста и полот, со цел да се одржи сопственото здравје, порачаа учесниците.  Пандемијата  на коронавирусот ни покажа  колку е значајно спортувањето...

Continue reading

logo

ЕКО-активности на СВР Охрид

Post Views: 0 По повод 5-ти Јуни, светскиот ден на животната средина, секторот за внатрешни работи Охрид, ќе спроведе превентивна позитивна акција во која, во соработка со Здружението на возачи-Охрид и авто-мото друштво „Технички преглед на возила“-Охрид, врз товарните и патничките возила ќе се врши контрола на системот на испуштање на согорени гасови и користење несоодветно гориво. За таа цел, полициската станица за безбедност во патниот сообраќај, на улицата „7 ноември“ кај Здружението на возачи, ќе постави контролен пункт и ќе врши контрола и упатување на возила на вонреден технички...

Continue reading

ОХРИД ЌЕ ГО ОДБЕЛЕЖИ СВЕТСКИОТ ДЕН НА ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ

Post Views: 4 Со низа активности поддржани од Владата на Република Северна Македонија, Агенцијата за млади и спорт и Центарот за јавно здравје на 10 мај 2021 г. (понеделник) во Охрид и неколку градови во државава ќе се одбележи Светскиот ден на физичката активност. Во рамки на одбележувањето, Општина Охрид заедно со Сојузот на училишни спортови и спортски клубови од градов организираат спортски активности кои ќе се одржат на Кеј „Македонија“ во период од 11 до 12 часот. Спортувањата ќе бидат согласно протоколите за КОВИД 19, а за учесниците задолжителни ќе бидат заштитна маска и физичката...

Continue reading

zdravstven dom

Светскиот ден на здравјето одбележан и во Охрид

Post Views: 5 Под мотото „Мал убод, голема закана“ денеска се одбележува 7 Април – Светскиот ден на здравјето. Годинава овој ден е посветен на векторските заразни болести, кои се добиваат преку убод од инсекти. Од Светската здравствена организација препорачуваат дека е потребна контрола на преносителите (комарци, крлежи, песочни муви, болви…) или нивно уништување, превенција на болести и ограничување на нивно ширење во вид на епидемија. Светскиот ден на здравјето се одбележа и во Охрид. Здравствен дом Охрид имаше поставен пункт кај Чинарот. Лекарските екипи на граѓаните им мереа шеќер...

Continue reading

Светскиот туризам конечно закрепнува

Post Views: 3 Во светот, вкупно, во првите два месеци се забележани 124 милиони меѓународни туристички патувања , споредено со 119 милиони споредени со истиот период во 2010 година. Во исто време, од организацијата потврдија дека според нивниот барометар, светскиот туризам во 2011 година ќе се зголеми за 4-5% во однос на минатата година. Политичките тензии и конфликти во Северна Африка и на Блискиот Исток, како и природните непогоди во Јапонија не би требало значително да влијаат врз светскиот туризам истакнуваат од UNWTO. {loadposition content9}

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top