Во ОУ Христо Узунов се одбележа светскиот ден за борба против дијабет

Во ОУ Христо  Узунов се одбележа светскиот ден за борба против дијабет.

 |  Валентина Неловска  | 

hristo uzunovДијабетот како болест на совремното живеење не ги заобиколува ниту децата. Возрасната граница од ова заболување се повеќе се намалува.  Во ОУ Христо  Узунов се одбележа светскиот ден за борба против дијабетот. Основците од Христо преку предавања се едуцираа како  да се заштитат од оваа болест.

Во фискултурната сала на училиштето утрово беше раздвижено. Основците спортуваа и се натпреваруваа. Ученците од повисоиките класови заедно со своите  наставници пак, пешачеа до манастирот Св Атанасиј. На покана од училиштето, за учениците од 8 одделение се одржа предавање за дијабетот од  д-р Лилјана Анѓелеска, лекар специјалист од Општа  Болница Охрид. Акцент беше ставен на потребата од правилен начин на исхрана и физичка активност, напомена одделенскиот наставник Јулијана Шишоска, која беше носител на проектот за сензибилизирање на учениците како да се заштитат од ова заболување.

„ Не се обрнува внимание на оваа болест. Со овие предавања ќе се поттикнат учениците да обрнат поголемо  внимание на здравјето. Дијабетот ги напаѓа сите органи и е болест која не се лечи. Затоа сакаме да укажеме на основните факти како што е неправилната исхрана и немањето на физичка активност и овој ден го посветуваме на тоа“, истакна Шишоска.
 
hristoВо училиштето се одбележуваат значајни датуми од каде се испраќа порака учениците да водат грижа за  здравјето, вели директорот на школото Тони Симоноски. Тој посочува дека во нивното училиште има деца кај кои е дијагностициран  дијабетот. Не загрижува фактот што  возрасната граница од ова заболување е се пониска, додава директорот. Во нивото школо се преземаат активности каде што   децата ќе научат повеќе за причините за ова заболување и како да се заштитат од истото.

„ Физичката активност се намалува. Децата имаат многу обврски во училиштето и вон школските  активности. Со наставниците преземаме пешачење и посета  на околните  места во градот. Обрнуваме внимание и за исхраната. Во трпезариските простории имаме био храна заедно со охридскиот бренд Жито леб. Преземаме активности за здрав начин на живот. Од одделенска настава на учениците им укажуваме на  здравите навики како што се  физичка активност и здрава храна за да се изгардат здрави и копмлетни личности“, дополнува Симоноски.

Од ОУ Христо Узунов имаат во план да одржат и други  тематски предавања, но при тоа да ги вклучат и родителите. Тие се сепак најодговорни за постигнување на целите при превенцијата од разни видови заболувања, напоменуваат од училиштето Христо Узунов.   
 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top