Ознака: санација

Неопходна итна санација на кровот на струшкиот Завод за нефрологија

Post Views: 9 Полека се санира состојбата на болничкиот оддел  во ЈЗУ Завод за нефрологија Струга по синоќешното прокиснување на таваните. При вчерашниот пороен дожд неколку соби на овој оддел беа поплавени. Медицинскиот персонал ги преместил десеттината пациенти од одделението и  била исклучена струјата за да не се случи поголема хаварија. Пациентите велат дека се задоволни од медицинскиот персонал но не  и од условите во оваа јавна здравсвена установа. „На некој начин ова е рак рана на болницата, кровот. А другите услови се како што треба. “ „ Грмеше , врнеше , но ние не сме таму...

Continue reading

Санација на внатрешниот дел од старата училишна зграда во село Песочани

Post Views: 5 Во село Песочани во завршна фаза е санацијата на внатрешниот дел од старата училишна зграда. Се изврши замена на старите прозори и врати со ПВЦ столарија, малтерисување на оштетените делови од внатрешните ѕидови, молерисување, поставување на ламинат, електрична инсталација, санација на влезна скала. Од локалната самоуправа информираат дека вкупната вредност на работите изнесува 303.897,00 денари, а средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2021 година. Санираниот објект наскоро ќе може да се користи за потребите на локалната заедница.

Continue reading

ЗАПОЧНАА АКТИВНОСТИТЕ ЗА САНАЦИЈА И РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА СТАРИОТ ЧИНАР

Post Views: 5 Денеска започнаа предвидените работни активности за санација и ревитализација на единечното дрво – Чинар (Platanus orientalis) лоцирано во Охридската чаршија на плоштадот „Чинар“. Активностите се дел од овогодинешната Програма за заштита на животната средина и природата и се финансирани од буџетот на Општина Охрид. Санацијата и ревитализацијата на стеблото се очекува да заврши за околу десетина дена и истата ќе се одвива под надзор на стручни лица од Шумарскиот факултет од Скопје. Единечното дрво – Чинар (Platanus orientalis) кое е од големо природно, културно и историско...

Continue reading

САНАЦИЈА НА УЛИЦИТЕ ВО НАСЕЛБА „ИСТОК“

Post Views: 1 По налог на Општина Охрид санирани се оштетувањата на улиците во населба „Исток“. Потрошени се околу 240 тони асфалт, а асфалтирана е површина од 600 метри квадратни со вкупна должина од 200 метри. Со изведувањето на овој зафат битно се олеснува пристапот на граѓаните до домовите и се подобрува патната инфраструктура. Изведувач на градежните активности е АД „Илинден“ од Струга.

Continue reading

Санација на „Мостот на желбите“

Post Views: 2 Јавното Претпријатие „Нискоградба“ деновиве изврши санација на „Мостот на желбите“ во Охрид. Наша екипа по барање на граѓаните изврши санација на „Мостот на желбите’’ кој го поврзува Канео со црквата Св. Софија. Поради оштетување на подлогата се изврши замена на оштетените талпи со нови со што се зголеми безбедноста на минувачите. Овој потег наиде на поздравување од месното население, како и од туристите кои за време на санирањето минуваа по мостот – информираат од ЈП „Нискоградба“ Охрид.

Continue reading

Активностите за санација на колекторот во полн ек

Post Views: 7 Градоначалникот Георгиески и премиерот Спасовски, придружувани од Министерот без ресор во Владата на Република Северна Македонија, Едмонд Адеми извршија увид на работните активности за санација на Колекторскиот систем на Охридското Езеро. Активностите за санација и реконструкција на колекторскиот систем се во полн ек. Започнаа на потегот од тунелот на патот Охрид – Пештани, кај Свети Стефан до Билјанини Извори, а веќе 2 километри од цевководниот систем на колекторот се исчистени од корења, градежен шут и друг талог. На овој потег дури за 80 отсто беше намалена функцијата...

