Бакнувајте се!

Бакнежот има свој светски ден и тој се слави на 6-ти јули. Светскиот ден на бакнежот се празнува од 1988 година.

 |   | 
kiss
бакнеж

 

kissБакнежот има свој светски ден и тој се слави на 6-ти јули. Светскиот ден на бакнежот се празнува од 1988 година.

Според многумина се вели дека бакнежот го измислиле средновековните витези. Тие така ги проверувале своите сопруги дали пијат вино. Други, пак, велат дека бакнежот потекнува од мајката и детето. Трети тврдат дека бакнежот уста во уста е измислен од мајмуните.

Бакнеж е допирање на одредена  личност со помош на усните, кој  обично се смета за основен сексуален акт. Најчесто и се допираат со јазиците при што се разменува плунка. Се смета дека бакнежот има најголем потенцијал при будењето на нагоните, бидејќи усните се чувствителна ерогена зона. Постојат и случаи во кои бакнежот не се остварува со помош на усните, како т.н. “ескимски бакнеж“ што се остварува со триење на носевите.

kissБакнежот има свои позитивни дејствија врз нашето здравје како на пример:

– при бакнувањето се лачат многу хормони кои се задолжени за доброто расположение
– бактериите кои се разменуваат со бакнувањето го поттикнуваат имунолошкиот систем да призведува антитела
– со еден бакнеж се согоруваат две калории. Кога има многу бакнежи калориите ќе ги стопите многу лесно
– во страствен бакнеж се активираат 36 мускули на лицето, се покачува крвниот притисок, се покачува телесната температура

Затоа ви посакуваме убав ден исполнет со многу бакнежи!!

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top