Ознака: санација

pateka

Се санира пешачката патека кај кардиолошки

Post Views: 1 Јавното претпријатие „Нискоградба“, денеска, започна со градежни активности – изградба и санација на пешачката патека. Патеката се протега долж Јавната здравствена установа „Завод за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања“ и целосно ќе биде поплочена со бехатон плочки и оградена со ивичници. Со изградбата на оваа патека значително ќе се подобри безбедноста на пешаците и безбедноста на возилата за Итна медицинска помош кои секојдневно го минуваат тој пат. {loadposition content9}

Continue reading

rabotnik

Градскиот стадион затворен, санација на тревните површини

Post Views: 5 ЈП „Билјанини Извори“ ги известува сите граѓани на Охрид, сите корисници на градскиот стадион Билјанини Извори дека од денес 09.09.2014 до 27 септември градскиот стадион ќе биде затворен за користење поради редовната ( годишна ) санација и обнова на тревната површина. ЈП „Билјанини Извори“ им се заблагодарува на сите корисници за нивното разбирање и соработка за време на активностите кои ќе се реализираат во наредните денови се со цел да се овозможат уште подобри услови за тренинг и натпревари на сите фудбалски екипи и школи. {loadposition content9}

Continue reading

trotoar

Граѓаните си го бараат ветеното

Post Views: 4 Добре дојдовте во Охрид, градот на УНЕСКО, но и на раскопаните тротоари. Западниот влез во градов воопшто не асоцира дека влегувате во некој туристички центар туку како да сте стигнале во некоја селска населба. Трње од сите страни на патот, раскопани тротоари и прашина, се жалат граѓаните кои токму таму живеат. Тие велат дека сликата не е изменета повеќе од 20 год. Иако во Локалната им рекле дека овој тротоар е ставен во приоритетите и дека  оваа пролет ќе биде направен, се останува само на ветување, вели Илија Магденоски, претседателот на УЗ Воска. Тој раскажува дека...

Continue reading

cinar

За санација на охридскиот чинар надлежна општината

Post Views: 4 Санацијата на охридскиот чинар  е во надлежност на општината, за ТВМ децидно кажа Игор Трајковски, директор на Управата за животна средина  при Министерство  за животна средина и просторно планирање. Во јануари 2013 Министерството и државниот инспекторат за животна средина, тврди Трајковски, доставиле насоки до општинските  стручни служби за  понатамошни чекори за санација и конзервација на чинарот.„ Ние само може во соработка со инспекторатот да им дадеме насоки што треба да преземат околу рестарвацијата. Заштитата е нивна обврска,  на самата општина“, изјави за ТВМ,...

Continue reading

akcijashi

Зборови и цели преточени во акција

Post Views: 4 Охридските акцијаши со две работни единици ќе се упатат кон настраданите подрачја на Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска во напорите за санација и ревитализација на просторните и животни услови. Суштината на постоењето на охридското здружение “Брег на младоста“, не се само сеќавањата, средбите и туристичката афирмација на Унесковиот Охрид и езерото, туку акцијата и волонтерскиот прилог за локални потреби и способноста за интеграциските потреби на други подрачја во земјата, во други држави на регионот, Европа и пошироко. Да се даде своето време, искуство, способност,...

Continue reading

podgotovki

ЈП „Билјанини Извори – Охрид“, се подготвува за големи спортски настани

Post Views: 2 Во полна пареа ЈП. Билјанини Извори – Охрид се подготвува за претстојните големи спортски настани кои што следат во претстојниот период. Од настаните за издвојување се Гимназијадата, Куп на Македонија во ракомет- мажи, Светско кадетско ракометно првенство, Меѓународен турнир за сениорски репрезентации во кошарка и уште многу други спортски манифестации. По тој повод превземени се низа активности за санација и реконструкција на кошаркарските терени со поставување на нови табли и обрачи и фарбање на теренот. Се прави исто така и санација и преуредување на ложата...

