Ознака: санација

trotoar

Ќе се санираат тротоарите на улицата „Питу Гули“

Post Views: 3 Улицата „Питу Гули“ заборавена од надлежните. Ова го тврдат граѓаните кои живеат на оваа улица која се протега од кружниот тек кај болницата па се до новата автобуска станица. Тие додаваат дека оваа улица е многу прометна како за сообраќај така и за пешаци посебно сега кога започна учебната година, а тука се наоѓа едно од најголемите основни училишта, „Христо Узунов“. Учениците сакаат што побрзо да се направат тротоарите за да не газат во дупки. Повозрасните пак велат дека улицата наликува на селски пат. Директорот на ОУ „Христо Узунов“, Тони Симоновски вели дека и училиштето...

Continue reading

dolni saraj

Се санира оштетениот бедем на Долни Сарај

Post Views: 25 Се санира оштетениот бедем на Долни Сарај. Министерството за култура годинава издвои 1 милион денари за првата фаза која како што ни открива директорката на Завод и музеј, Тања Паскали – Бунташеска предвидува санирање на ѕидните јужни платна кон езерскиот брег, од летната сцена на Долни Сарај. На ваков чекор се одлучиле по повеќегодишното укажување од опасноста од уривање на летната сцена, додава таа. „Оштетувањата беа настанати во голема мера со тек на време што не беше интервенирано на самите зидини, поточно дел од малтерите го имаа изгубено врзивното својство и камењата...

Continue reading

cinar

Институциите незаинтересирани да го спасат Чинарот од гниење

Post Views: 0 Исушената гранка на Чинарот е нем сведок за крајно несериозниот однос на институциите кон ова 11 века старо дрво.  Бескорисно  е тоа што дрвото е ставено под заштита на државата како споменик на природата. Институциите и по шест месеци не презедоа конкретни зафати за негова санација. Од месец декември кога се скрши гранката до денес Чинарот е оставен без соодветна грижа за негова санација. Институциите се иземаат од одговорност. Едни на други ги префрлаат надлежностите и така во недоглед со месеци. Никој во институциите не кажува отворено каде е проблемот и кој треба...

Continue reading

patista

Летната сезона ќе се дочека со санирани градски улици

Post Views: 2 Интензивна санација на сите градски улици, најави денес градоначалникот Никола Бакрачески.Акцијата на крпење на ударните дупки кои го отежнуваат сообраќајот низ скоро сите улици ќе се одвива со забрзано темпо. Градоначалникот вети санација на сите улици во сите делови од градот.„ Санацијата на оштетувања на патишатата ќе опфати 506 м квадратни  во оваа фаза. Но, нема да остане населено место во градот и селата каде што нема да бидат санирани. Од наредната недела ќе ги асфалтираме поголемите улици, а од утре ќе почне на улиците  како што се улиците Радојца Новичиќ, крак...

Continue reading

asfalt

Се асфалтираат ударните дупки на патниот правец Ботун-Лешани

Post Views: 8 Дождливото време денес не го попречи започнатото крпење на ударните дупки на патниот правец Ботун – Лешани.  Работниците и механизацијата на „Македонија пат“ се ангажирани да го поправат овој регионален патен правец  кој е во лоша состојба. Станува збор за реконструкција на регионалниот патен правец во должина од 5,7 км, информира Миле Јанакиески, Министерот за транспорт и врски.„Финансиската конструкција за патниот правец ќе чини околу 20 милиони денари. Со првата фаза на зафатите ќе се става основен слој кој ќе чини околу 7-8 милиони денари, а 12 милиони ќе чини...

Continue reading

cinar Ohrid

Стариот Чинар утрово се преполови

Post Views: 1 Утрово се скрши една масивна гранка со што 11 века старото дрво буквално се преполови. Охриѓани кои ја видоа тажната глетка резигнирано коментираа, дрвото кое трпело и време и невреме илјада години не не истрпи нас и нашата негрижа. За волја на вистината Чинарот веше во неколку наврати саниран и конзервиран, но очигледно сето тоа не беше доволно за тој да ги поднесе врнежите од снег и дожд кои паднаа деновиве. Надлежните излегоа на терен. Инспекторот Игор Трајкоски од Државниот инспекторат за животна средина и Вера Рауник од одделението за животна средина при локалната...

