Официјално промовиран зборникот на училишни проекти

Зборникот со наслов „Осигурување на квалитет“ ја доживеа и својата официјална промоција. Во него објавени најуспешните училишни проекти од целата држава. На денешната промоција покрај авторите на оваа идеја, Јелица и Атанас Николовски присутни беа и просветни работници од повеќе градови од Македонија.

 |  Мишел Наумоски  | 
priredba
priredba

Зборникот со наслов „Осигурување на квалитет“ ја доживеа и својата официјална промоција. Во него објавени најуспешните училишни проекти од целата држава. На денешната промоција покрај авторите на оваа идеја, Јелица и Атанас Николовски присутни беа и просветни работници од повеќе градови од Македонија.

Книгата во која беа синтетизирани најуспешните училишни проекти од училиштата од Македонија доби и официјална презентација. Зборникот насловен како „Осигурување на квалитет“ успеа на едно место да собере просветни работници од Кичево, Ресен, Охрид, Струга, Гостивар. Промоцијата ја отворија најмалите. Децата од градинката „Јасна Ристеска“ одлично се покажаа како домаќини и дадоа одличен вовед во презентацијата на овој зборник. Професорката Јелица Николовска, еден од носителите на оваа идеја, рече дека она што се прави како проект по правило треба и да биде објавено.

priredbaПокрај авторите на зборникот, на оваа промоција присутен беше и директорот на економското училиште „Чеде Филиповски“ од Гостивар. Преку проектот „ Аргументирана дискусија во демократија“, и ова училиште најде свое место во зборникот.

Промоцијата на зборникот беше отворена токму од домаќините, детската градинка „Јасна Ристеска“ од Охрид. И нивниот проект со наслов „Охридска приказна“ беше овековечен во зборникот на училишни проекти. Овој проект беше изработен токму од децата од „Јасна Ристеска“, а вклучуваше презентирање на убавините на нашиот град.

{loadposition contenti9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top