Дипломи за успешно завршен курс за изработка на сувенири и бижутерија

10 охриѓани добија дипломи за изработка на сувенири и бижутерија.

 |  Маленкова Татјана  | 
rabotnicki univerzitet
работнички универзитет

Курсот траеше три месеци и истиот успешно го завршија кандидатите со различна воздраст и по националност. Сите кои го завршија курсот, оптимисти дека токму оваа доплома е нивната иднина.

„Мене најмногу ме привлекува работа со стакло, затоа што всушност тоа го работиме, а сега научивме уште повеќе. Научивме техника на изработка  на стакло со акрилни бои, со проѕирни бои и техника за работа со хартија и картон, со текстил со суво цвеќе, со накит, како и многу други техники“, вели Елена Обуха.

Организатор на курсот е отворениот граѓански унивезитет за доживотно учење, подржан од ДДВ интернационал со средства кои се влечат од Германија.   Директорката на Кузман Шапкарев, Славица Ристеска вели дека сите кандидати кои го посетувале курсот си одбрале некоја техника според своите афинитети.

„Ние го извлековме максимумот да употребите техники според условите на работа, бидејќи неколку месеци rabotnicki univerzitetнемаме електрична енергија и сметам дека во иднина кога ќе ги организираме и новите курсеви, програмата ќе се доработува и ќе се внесуваат се нови техники кои ќе овозможат луѓето кои ќе се образуваат да се најдат себеси.  Сите кои завршиле некое училиште и имаат афинитети за нешто  друго би им препорачала да се доедуцираат да се дообучуваат и да го работат она што го сакаат“, вели Славица Ристеска,директор на отворениот граѓански универзитет за доживотно учење.

Ристеска и препорача на локалната да помогнат Охрид да има сувенир со Охридски одбележја, кој секој турист би поскал да го понесе за спомен.  Оваа идеја со задоволство ја прифати претседателката на советот на општина Охрид, Гордана Коњановска, која денеска во има на локалната се обрати до сите кои го завршија курсот и им ги врачи дипломите.

rabotnicki univerzitet„Во рамките на своите ингеренции локалната самоуправа јас не се сомневам дека ќе прави максимални напори да го подржува овој концепт во соработка со овој отворен универзитет и не се сомневам дека идејата која е произлезена од овој проект и која е стара дека Охрид треба да има препознатлив автентичен, рачно изработен и уникатен сувенир како заштитен знак ќе биде процесуирана понатака и ќе се изроди со трајно решение, на оваа тема“, вели претседателката на совет на Општина Охрид, Гордана Коњановска.

Коњановска додаде дека концептот на доживотно образование е концепт кој е широко прифатен насекаде во светот и бенефитите на тој концепт несомнено се докажани онаму каде што се има поголемо искуство. Коњановска е категорична дека луѓето ќе мора да се адаптираат на потребите на пазарот на работна сила.  Инаку денеска директорката на универзитетот на претседателката на советот и подари и рачно изработен сувенир, кој  најверојатно ќе го краси кабинетот на градоначалникот или пак некоја друга канцеларија во локалната самоуправа.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top