Ознака: Ристеска

vospitacka

Воспитувачи од детските градинки од Словенија ја посетија „Јасна Ристеска“

Post Views: 3 50 тина вопситувачи, негувателки и директорки од Словенија ја посетија охридската централна градинка „Јасна Ристеска“. Директорката на градинката Роза Костеска кажа дека со нивните колеги од Словенија размениле меѓусебни искуства во работењето на установите. Гостите се интересирале за начинот на работа на градинката, како и  за програмите по кои се работи со децата. „ Ние се носиме со европските стандарди, нема критики. Во некои работи дури сме и понапред од нив. Само што кај нас треба да има помал број на деца во групите. Се друго се работи над стандардите. Гостите...

Continue reading

gradinka

Градинката „Јасна Ристеска“ бара доградба и изградба на 2 нови објекти

Post Views: 4 Во моментов во сите објекти на детската градинка „Јасна Ристеска“ се згрижени 878 деца. На листа на чекање се само 20 тина деца. Групите се преобемни, а слободни места нема, со исклучук во групите на албански и турски јазик,  информира Розе Костоска, директор на градинката. Повеќе од неопходна  е потребата од изградба на нови детски градинки во Охрид и приградските населби.  Интересот на жителите  од Велгоши и Лескоец за сместување на децата во градинка во овие две населени места е огромен па се  јавува потреба од формирање на градинка,  а не само од групи, појаснува...

Continue reading

gradinka

Продолжениот престој и оваа година ќе функционира

Post Views: 1 Родителите можат да бидат мирни. Продолжениот престој во рамките на ОУ Григор Прличев и градинката Јасна Ристеска и оваа година ќе функционира. Веќе се запишани 43 дечиња на возраст од шест до десет години кои се згрижени од стручен персонал од градинката кој поседува соодветно образование за одделенска настава. Се очекува овој број да се зголеми бидејќи уписите траат до крајот на септември. Цената на чинење за целодневниот престој е иста како во градинката и изнесува 1590 ден. а во неа покрај престојот се вклучени и три оброци, кажува Роза Костеска-директорката на ...

Continue reading

sah

Дечињата од градинката „Јасна Ристеска“ ги откриваа убавините на шахот

Post Views: 2 Велат дека првиот допир шаховската игра знае да биде посебно доживување. Денес и се уверивме во тоа. Дечињата од централната градинка „Јасна Ристеска“ се запознаваа со шахот, со фигурите, со нивното движење по шаховската табла. За некои од нив ова беше прва средба со оваа античка игра, додека некои веќе знаеја по нешто за шахот. „Јас знам да играм шах, брат ми ме научи и секогаш ме победува. Некогаш мене ме победува, некогаш јас него.“ „Со црните се фаќа белото, а со жолтото се фаќа белото.“-рекоа дел од нив. Ова запознавање на малите дечиња со шахот е всушност иницијатива...

Continue reading

rabotnicki univerzitet

Дипломи за успешно завршен курс за изработка на сувенири и бижутерија

Post Views: 30 Курсот траеше три месеци и истиот успешно го завршија кандидатите со различна воздраст и по националност. Сите кои го завршија курсот, оптимисти дека токму оваа доплома е нивната иднина. „Мене најмногу ме привлекува работа со стакло, затоа што всушност тоа го работиме, а сега научивме уште повеќе. Научивме техника на изработка  на стакло со акрилни бои, со проѕирни бои и техника за работа со хартија и картон, со текстил со суво цвеќе, со накит, како и многу други техники“, вели Елена Обуха. Организатор на курсот е отворениот граѓански унивезитет за доживотно учење,...

Continue reading

меморандум

Mеморандум за соработка помеѓу СРЦ „Билјанини извори“ и ЈДУ „Јасна Ристеска“

Post Views: 6   Спортско рекреативниот центар „Билјанини извори“ за прв пат од своето постоење ќе ги отвори вратите  за најмалите охриѓанчиња од сите детски градинки. В.д . директорите, Иван Цветкоски,  на СРЦ „Билјани извори“ и Роза Костоска, на ЈДУ „Јасна Ристеска“,  потпишаа меморандум за соработка. Децата од сите 5 објекти  на градинката по еден час дневно во текот на неделата ќе може да спортуваат на терените во центарот.  „ Ова е од големо значење за децата, за нивниот физички развој,  да ги отргнеме од компјутерите и ТВ приемниците. На тој начин ќе допринесеме за нивно поголемо...

