Со заедничка работа, до одлични резултати

Советот на родители при детската градинка „Јасна Ристеска“ – објект Лихнида и „Ротаракт“ клубот од Охрид, деновиве реализираа проект со кој ја разубавија фасадата на градинката.

 |  Голабовски Крсте  | 
baner
банер

Објектот Лихнида од детската градинка „Јасна Ристеска“ светна во боите на виножитото. Советот на родители при детската градинка „Јасна Ристеска“ – објект Лихнида и „Ротаракт“ клубот од Охрид, ја разубавија фасадата на оваа детска установа, а задоволството и кај децата и кај вработените огромно, вели претседателот на советот на родители, Иван цветкоски.

цветкоски и здравески„Со задоволство можам да кажам дека успешно го завршивме, по лицата што ги гледаме на дечињата на воспитувачките и негувателките како и целиот кадар што работи во објектот „Лихнида“. Мислам дека направивме полн погодок“ вели Цветкоски.

Цветкоски се надева дека општествената одговорност која ја покажале при реализацијата на овој мини проект уште пошироко ќе им ги отвори вратите кај другите институции и самите во иднина да се потрудат и да санираат некои работи во градинката, кои пред се се потребни за подобрување на здравјето и безбедноста на децата. Здравески Драги пак, претседателот на „Ротаракт“ клубот од Охрид, кои помогнаа при реализација на овој проект, вели дека нивните позитивни заложби продолжуваат, а целта е само една: децата да се чувствуваат пријатно во средината во која престојуваат.

zid„Можам да кажам дека ние немаме некои потешкотии, но сепак тука треба да се вклучи целото општество целата јавност, бидејќи општествената одговорност е најважна, кога сите работиме заедно, секако многу полесно ќе се остварат проектите“ објаснува Здравески.

Покрај новиот изглед кој го доби фасадата на оваа детска установа, исто така освежена е и патеката во дворот на објектот каде се исцртани стапалки во различна боја. Следен чекор ќе биде обезбедување средства за санација на песочниците од градинката кои многу години се запоставени, како и оградата околу игралиштето. Од Советот велат дека со овие зафати во голема мерка ќе им се олесне на воспитувачките да ја реализираат наставната програма.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top