Continue reading

Санација на пречистителната станица во Ложани ќе има идната година

Post Views: 7 Снимањето и санирањето на колекторскиот систем е во тек, а со овој Елаборат не е опфатена санацијата на пречистителната станица во Враништа. Тоа го открива директорот на новото државно ЈП Колектор. „За ова пречистителна станица има готов проект изработен од нашите инситуции вво осработка со Европските фондови и согласно рзговорот со МЖС и со Владата е во план во 2021 година целосно реконструкција на пречистетелната станица“, укажува Владимир Алексијоски, директорот на Државното ЈП колекторски систем. Заради географската конфигурација две посебни пречистителни станици...

Continue reading

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ НАПРАВИ УВИД НА АКТИВНОСТИТЕ ЗА САНАЦИЈА НА КОЛЕКТОРСКИОТ СИСТЕМ

Post Views: 7 Градоначалникот Константин Георгиески заедно со Министерот без ресор во Владата на Република Северна Македонија, Едмонд Адеми и директорот на Јавното петпријатие „Колекторски систем“, Владимир Алексијоски денеска изврши увид на работните активности за санација на Колекторскиот систем на Охридското Езеро. Активностите за санација на терен ги изведува фирмата „Еко тим“ од Скопје, филијала на хрватската компанија „Инд Еко“ од Ријека. Во текот на изминатиот период, извршена е ревитализација на пумпната станица во близина на хотелот „Гранит“ и извршено е комплетно чистење...

Continue reading

Премиерот Заев ја најави комплетната санација на колекторскиот систем во охридско-струшкиот регион

Post Views: 5 По напрвениот увид во состојбата на колекторскиот систем во охридско-струшкиот регион, премиерот Зоран Заев објави дека стартуваат активностите на санација на колекторскиот систем во охридско-струшкиот регион за прочистување од наслагите и корењата од дрвјата и рехабилитација на цевководот на истиот. „Дополнително ќе се поправат или ќе бидат заменети сите редуктори на сите 18 препумпни станици, ќе се санира целиот систем за прочистување на отпадните води во пречистителната станица и ќе се изврши комплетно чистење на атмосферската и канализационата мрежа во должина од...

Continue reading

Санација на градското пристаниште од октомври

Post Views: 0 Охридското пристаниште се распаѓа. Спустот за пловила од ден во ден се` пооштетен. Распаднат бекатон на сите страни, сведочи за  силните бранови и невремиња во изминатиот период. Тоa е грда  слика за бројните туристи, која  укажува на негрижата од страна на надлежните , коментираат граѓаните. Пристаништето е белег на градот, тука посетителите ги хранат и сликаат  прекрасните лебеди и бродовите. Од Капетанијата на пристаништа велат се планира ископување и санација, на двете пристаништа и во градот и во Свети Наум, која се очекува да биде спроведена во ноември. „Од страна...

Continue reading

Есенва ќе се врши санација на колекторот

Post Views: 6 Државното Јавно претпријатие „Колекторски систем“ треба да профункционира од есенва. Се е подготвено за да започне со работа, Владата го прифати делбениот биланс изработен од страна на МЈП „Проаква“, а со ребалансот на државниот буџет предвидени се 4 200 000 ден. за првична санација на колекторскиот систем. Најкритични точки се потегот од Даљан до Сатеска и од Синдикални до Парк. Со студијата Џајка која пред неколку години ја правеа јапонски експерти констатирано е дека има големо запушување на овие делови од колекторот така што тој работи со минимален капацитет. Ако...

Continue reading

Во Слатино пуштена во употреба браната која беше реконструирана во рамки на програмата на ЕУ за санација на штети од поплави

Post Views: 3 Пуштена во употреба браната на Слатинско езеро во Општна Дебрца. Овој хидрографски објект е ренструиран, со средства од ЕУ и е во склоп на Програмата на Европската Унија за санација на штети од поплави. Зоран Ногачески – градоначалник Општина Дебрца, им се заблагодари на претсавниците на делегацијата на ЕУ, бидејќи оваа помош не само што ќе им помогне помогна на граѓани да ги надминат последиците од поплавите, туку овој хидрографски објект ќе го трансформираат и во потенцијална туристичка дестинација. „Хидрографскиот објект Слатинско езеро е од витално значење...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top