Детската градинка „Јасна Ристеска“ ќе се проширува

Завршена е тендерската постапка за доградба на објектот на централната детска градинка „Јасна Ристеска“. Избран е и  изведувачот, па проширувањето на објектот ќе стартутва годинава со подобрување на временските услови.

 |  Валентина Нелоска  | 
gradinka
градинка

gradinkaЗавршена е тендерската постапка за доградба на објектот на централната детска градинка „Јасна Ристеска“. Избран е и  изведувачот, па проширувањето на објектот ќе стартутва годинава со подобрување на временските услови. За оваа намена Локалната самоуправа има издвоено 9 милиони денари. Со овие средства, а според потребите на градинката, од просторни услови  ќе бидат изградени три нови занимални во источното и западното крило на градинката, три санитарни јазли и трпезарија. Серафим Наумоски од Локалната самоуправа информира дека се планирани и  промени на дограмата, како во централниот објект, така и во останатите четири  детски градинки во градов. Во објектот Билјана планирано е уредување на дворното место, во Развигорче санација на санитарните јазли, а во Росица замена  на столаријата. Локалната самоуправа покрај подобрувањето на условите за престој на децата во градинките, ќе ја подигнува и спортската култура кај најмладата популација со  ангажирање на 2 -ца професори по спорт. Исто така според бројот на паралелките и потребите  на основните училишта од 1 до 4 одделени ќе бидат ангажирани неколку професори по спорт.
За оваа календарска  година од општинскиот буџет за подбрување на условите во основното и средното  образовани, во детската и социјалната заштита , спортот и невладините организации  се планирани 60 милиони денари. Од оваа сума 4,5 милиони се предвидени  за подобрување на детската заштита, а за спорт 14 милиони денари. „По пауза од една година ќе распишеме конкурс за стипендирање на 20 успешни млади спортисти од Охрид. За нивните успеси  од општината ќе добиваат месечна стипендија  од  2000 денари“, нагласува Наумоски.
Во конструкцијата на општинскиот буџет покрај поддршката за образование и спорт, не се заборавени
ниту невладините органзации, здруженијата на граѓани и културните манифестации. За овие проекти и потреби се предвидени 5 милиони денари.

{loadposition content}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top