Ќе се санираат тротоарите на улицата „Питу Гули“

Ќе се санираат тротоарите на улицата Питу Гули. Ова е барање на граѓаните но и на училиштето Христо Узуниов во кое голем дел од учениците доаѓаат токму по оваа улица. Поправен е и надвозникот кој години наназад беше руиниран и вон употреба.

 |  Јаковлева Лионела  | 
trotoar
тротоар

Улицата „Питу Гули“ заборавена од надлежните. Ова го тврдат граѓаните кои живеат на оваа улица која се протега од кружниот тек кај болницата па се до новата автобуска станица. Тие додаваат дека оваа улица е многу прометна како за сообраќај така и за пешаци посебно сега кога започна учебната година, а тука се наоѓа едно од најголемите основни училишта, „Христо Узунов“. Учениците сакаат што побрзо да се направат тротоарите за да не газат во дупки. Повозрасните пак велат дека улицата наликува на селски пат. Директорот на ОУ „Христо Узунов“, Тони Симоновски вели дека и училиштето ја согледало потребата од санација на тротоарите.мостот

Ние веќе испративме барање до локалната за санација на тротоарите и добивме позитивен одговор, објаснува Симоновски.

Од Секторот за коминален развој објаснуваат дека „Питу Гули“ е влезена во годишната програма и дека е планирана надградба на тротоарите по цела должина и тоа во текот на есенва.

Инаку, за поголема безбедност посебно на учениците пред седум години беше изграден и надвозник. Тој до пред извесно време беше во незавидна состојба поради несовесните деца кои вандалски се однесуваа и постојано ги кршеа светлата во надвозникот и го руинираа. Но, училиштето со помош на спонзори и родителите го санираа надвозникот и сега тој може да се користи од страна на пешаците.

Само јас сменав 80тина талпи на надвозникот, а помагаа и другите родители, велиДушко Цветкоски, родител.

Планирано е наставниците заедно со Свр да одржат едукативни средби со учениците како во иднина не би се однесувале неодговорно кон овој мост кој е изграден за општо добро.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top