Continue reading

klupa

Кој ги уништува клупите во градов

Post Views: 2   Настрадаа клупите во стариот дел од градот. Патниците намерници нема каде да седнат да се одморат зошто од клупите останата е само металната конструкција. На ваквиот вандалски чин посебно реагираат повозрасните бидејќи после напорното искачување по варошките стрмни улички, клупите им беа благословено место за починка. –Јас кривицата за ваквата појава прво би ја нашла во родителите, а после во децата. Многупати родителите гледаат како нивното дете прави штета и воопшто не реагираат. Значи прво треба да се развие свеста кај возрасните, вели една револтирана граѓанка. Од...

Continue reading

makdam

Санација на улиците низ охридски „Варош“

Post Views: 0 По средбата на градоначалникот Никола Бакрачески со граѓаните од стариот дел на градов на која беа изнесени нивните проблеми од областа на инфраструктурата,  охридските јавни претпријатија “Градски гробишта“ и “Ниско градба“ започнаа акција на санирање на оштетените делови низ улиците од стариот дел на градот. Градежните активности започнаа од просторот кај малиот плоштад и ќе се одвиваат по целата должина на улицата “Коста Абраш“ до црквата Св. Софија при што ќе се преуредуваат коцките од калдрмата таму каде има нејзино оштетување, а просторот околу црквата партерно...

Continue reading

semafor

Опасна раскрсницата во близина на ОУ„ Христо Узунов“

Post Views: 20 Сообраќајната раскрсница на улиците Питу Гули и Марко Нестороски, во близина на основното училиште Христо Узунов, е опасна по безбедноста на пешаците. Подолго време семафорите кои се поставени на улицата не се во функција и сообраќајот не се регулира со помош на светлосна сигнализација. Учениците се жалат дека возачите не секогаш ги почитуваат сообраќајните правила на пешачките премини. Понекогаш возилата застануваат за да поминеме, а понекогаш не, раскажуваат децата.Од Локалната самоуправа велат дека се свесни за сообраќајниот проблем и нефункционирањето на светлосната...

Continue reading

defekt

Мал дефект на „Tуристичка“, отвори голема работа за МЈП „Проаква“

Post Views: 1 Поради дефект на водоводно канализационата мрежа асфалтот кај кружниот тек за Билјанини извори на неколку места раскопан. Од МЈП „Проаква“ смируваат, велат дека станува збор за мал дефект, кој во текот на денот ќе биде саниран. Првиот човек на претпријатието Томе Паскалиев од лице место на настанот рече дека на тој потег недопусливо било шахтите да се постават под асфалтот, тоа само дополнително ја отежнало работата на екипите на ЈП. „Дефектот се појави пред празникот, ние почнавме со детекција на проблемот не беше на ќошот од раскрсницата и го оставивме за после празникот...

Continue reading

ohridska kuka

Убавината кратко траеше

Post Views: 3 Настрадаа лед диодите поставени на макетата на старата охридска куќа  кај влезот на Охрид. Само после еден ден од нивното поставување непознат сторител ноќеска упаднал во паркот кај клучката на излезот од Охрид, го исклучил напојувањето, и украл дел од поставеното осветлување. Случајот е пријавен во Секторот за внатрешни работи од Охрид, каде екипите излегоа на терен и извршија увид на лице место. Ќе се трага по сторителот, вели  Сашо Велјановки-советник за јавно осветлување. Штетата која е направена изнесува околу 20 000ден., вели Велјановски. Екипи на општина Охрид...

Continue reading

Слатинско езеро

Неизвесна судбината на Слатинско Езеро

Post Views: 2 Слатинското езеро сeуште е во незавидна ситуација. По катастрофалното оштетување на браната и  истекување на водите од Слатинско Езеро во месец март, и по шест месеци,  неговата судбина е неизвесна.  Додека жителите од средна Дебрца и концесионерите на реките и вештачките езера  очекуваат негова поправка и полнење со вода, од ресорното министерство молк. Во месец јуни  општина Дебрца до Министерството за земјоделство, шумарство и  водостопансто доставила барање за негова санација, вели градоначалникот  Игор Трајкоски. „Сеуште немаме одговор кога ќе се санира. Заменикот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top