Ознака: Ристеска

deca

Свечено пуштен во употреба новиот дел на градинката „Јасна Ристеска“

Post Views: 1   Денес свечено беше отворен новиот дел на градинката „Јасна Ристеска“. Дечињата од оваа градинка фаќајќи го за рака Градоначалникот Александар Петрески го однесоа до трите   занимални и  новата трпезарија во која ќе можат да уживаат и да ги поминуваат своите детски денови нивните нови другарчиња кои треба да пристигнат од наредната недела. Со овој симболичен гест доградбата на централната градинка се стави во употреба. Градоначалникот Петрески не го криеше задоволството од позитивната реализација на овој како што кажа капитален проект кој го финансираше Локалната. Тој...

Continue reading

grdinka

Стартуваат новите градински групи во централната градинака „Јасна Ристеска“

Post Views: 6 Од наредната недела стартуваат новите градински групи во централната градинака „Јасна Ристеска“. Новите простории во доградениот дел на оваа градинка утре, на денот на нејзиниот патрон свечено ќе бидат пуштени во употреба. Тие се изградени по сите нормативи и стандарди според правилникот за изградба на детска градинка. Во новите простории има три занимални, една трпезарија и магацински дел. Таму ќе бидат згрижени 90 деца, вели директорката на градинката, Марина Петровска Тодоровска. Доградбата на централната градинка ја финансираше Локалната самоуправа, а уредувањата...

Continue reading

dobrotvorna sliki

Фотографиите од добротворната изложба ги маѓепсаа посетителите

Post Views: 5 Кога се работи за најмладите, веројатно нема срце што не сака да помогне. Тоа недвосмислено го докажа вчерашната добротворна изложба на фотографии од проектот „Охрид, град на цвеќето“. Советници во општината, директори на јавни претпријатија, сопственици на приватни бизниси, иако различни, во суштина сепак слични. Сите се собраа на едно место , со заедничка цел, да го дадат својот придонес во обезбедувањето на иднината на најмладите. Имаа на располагање избор од 47 фотографии со мотиви од Охрид во кои главен актер беше цвеќето. Беа воодушевени од сите фотографии, но...

Continue reading

park shetalishte

Со купена фотографија-до нов инвентар за градинката „Јасна Ристеска“

Post Views: 0 Ако ја љубите фотографијата, а сакате и да помагате, тогаш еве ви можност да уживате во двете работи истовремено. Во понеделник, 5ти Ноември, во лаунџ барот Објектив, ќе се случи хуманитарна изложба на фотографии во изработка на Петар Боев. Инаку станува збор за 47 фотографии кои се сликани од месец Април па наваму, а се дел од проектот „Охрид, град на цвеќето 2012“. На фотографиите доминира цвеќето како мотив, со карактеристична охридска позадина. Фотографирани се градскиот парк и околината, а направени се фотографии и од акцијата за украсување на куќите во стариот...

Continue reading

gradinka

Листата за чекање во градинка – пократка

Post Views: 7 Реконструкцијата на централниот објект на детската градинка „Јасна Ристеска“ заврши. Сега, конечо може да здивнат и родителите и дирекорката на детската установа. Оваа година листата за чекање место за упис во  централниот објект на градинката ќе биде многу пократка. Со години во овој објект родителите бараа место повеќе за прием на нивните деца. Со доградбата на објектот овој проблем ќе биде ублажен, вели Серафим Наумоски од Локалната самоуправа, која го финансираше проширувањето на објектот. „Дограмата е поставена сега сме во фаза на чекање да се исуши кошулицата ...

Continue reading

baner

Со заедничка работа, до одлични резултати

Post Views: 0 Објектот Лихнида од детската градинка „Јасна Ристеска“ светна во боите на виножитото. Советот на родители при детската градинка „Јасна Ристеска“ – објект Лихнида и „Ротаракт“ клубот од Охрид, ја разубавија фасадата на оваа детска установа, а задоволството и кај децата и кај вработените огромно, вели претседателот на советот на родители, Иван цветкоски. „Со задоволство можам да кажам дека успешно го завршивме, по лицата што ги гледаме на дечињата на воспитувачките и негувателките како и целиот кадар што работи во објектот „Лихнида“. Мислам дека направивме полн погодок“...

