Ознака: санација

РЕКОНСТРУКЦИЈА И САНАЦИЈА НА ГЛАВНОТО ФУДБАЛСКО ИГРАЛИШТЕ

Post Views: 5 Јавното претпријатие „ Билјанини извори“ започнува голема акција за реконструкција и санација на главното градско игралиште за фудбал. Се планира да се заменат околу 3000 м2 оштетен бусен (тревна подлога) со нов, со што ќе се подобрат условите за одигрување на фудбалските натпревари. Од ЈП „ Билјанини извори“ ја информираат јавноста дека реконструкцијата ќе трае до 1-ви мај и дека до тој датум градскиот стадионот ќе биде затворен за користење од страна на фудбалските екипи и школи.

Continue reading

Чинарот пропаѓа додека чека на санација и препрогласување за Споменик на природата

Post Views: 1 Вековното старо дрво во кое е вткаена  вредна историја , Охридскиот Чинар – споменик и паметник на војни , победи и падови, местото  каде се градела историјата на градот со години  е оставен на забот на времето. Наместо заштита, како што беше предвидено со елаборатот пред две години, дрвото е во очајна состојба, секојдневно се распаѓа пред очите на јавноста. Чинарот е природна реткост и потребна е итна ревитализација. Охриѓани апелираат до надлежните да не дозволат симболот  на градот  да биде уништен. „Многу жално да пропаѓа. Ова е препознатливо дрво, симбол на...

Continue reading

САНАЦИЈА НА ПОТПОРЕН ЅИД КАЈ ОУ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

Post Views: 8 Градежни работи за санација на потпорен ѕид, денес, се одвиваат во ОУ „Св. Климент Охридски“. Поради надворешните временски влијанија, ѕидот беше значително оштетен и претставуваше опасност за децата.Градежните работи ги изведува „Бокоп – Струга“, а вредноста изнесува 225.114,00 денари.

Continue reading

На локалниот пат за Велестово потребна е итна санација на поткопаниот асфалт покрај патот

Post Views: 0 Лошо изведени градежни работи довеле до поткопување на дел од локалниот пат кон селото Велестово. На потегот од патот над Билјанини извори покрај патот почнува да пука и да тоне асфалтот. Околу 30 сантиметри од крајниот дел на патот се веќе уништени. Тука , секојдневно минуваат возила и потребно е да се интервенира. Од општина Охрид за проблемот на патниот правец немаат сознанија, но велат дека ќе направат увид на терен. Инаку, реконструкцијата на локалниот пат Охрид – Велестово во должина од 3 км беше завршен во март 2016 година. Патот беше проширен за 40 -50...

Continue reading

Започна санација и замена на целосно и делумно уништените сообраќајни знаци и реквизити во Охрид

Post Views: 5 Од неоадмна започна санација и замена на целосно и делумно уништените сообраќајни знаци и реквизити на целата територија на Општина Охрид. Од Секторот за комунални дејности апелираат до несовесните поединци да запрат со ваквото однесување бидејќи сите овие градежни активности дополнително го оптоваруваат Буџетот на Општина Охрид. Уништени сообраќајни знаци, информативни табли, спортски реквизити, се слика која најмалку му е потребна на нашиов град во веќе започнатата туристичка сезона. Продолжува уништувањето на јавните добра низ нашиов град, а општината се труди во...

Continue reading

Стопирани градежните работи за санација на тротоарите на дел од булеварот „Туристичка“

Post Views: 0 Стопирани градежните работи за санација на тротоарите на дел од булеварот „Туристичка“. Граѓаните прашуваат која е причината и кога тротоарите конечно ќе бидат направени бидејќи сега буквално мора да се движат по коловозот каде многу брзо се вози, па загрозена е нивната безбедност. Има застој во градежните работи на тротоарите бидејќи наследивме еден проблем а тоа е старата водоводна и канализациона мрежа која мора да се замени бидејќи е со азбесни цефки и сето то ќе ги одложи работите,  вели Томе Џамтоски, портпарол на Локална самоуправа. Граѓаните реагираат зошто истовремено...

