Чинарот пропаѓа додека чека на санација и препрогласување за Споменик на природата

Две години охридскиот  Чинар, чека да  биде препрогласен за Споменик на природата. Во мегувреме се распаѓа пред очите на јавноста! . Општината побарала и добила одобрение од Министерството за животна средина да преземе мерки за зштита на вековното дрво –   симбол на градот. Во тек е тендер за избор на фирма која ке врши санација на Чинарот, кој од ден во ден е во се поочајна состојба.

 |  Соња Рилковска  | 

Вековното старо дрво во кое е вткаена  вредна историја , Охридскиот Чинар – споменик и паметник на војни , победи и падови, местото  каде се градела историјата на градот со години  е оставен на забот на времето.
Наместо заштита, како што беше предвидено со елаборатот пред две години, дрвото е во очајна состојба, секојдневно се распаѓа пред очите на јавноста. Чинарот е природна реткост и потребна е итна ревитализација.


Охриѓани апелираат до надлежните да не дозволат симболот  на градот  да биде уништен.
„Многу жално да пропаѓа. Ова е препознатливо дрво, симбол на градот. И е како ориентација, „Каде ќе одиш? Кај Чинарот. Каде си? Кај Чинарон. “
„Ова е залепено вака уште во времето на Југославија. Сега , како што минува времето само пропаѓа“
„Го памтиме кога беше огромно дрво.  Да ти е мерак да го гледаш и да седиш под него. Сега останата е една четвртина од него. А треба да се заштити. Дојдоа, го налепија со некоја хартија и толку.  “
„Над илјада години е старо дрвото. Памтам како дете уште, тука имаше столици, луѓето пиеа кафе тука. Има некое историско значење, тоа треба да се задржи“

Од општина Охрид велат две години се чека одлуката на Минситерството за животна средина за препрогласување на чинарот за споменик на природата а со тоа и одобрение за негова заштита. Во изминатиот период побарале од Министерсвото за животна средина да им даде одобрение , општината да преземе грижа на значајниот споменик на природата. Такво одобрение добиле и во тек е тендер за избор на  фирма која ке врши ревитализација на чинарот.

„ Одделението за животна средина во општина Охрид изготви елаборат  и мерки за ревитализација и санација на сите чинари посебно за чинарот на Крушевска република.  животна средина и за заштита на природата донесе одлука требаше сите чинари. Целата постапка ние како општина ја завршивме и е предадеа во министерсво за животна средина и оттаму како надлежен орган очекуваме тие да донесат одлука со која ќе го озаконат тоа препрогласување за споменик на природата. До овој момент тоа го немаме“, вели Томе Џамтоски портпарол на општина Охрид.

Според  елаборатот, што го изготви  Друштво за еколошки консалтинг , за заштита на Чинарот   ревитализација на стеблото ,   стабилизирање  крошната и редовно одржување на годишно ниво потребни се  15 000 евра.

„Свесни дека Чинарот е еден од најпрепознатливите  белези на Охрид е о лоша состојба пред извесно време нашетпо одделение побара дозвола да  се преземат мерки за санација значи иако треба законски министерството да го заври својот дел со препрогласување со кое ке биде дадено правото општина Охрид да се грижи за Чинарот. Во овиј мегу периот каде немаме одлука на министерство побаравме посебна дозвола за да го санираме. Во воовј момент течат роковите за тендерска документација со која ќе се врши санација на Чинарот“ , додава Џамтоски.

За да се врати некогашниот сјај елаборатот предвидува да се уреди и околината на Чинарот,  но и да  се заштитат и другите три чинари во градот Охрид. Според преданијата, охридскиот Чинар  на плоштадот „Крушевска република“   го засадил лично Свети Климент Охридски   во првата половина од деветиот век. Тој се смета за најстаро дрво во земјата, речиси 11 векови.
Вековитиот паметник на градот  отсекогаш бил сврталиште на охриѓани и е од огромно значење за Охрид..

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top