Во пресрет на 10 март светскиот ден на бубрезите

Заводот за нефрологија од Струга се приклучува кон одбележувањето на Светскиот ден на бубрезите 10 март. Годинешната кампања се одвива под мотото „Заштитете ги бубрезите, спасете го срцето“.

 |  Татјана Маленкова  | 
bubrezi
бубрези

den na bubreziЗаводот за нефрологија од Струга се приклучува кон одбележувањето на Светскиот ден на бубрезите 10 март. Годинешната кампања се одвива под мотото „Заштитете ги бубрезите, спасете го срцето“. За болеста која споро напредува, нема знаци и тешко се открива, ден порано на регионален состанок денеска во Струга, дискутираа претставници од здружението на нефролози, здружението на бубрежно болните НЕФРОН, македонското здружение на нефрологија, дијализа и вештачки органи, како и предавачите од заводот од Скопје.   
Директорот на заводот за нефрологија Сами Мена вели дека во Заводот во Струга се лекуваат пациенти од цалава држава кои имаат компликации. Тој  тврди дека оваа здравствена установа ги има сите услови за лекување на пацинтите.

„ Во моментов Струга е од најопремените болници. Имаме 70 апарати за дијализа, а може да опслужиме 200 пациенти“, вели директор на завод за нефрологија Струга, Сами Мена.

„Преку трибини и состаноци сакаме да ги анимираме граѓаните и државните институции, оваа болест навреме да ја откриеме, превенираме и го успориме прогрес “, вели прим. д-р. Љубинко Трпеноски специјалист по интерна медицина. Тој додава дека во Македонија како тераписки мерки најмногу се применуваат дијализата и хемодијализата, додека трансплантацијата од починати е далеку од Европското и регионалното ниво.      

„ Иако досега постоеше закон за одземање на органи сега овој е корегиран и нуди нови моменти и можности.  Проблемот милслам дека лежи во структурите во клиничкиот центар  и во државните институции  кои се најодговорни, а трансплантацијата е таква метода која е одраз на организацијата на здрвствениот систем . Ова се причините зошто оваа област не е доволно покриена“, вели специјалистот по интерна медицина, прим. д-р. Љубинко Трпеноски.

Трпеноски кој првите чекори во нефрологијата ги направил токму во заводот во Струга, вели дека во Македонија има доволно лекови за бубрежно болните пациенти. Додава дека во моментов здружението НЕФРОН е во преговори со фондот за здравство, на  овие пациенти да им ги покрива уште еден од лековите за превенција на коскени компликации кои доведуваат до траен инвалидитет.
Од здравстениот буџет на Р Македонија за лекување на хроничната бубрежна болест се издвојуваат од 10 до 15 %.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top