Ознака: регионот

Необичен и нелегален подарок за роденден

Post Views: 0 Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, добил подарок за својот 70 роденден од боливијскиот претседател Ево Моралес, колач направен од лисја на кока. Бан Ки-мун се наоѓа во посета на Боливија во градот Санта Круз на состанок на групата G77, на кој се разговара за мерките за сузбивање на сиромаштијата, пренесува Reuters. Коката се користи за производство на кокаин, а домаќинот Моралес, е поранешен производител на кока кој долго ја бранел легалната употреба на ова растение како “древен ритуал” во правење чај, слатки и лекови. Народот во регионот на Андите,...

Continue reading

alternativen turizam

Дебрца, Вевчани, Охрид, Струга, Корча и Поградец тргнуваат кон алтернативен туризам

Post Views: 15 Неколку рурални и неколку урбани општини од Македонија и Албанија буквално тргнуваат кон алтернативниот туризам. Водилка ќе им биде проектот кој го носи токму тој наслов, „Кон алтернативен туризам“, а го спроведуваат Македонската развојна фондација за претпријатија и невладината Партнерс Албанија. Денес ја имаа почетната работилница на која учество зедоа туристички работници и претставници од општините Дебрца, Вевчани, Охрид, Струга, Корча и Поградец. На работилницата ќе се идентификуваат неколку туристички потенцијали во регионот поврзани со алтернативниот туризам,...

Continue reading

rotari

Ротарјанците во Охрид расправаа за иднината на регионот

Post Views: 0 Ротаријанците во Охрид расправаат за иднината на регионот. Целта е да испратат порака за пријателство и мир од Република Македонија, како и за економска соработка и грижа за младите генерации. Претседателот на Ротари клубот од Охрид, Владо Павлоски, истакна дека чест е што Охрид е домаќин на еден ваков голем настан со кој се врши промоција на градот од повеќе аспекти. „Вакви настани се, би рекол ветар во грб, за понатамошна работа на сите ротари  клубови, во зближување на народите во дружење, затоа што оваа форма и ова ниво дава големи резултати во постигнување на мир,...

Continue reading

конференција безбедност

ЕУ интеграциите гарант за безбедноста на Македонија

Post Views: 8 Во моментов, реална безбедносна закана за нашата држава не постои, но експертите велат дека значаен проблем е можноста за одолговлекување на стабилизацијските процеси. Се поставува прашањето, што тогаш значат европските интеграции од аспект на безбедноста за нашата земја? ЕУ несомнено претставува еден гарант за безбедноста, вели Проф.Никола Дујовски од Факултет за безбедност од Скопје. „Постои еден сигурен гарант внатре во механизмите на унијата од различни внатрешни конфликти или од закани однадвор и затоа е доборо што побрзо да ги завршиме што е можно побрзо сите потребни...

Continue reading

konferencija

Охрид домаќин на претседателите на парламентите од земјите од ЈИЕ

Post Views: 0 Претседателите на парламентите од земјите од Југоисточна Европа седнаа на заедничка маса. На десеттата, јубилејна конференција, разговараа за заедничките предизвици со кои се соочуваат земјите од југоисточна Европа, како и улогата на националните собранија во надминувањето на проблемите.Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Велјаноски, потенцираше дека еден од тие заеднички проблеми е секако економската криза. Велјаноски рече дека без соодветни реформи, земјите од регионот економски ќе стагнираат. Во таа насока, тој изјави дека Република Македонија...

Continue reading

sela sredba kosovski ambasador

Косовскиот амбасадор во посета на општина Струга

Post Views: 0   Добрососедските односи и соработката во регионот тема на средбата помеѓу Косовскиот Амбасадор Илбер Хиса и градоначалникот на Струга, Зијадин села. Амбасадорот Хиса е меѓу првите дипломати кој лично му ја честитаа победата на градоначалникот и новата функција. „Струга е привлечно место кое косоварите ќе го користат за летување, а изградениот нов пат Косово – Албанија, неможе и нема да биде пречка за Косоварите како дестинација да ја изберат Струга“, рече амбасадорот Хиса. На новинарско прашање, дали и кога би се вовел режим на гранично минување со лична карта, амбасадорот...