Continue reading

Ако е забаено, да не е заборавено

Post Views: 3 АД „Илинден“ ќе ги асфалтира струшките улици. Како што ТВМ во неколку наврати информира, ударните дупки на неколку улици во Струга сеуште остануваат ноќна мора за возачите. Бројните искинати гуми и дефекти на возилата се препишуваа токму на овој проблем, а секако вината се посочува на Локалната. Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко, вели дека свесен е оти состојбата со локалната патна инфраструктура не е на завидно ниво, но оти нивната грижа е голема во таа насока. Мерко смета дека и државата треба да поводи сметка во делот на регионалните патишта, кои исто така се...

Continue reading

Жителите од „Ванчо Питошески“ и „Мирче Ацев“ бараат итна санација на раскрсницата

Post Views: 9 На пресекот од улицата „Ванчо Питошески“ со улица „Мирче Ацев“ како што велат граѓаните, потегот е оставена ископан речиси еден месец , по интервенција од ЈП „Водовод“. Револтот кај жителите на овие улици се зголемува по инцидентот кој се случил за време на невремето минатиот викенд кога автомобил останал заглавен во дупката на самата улица. По интервенција на полицијата по инцидентот била поставена сообраќајна сигнализација, но сега и таа е отстранета, а дупките делумно се покриени со песок. Раскрсницата претставува опасност во сообраќајот и за локалното население,...

Continue reading

Раскопани улици по интервенциите на Водовод, фирмата задолжена за санација доцни

Post Views: 4 Раскопани улици и  несоодветно  санирани дупки по охридските улици зјаат со месеци. ЈП „Водовод“ ја поправа водоводната мрежа, но зад себе остава неуредени улици, се жалат граѓаните. Во рамките на проектот „Ти си твојот град“ , што го спроведува ТВМ телевизија голем број граѓани ни испратија фотографии и се пожалија на несанирани  дупки на повеќе локации во градот. Улицата „Богомилска“  една од локациите кои ни ги детектираа граѓаните. По зафатот на „Водовод“  овде зјаат две поголеми дупки на улицата,  кои претставуваат проблем за граѓаните. Одговор побаравме од ЈП...

Continue reading

fasadi

Неколку куќи на познати охридски фамилии ќе го добијат оригиналниот сјај

Post Views: 27 Куќите на неколку познати стари охридски фамилии ќе го враќаат првобитниот сјај. Годинава, Заводот за заштита на спомениците и музеј од Охрид ќе врши конзервациско-реставраторски работи на повеќе објекти во градов. За оваа намена, министерството за култура веќе одобрило средства како дел од годишната програма за финансирање на проекти од национален интерес. „Оваа година ќе ја санираме фасадата на објектот каде што се наоѓа Радио Охрид. Во непосредна близина накај чинарот постои уште еден објект, една камена магаза и на тој објект ќе вршиме санација на фасадата. Исто...

Continue reading

kuka na kotus

Куќата на Коле Котуш цели шест и пол децении заборавена од надлежните

Post Views: 0 Куќата на Коле Котуш во стариот дел на Орхид иако претставува значаен културно историски објект оставена на забот на времето. Куќата е сосема руинирана и претставува опасност за бројните минувачи и туристите по улицата Цар Самоил. Сопствениците Љупчо и Јасминка Маслови секојдневно стравуваат дека куќата ќе се сруши, и не дај Боже некој ќе го земе на душа. Маслов кажува дека неколку пати преку писма, дописи и лични контакти укажувале до надлежните установи за опасноста од руинираниот објект, но до ден денес останале без одговор. „Не почестија со елаборат и проект за куќата...

Continue reading

dupka

Во Струга, дупка до дупка

Post Views: 12 Локалните патишта во Струга во катастрофална состојба. Ударните дупки секоја година на истите места се отвараат а се создаваат и нови. Не остана ништо од струшките улици. Многу возила се оштетени поради огромните дупки на патот кои се сериозна опасност за нормалното одвивање на сообраќајот. Од Локалната самоуправа во Струга велат дека  се свесни за состојбата и дека се повторува секоја година во месеците јануари, февруари и март кога се отварат старите дупки кои во  минатата година биле санирани. Секретарот на општина Струга, Зоран Гулицоски вели дека временските...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top