Continue reading

vlado

Едноставно решение за дупката

Post Views: 6 Интензивно се работи на санација на дупката пред „Макси Д“. Како што веќе информиравме поради голем пропуст, аномалија  во изведба на атмосферска канализација при изведба на проектот за заштита на Охридското Езеро, дојде до попуштање на тлото на дел од раскрсницата кај „Макси Д“. Што всушност затекнале стручните екипи на НИСКОГРАДБА-ОХРИД, на лице место, кажува првиот човек на ЈП, Владо Цветкоски. „На овој потег всушност беше прекината атмосферската канализациона мрежа таа небеше тука доизведена значи во самата изведба не е направена собирна шахта и линијата е оставена...

Continue reading

ulica

Се гради, се асфалтира, се поправа

Post Views: 11 70 километри асвалтна мрежа, 40 километри канализациона мрежа, 15 километри водоводна мрежа како и голем број поплочени тротоари, се податоците со кои се пофали Локалната кога станува збор за инфраструктурните зафати кои ги прави низ градов. Граѓаните се сведоци дека во последно време многу интензивно се работи па и оние улици и населби кои години наназад немаа канализациона и водоводна мрежа, ниту пак асвалт, а граѓаните живееа како во 19-ти век, сега влегоа во 21ви. Но, дел од нив се прашуваат дали тоа е затоа што се ближат избори и се потребни гласови.Од секторот...

Continue reading

mitrevic

Загрозен крвотокот на градот

Post Views: 8 Катастрофално лоша патна инфраструктура во Охрид. Оваа забелешка беше изнесена на пресот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ. Вината нормално, на локалната и лажните ветувања на градоначалникот Александар Петрески. Портпаролот Никола Митровиќ порача да се стави крај на омаловажувањето на здравиот разум на сограѓаните, на кои постојано им се пласираат таквите лажни ветувања. „Во Охрид се поголем е бројот на неасфалтирани и уништени улици. Ако се земе во предвид дека станува збор за главни улици како: Јане Сандански, Пити Гули, Абас Емин кои преставуваат крвоток на сообраќајот на градот...

Continue reading

cinar

Тивко умира Охридскиот чинар

Post Views: 15 Попушта поставената заштита на стеблото на Чинарот. На надворешноста од најстарото дрво во градот е видливо поткопувањето на стеблото. Дрвото беше санирано во пролетта, 2002 година кога под налет на силно невреме, ветар и снег се искрши и падна една од двете странични гранки. Експертите го исчистија трулежот и го конзервира платанот, а требаше да постават и вештачка кора, но за тоа Министерството за животна средина не најде пари. Охридскиот чинар од 1967 година е ставен под заштита на државата како најстар споменик на природата. Дрвото се претпоставува дека е засадено...

Continue reading

kuka

Започна изградбата на куќата на Ајри Доко

Post Views: 0 Започнаа градежните активности за изградба на куќата на Ајри Доко. Овој објект кој е под заштита на Завод и музеј мораше да се сруши до темел, затоа што при изградба на соседниот објект пред две години, дојде до сериозни оштетувања на куќата на Доко. „Најголеми беа оштетувањата во темелните парти, што допринесе до пореметување на целата конструкција на објектот“, истакна директорката на Заводот за заштита на спомениците на културата, Тања Паскали Бунташеска. „Ние како надлежна институција бидејќи објектот е заштитен со поединечно решение и претставува поединечно споменично...

Continue reading

SOU Vanco Pitoseski

Ново спортско игралиште за ОСУ „Ванчо Питошески“

Post Views: 6 5.080.000 денари општински пари се одвоени само за средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“. Од оваа сума, 980.000 денари се предвидени за изградба на ново спортско игралиште откако минатата година по судски пат им беше одземен дел од старото. „Точно е дека дел од игралиштето во средното училиште „Ванчо Питошески“ е одземен односно сопствениците си го повратија имотот кој беше нивни, бидејќи игралиштето некогаш порано било асфалтирано, луѓето си го повратија имотот и во програмата гледате дека ние сакаме да го санираме тој дел односно ќе комплетираме едно игралиште...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top