Започна изградбата на куќата на Ајри Доко

 

Започнаа градежните активности за изградба на куќата на Ајри Доко. Овој објект кој е под заштита на Завод и музеј мораше да се сруши до темел, затоа што при изградба на соседниот објект пред две години, дојде до сериозни оштетувања на куќата на Доко. „Најголеми беа оштетувањата во темелните парти, што допринесе до пореметување на целата конструкција на објектот“, истакна директорката на Заводот за заштита на спомениците на културата, Тања Паскали Бунташеска.

 |  Татјана Маленкова  | 
kuka
kuka

Започнаа градежните активности за изградба на куќата на Ајри Доко. Овој објект кој е под заштита на Завод и музеј мораше да се сруши до темел, затоа што при изградба на соседниот објект пред две години, дојде до сериозни оштетувања на куќата на Доко. „Најголеми беа оштетувањата во темелните парти, што допринесе до пореметување на целата конструкција на објектот“, истакна директорката на Заводот за заштита на спомениците на културата, Тања Паскали Бунташеска.

„Ние како надлежна институција бидејќи објектот е заштитен со поединечно решение и претставува поединечно споменично добро изработивме елаборат проект, прво елаборат за валоризација на објектот потоа и проект за санација на куќата и во текот на 2011 год. започнавме со негова реализација затоа што оштетувањата беа во таков обем што мораше куќата да се руши и наново да се изведува“, вели директорот на завод и музеј, Тања Паскали Бунташеска.

Бунташеска додава дека куќата ќе се изгради иста како што беше, без никакви отстапувања, ни во габарит, ни во висина. Новата градба ќе има и идентична архитектура со фасадно употребени идентични матријали. Проектот ќе се реализира во неколку фази, а според проценките на стручните лица, проектот комплетно ќе се заврши за неколку години.

izgradbaНо не е само куќата на Доко од интерес на министерството за култура. Од оваа институција постојано се издвојуваат средства за санација и конзервација на поединечно заштитени објекти од староградската архитектура.
„ Уште во 2002 – 2003 год. министерството додели средства за санација на куќата од Крапчевци. Пред четири години добивме средства за санација на куќата од Патчеви веднаш до куќата на Робевци се изврши санација на фасадите и комплетно се смена надворешната столарија на објектот, од минатата година почнавме со санација на куќата на Бојаџиеви во текот на минатата година се заврши првата фаза и се изврши санација на кровот и кровната конструкција оваа година продолжуваме со втората фаза и ќе го санираме ентериерот, затоа што таа куќа како една од ретките поседува многу редок оргинален ентериер“, додава Бунташеска.

izgradbaБројот на објектите кои се под заштита на завод и музеј се менува. Има објекти кои поради интервенција на своја рака на сопствениците, го губат статусот на заштитени објекти, но има и такви за кои постои интерес на државата да ги стави под свое крило. Охриѓани во секој случај се принципиелни и горди на своите објекти – културно историски споменици. Од Завод и музеј откриваат дека неколку вакви објекти има и во Вевчани. Проектите за овие куќи се веќе подготвени и грижата за истите за скоро време ќе ја преземе заводот за заштита на спомениците на културата.

Во моментов проблемот е во Струга. Според првиот човек на Завод и музеј, овде битката како да се губи. Сопствениците на старите градби и покрај тоа што истите се под заштита, сепак преземаат активности на своја рака. Паскали Бунташеска вели дека тие како институција реагираат, но се завршува тука, за жал објектите кои се обележје на некое време молскавично се модифицираат и осовременуваат и покрај тоа што сопствениците немаат одобрение од Завод и музеј.  

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top