Continue reading

gradinki

Градинката „Јасна Ристеска“ се соочува со недостиг на кадар

Post Views: 0 Недостиг од кадар е проблемот со кој се соочува градинката Јасна Ристеска. На 31 март истекоа договорите за работа за 10 воспитувачки во градинката Јасна Ристеска, ангажирани преку Агенција за вработување од страна на Локалната самоуправа, информира  директорката Марина П. Тодоровска. Таа  ги демантира сите  гласини  дека тие  се избркани од работа. Иако  воспитните групи се со поголем број на деца, а помал број на воспитувачки, градинката работи нормално, уверува Петровска.  Директорката ги негира и сите шпекулации во јавноста поврзани со  работата на оваа установа,...

Continue reading

gradinka

Дечињата и се радуваа на пролетта

Post Views: 1 Весело, разиграно, распеано. Дечињата од детската градинка Јасна Ристеска маскирани во пеперутки, цвеќиња, бумбари, пчели, штурчиња и се радуваа на пролетта.   Директорката на градинките Марина Петроска Тодороска вели дека секоја година во оваа образовна институција на 21 март има програма со која го одбележуваат денот на пролетта. Таа додава дека овој настан е составен дел од воспитно образовната програма. „На 21 март ја поздравуваме пролетта со соодветна содржина, соодветна програма заедно со децата маскирани во предвесници на пролетта ја прославуваат пролетта. Самите...

Continue reading

gradinka

Децата згрижени во објектите на градинката Јасна Ристеска здраво се хранат

Post Views: 6   Децата згрижени во објектите на градинката Јасна Ристеска здраво се хранат, вели директорката Марина Петровска Тодороска. Храната ги задоволува сите стандарди и нормативи пропишани за храна за деца од предучилишна возраст. Оброците се свежи и квалитетни, а не се користат никакви месни преработки како паштети, виршли, салами и др., додава таа. Со оглед на тоа дека во последно време квалитетот на млекото во голема мера ја разбранува јавноста, од градинката смируваат дека млечните производи кои се конзумираат таму се со највисок квалитет. Директорката вели дека нема причина...

Continue reading

rekviziti

Добра идеја, успешна реализација

Post Views: 4 Добра идеја, успешна реализација. Акцијата која Општина Охрид заедно со Црвен Крст и ракометарите ветерани ја спроведоа уште пред новата година, денес доби свој епилог. Од средствата кои се собраа од одржувањето на хуманитарниот ракометен натпревар помеѓу РК „Охрид 2012“ и ветераните, се купија спортски реквизити кои денес беа донирани во градинката „Јасна Ристеска“, вели Филип Јованоск, портпарол на Локалната самоуправа. И од Црвен крст задоволни како протекла оваа хуманитарна акција. Претседателот Сашо Точко ветува дека и понатаму ќе соработуваат со детската градинка...

Continue reading

марија

Жените похрабри да започнат сопствен бизнис

Post Views: 18 Марија Мајсторовиќ е идна козметичарка. Таа е една од ученичките која го посетува курсот за козметичари во отворениот граѓански универзитет за доживотно учење „Кузман Шапкарев“.  Оваа млада девојка практичниот дел од курсот  за козметичари го обавува во козметичкиот салон „Изида“ кој соработува со  отворениот граѓански универзитет за доживотно учење.„Многу сум задоволно, научив работи кои ќе можам да ги користам во понатамошната работа. На курсов можеше да се научи се и ги пробавме сите третмани, Сузана е целосно предадена на пренесување на знаењето како  и останатите...

Continue reading

nastoski

Ќебиња, донација за градинка

Post Views: 9 Зимата доаѓа, ќебиња секогаш се потребни. Детската градинка Јасна Ристеска доби 40 ќебиња. Станува збор за донација од семејството Настоски, наменета за децата од предучилишна возраст. Директорката на установата Марина Петроска Тодоровска благодарна на овој хуман гестот. Таа изрази посебно задоволство од иницијативата и ангажирабоста која ја покажуваат фирмите и поединците а се со цел да се подобрат условите за престој и воспитување на децата. „Тоа го поздравувам од мое име и од целиот колегиум и од дечињата, веќе добивме донација теписи за новите простории а еве денес...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top