Ново спортско игралиште за ОСУ „Ванчо Питошески“

980.000 денари општински пари за изградба на спортско игралиште. Средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ ќе добие нов спортски терен, откако минатата година по судски пат загубија дел од старото. Реновирање и санации ќе добијат и останатите основни и средни училишта во нашата општина.

 |  Мишел Наумоски  | 
SOU Vanco Pitoseski
СОУ Ванчо Питошески

5.080.000 денари општински пари се одвоени само за средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“. Од оваа сума, 980.000 денари се предвидени за изградба на ново спортско игралиште откако минатата година по судски пат им беше одземен дел од старото.

„Точно е дека дел од игралиштето во средното училиште „Ванчо Питошески“ е одземен односно сопствениците си го повратија имотот кој беше нивни, бидејќи игралиштето некогаш порано било асфалтирано, луѓето си го повратија имотот и во програмата гледате дека ние сакаме да го санираме тој дел односно ќе комплетираме едно игралиште кое ќе биде исклучиво во границите на локацијата на училиштето „Ванчо Питошески“.“-вели Серафим Наумоски-Раководител на одделение за образование при општина Охрид.

Од буџетот на општина Охрид предвидени се околу 17 милиони денари за бројни санации во основните и средните училишта во нашата општина.

Serafim Naumoski„Во дел на училишта ни останува промена на надворешната дограма бидејќи на тој начин би заштедиле во голема мера и дел од огревот, така да и во оваа програма предвидени се изградба односно санација на надворешната дограма со замена на нова во ОУ „Св.Климент Охридски“, изградба односно санација на надворешна дограма во дел на училници во ОУ „Христо Узунов“, санација на надворешна дограма во ЕМУЦ „Свети Наум Охридски“, санација на надворешна дограма во училиштето „Свети Наум Охридски“ во Пештани.“-додава Наумоски.

Средства за санација на кровови и санитарни јазли ќе има и во основното училиште „Братство Единство“-Крст џамија. Ќе биде сменета и надворешната дограма во ходниците во ова училиште кое за жал функционира со лоша инфраструктура.

Да се надеваме дека сите санации ќе бидат извршени до крајот на годината, и дека сите Охридски училишта ќе ја добијат највисоката оценка од Државниот образовен инспекторат.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top