Во Македонија се одбележува Светскиот ден на Ромите

На денешен ден се одбележува светскиот ден на Ромите во чест на првиот Светски конгрес на Ромите, одржан од 8-12 април 1971 година во Лондон и тоа е еден од најважните датуми во историјата на овој народ. На тој датум на конгресот се стретнаа претставници на Ромите од 14 земји во светот.

romi
роми

На денешен ден се одбележува светскиот ден на Ромите во чест на првиот Светски конгрес на Ромите, одржан од 8-12 април 1971 година во Лондон и тоа е еден од најважните датуми во историјата на овој народ. На тој датум на конгресот се стретнаа претставници на Ромите од 14 земји во светот.

romiКако една од најважните усвоени одлуки се одлуката за ромско знаме и официјална химна. Ромското знаме во долниот дел има зелена боја која ја симболизира земјата, а горниот дел е обоен со сина боја која го симболизира небото. Црвеното тркало кое се наоѓа во средина на знамето ги претставува патувањата и миграциите на Ромите.

Официјалната ромска химна се темели на старата ромска песна Џелем, Џелем (Одев, одев). Првиот конгрес на Ромите во Лондон резултираше и со прогласување на официјален ромски јазик (romani chiba), како и официјално прифаќање на називот „Ром“ што на ромски значи човек.

На четвртиот светски конгрес на Ромите одржан 1990 година во Полска, решено е 8 април, денот кога е отворен првиот конгрес во Лондон, да се прогласи за Светски ден на Ромите кој секоја година ќе се одбележува во целиот свет.

По повод Меѓународниот ден на Ромите 8 Април, претседателот Ѓорге Иванов денеска ќе ги прими лидерите на политичките партии на Ромите во Македонија. Клубот на млади на општина Шуто Оризари ќе организира крводарителска акција, а во ГЕМ клубот ќе се одржи јавна дебата на тема „Неформалното образование е повреднувано на пазарот на труд од формалното“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top