Continue reading

decinja so maski

„Здрава храна за детство без мана“

Post Views: 27 Јаболка, јаготки, цреши, моркови, патлиџани и многу други овошја и зеленчуци никнаа во дворот на градинката „Јасна Ристеска“. Дечињата од петте објекти на оваа градинка на возраст од 4 до 6 години преку своите маски упатија порака до сите деца, но и возрасни дека треба здраво да се храниме. Секое од децата си има свое омилено овошје и зеленчук: „Јас сум јаболко зошто многу сакам да го јадам ова овошје“„Јас сум цреша, таа е најслатка“„Јас сум јаготка“ „Јас сум патлиџан, едвај чекам да дојде лето за да можам да јадам патлиџани, ама охридски“„Јас сум морков, го јадам како...

Continue reading

gradinka

Охриѓанчињата го поздравија првиот пролетен ден

Post Views: 5 Голем број ученици на градскиот Плоштад и на Кејот, традиционално го поздравија доаѓањето на пролетта. Основците облечени во најразлични костими, со песна и смеа го разубавија и поздравија првиот пролетен ден. Децата не ги заборавија и транспарентите со кои упатија еколошки пораки до возрасните. Тие порачаа да ја чуваат животната средина.  И најмалите дечиња од 5-те детски градинки на ЈДУ „Јасна Ристеска“, на свој начин го поздравија првиот пролеттен ден. Во детската градинка „Лихнида“ најмладите покрај пригодните песнички за пролетта, засадија цвеќиња во дворот на градинката....

Continue reading

gradinka

Стартува доградбата на ЈДУ „Јасна Ристеска“

Post Views: 1 Започнаа градежните зафати за проширување на  западното и источното крило на централниот објект на детската градинка „Јасна Ристеска“. Проектот  е финансиран од страна на Локалната самоуправа и треба да заврши со почетокот на учебната 2012/2013 година. Од општинскиот буџет за оваа намена  се одвоени околу 9 милиони денари. Со изградбата на новите простории се добиваат околу 75 слободни места за прифаќање на децата од предшколска возраст, нагласува директорката Марина Петровска Тодоровска. Најтешко ми е кога морам да им кажам на родителите кои бараа место за сместување...

Continue reading

патронат

О.У. „Григор Прличев“ го слави својот патронен празник

Post Views: 0 Пред бистата на големиот поет и преродбеник во дворот на училиштето, беше положен ловоров венец, а беа прочитани и првонаградените литературни творби од конкурсот на тема „Охрид, моја гордост, моја инспирација“. Ликот и делото на  Прличев, најголема инспирација за младите поетеси. „Моја инспирација беше Григор Прличев, кој е човек што и покрај сите грчки плукања тој успеал да стане втор Хомер и тоа мене ми беше многу голема инспирација за да напишам песна, ми требаа два дена и јас со голема желба ја напишав таа песна“, велат Мартина Целеска и Марија Мисоска. Во чест...

Continue reading

gradinka

Детската градинка „Јасна Ристеска“ ќе се проширува

Post Views: 0 Завршена е тендерската постапка за доградба на објектот на централната детска градинка „Јасна Ристеска“. Избран е и  изведувачот, па проширувањето на објектот ќе стартутва годинава со подобрување на временските услови. За оваа намена Локалната самоуправа има издвоено 9 милиони денари. Со овие средства, а според потребите на градинката, од просторни услови  ќе бидат изградени три нови занимални во источното и западното крило на градинката, три санитарни јазли и трпезарија. Серафим Наумоски од Локалната самоуправа информира дека се планирани и  промени на дограмата, како...

Continue reading

priredba

Официјално промовиран зборникот на училишни проекти

Post Views: 0 Зборникот со наслов „Осигурување на квалитет“ ја доживеа и својата официјална промоција. Во него објавени најуспешните училишни проекти од целата држава. На денешната промоција покрај авторите на оваа идеја, Јелица и Атанас Николовски присутни беа и просветни работници од повеќе градови од Македонија. Книгата во која беа синтетизирани најуспешните училишни проекти од училиштата од Македонија доби и официјална презентација. Зборникот насловен како „Осигурување на квалитет“ успеа на едно место да собере просветни работници од Кичево, Ресен, Охрид, Струга, Гостивар. Промоцијата...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top