Continue reading

Diaridi Makedonija

Галичица дел од „Динарските паркови“ и новиот туристички бренд

Post Views: 2 Националните паркови „Галичица“, „Маврово“ и „Пелистер“ ќе бидат „Динарски паркови“. Овој голем, меѓународен проект, под една капа ќе ги стави вкупно 75те национални паркови и паркови на природата од поранешна Југославија, плус Албанија. Главната цел е вмрежување на парковите, нивно брендирање и нивна подеднаква промоција во светски рамки. Новата поврзаност помеѓу парковите која треба да ја обезбеди овој проект, понатака ќе треба да значи работење и на други вакви и слични проекти и во иднина, обуки на вработените и воедно поголемо и подобро искористување на парковите...

Continue reading

jordan trajkov

Организација и координација на факторите, можен успех во туризмот

Post Views: 4 Силна организација и координација на сите фактори вклучени во развојот на туризмот, е една од целите на кои интензивно ќе работи Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, се со цел да се надминат проблемите со кои се соочува оваа стопанска гранка, ова неодамна го истакна нејзиниот директор, Јордан Трајков. „Значи има конкретни проблеми проблеми меѓу хотелиерите, туристичките агенции и водичите и дека е потребен фер однос од сите инволвирани, се со цел колку е можно повеќе туристи да дојдат и да се чувствуваат подобро во Македонија“ објаснува Трајков. Што се однесува...

Continue reading

deponija

Јапонците ни ги скенираат депониите

Post Views: 1 Ќе се реши ли конечно еден од најгорливите проблеми во регионов? Ќе се изгради ли во Југозапдниот плански регион современа регионална депонија? Оваа тема деновиве повеќе од актулена, поради посетата на високите гости од Јапонија на Југозапдниот регион. Во рамките на поддршката што Јапонската влада и ја дава на Македонија, претставници на меѓународната агенција за соработка – JICA, предводени од заменикот директор Араки Арефу го посетија Центарот за развој на Југозапападниот плански регион, при што беше разговарано за решавањето на проблемот со цврстиот отпад во...

Continue reading

prezentacija na proekt

Општините од Југозападна Македонија заеднички до квалитетен туризам

Post Views: 2 Формиран првиот туристички кластер во Македонија. Преку овој кластер, со здружени сили на сите општини од овој регион, ќе се промовира туристичката понуда. Целта-подеднаков квалитет на туристичките услуги во целиот регион. Ред се редат начините и алатките кои се користат со цел Охрид и регионот да достигнат висок квалитет на туристичката понуда. Формиран беше туристички кластер на Југозападна Македонија. „Во време на глобализација, вмрежувањето на претпријатијата и соработката меѓу нив во кластери воопшто, подобро се носи со проблемите и кризите“-со оваа мисла координаторот...

Continue reading

seminar

Земјоделците не ги интересира како да го зачуваат родот?

Post Views: 1 Заштитата на растенијата, пред се на земјоделското производство за нашата држава претставува основна цел. Главно аграрна земја, Република Македонија се соочува со слични проблеми како и земјите во регионот, оттука и решенијата на истите се воглавно слични. 36-то советување за заштита на растенијата кое го организира Здружението за заштита на растенијата од Република Македонија на едно место ги сплоти научните сознанија од областа на земјоделството од целиот регион. Како илустрација за потребата од споделување на овие сознанија е примерот со појавата на карантинскиот...

Continue reading

tribina

Само автентичен амбиент може да биде успешна туристичка приказна

Post Views: 5 Екотуризмот може да биде печат по кој ќе биде препознатлива Македонија. Станува збор за многу погоден облик на туризам, каде преку природните убавини, културно-историските споменици, одличната храна, автентичната музика, амбиентот и архитектурата, ќе се единствена туристича понуда. Само автентичен амбиент може да буде успешна туристичка приказна, вели Лиљана Попоска, претседател на Партијата за Демократска обнова на Македонија.„Цела Македонија има проблем со користењето на европските фондови, ни фали едукација, обука како да ги користиме. Ни фали мрежа на потпора како...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top