Стартува доградбата на ЈДУ „Јасна Ристеска“

Започнаа градежните зафати за проширување на  западното и источното крило на централниот објект на детската градинка „Јасна Ристеска“.

 |  Валентина Неловска  | 
gradinka
градинка

gradinkaЗапочнаа градежните зафати за проширување на  западното и источното крило на централниот објект на детската градинка „Јасна Ристеска“. Проектот  е финансиран од страна на Локалната самоуправа и треба да заврши со почетокот на учебната 2012/2013 година. Од општинскиот буџет за оваа намена  се одвоени околу 9 милиони денари. Со изградбата на новите простории се добиваат околу 75 слободни места за прифаќање на децата од предшколска возраст, нагласува директорката Марина Петровска Тодоровска. Најтешко ми е кога морам да им кажам на родителите кои бараа место за сместување на  нивното дете дека нема слободно место, а сега сум навистина задоволна што ќе се реши просторниот проблем, вели Петровска Тодоровска. „Со доградбата ќе се добијат три нови занимални, санитарни јазли  и трпезарија. Бројот на децата во групите неколку години наназд е над нормативите. Сега  ќе се намали бројот што е над нормативите и  ќе се доведе во рамките на нормативот“, укажува директорката. 
gradezni rabotiДетската градинка Јасна Ристеска во моментов згрижува близу 700 деца на возраст од 5 месеци па се до 6 години. Во моментов  во просториите  се згрижени и деца со продолжен престој на возраст од 6 до 10 години. Потребите за сместување на децата постојано растат не само за централниот објект туку и во остантите објекти.,  Доколку интересот за градинките расте со несмален интензитет како и досега  ќе предложиме да се прошират и  останатите објекти нагласува директорката. Петровска Тодоровска додава дека она што повеќе загрижува е вработувањето на нов кадар. Со сегашното проширувањето се отвараат места  за уште 6 вработувања, но е неизвесно дали Министерството за труд и социјална политика ќе ги одобри. Повеќе години останува  нерешено прашањето со воспитно- згрижувачкиот персонал. Триесетина вработени се ангажирани со договор на дело, а некои од нив чекаат решение за постојан работен однос и по десетина години,   потенцира директорката Петровска Тодороска. 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top