Дебрца, Вевчани, Охрид, Струга, Корча и Поградец тргнуваат кон алтернативен туризам

Проектот се спроведува со европски пари, а се со цел создавање на алтернативни туристички производи.

 |  Мишел Наумоски  | 
alternativen turizam
алтернативен туризам

Неколку рурални и неколку урбани општини од Македонија и Албанија буквално тргнуваат кон алтернативниот туризам. Водилка ќе им биде проектот кој го носи токму тој наслов, „Кон алтернативен туризам“, а го спроведуваат Македонската развојна фондација за претпријатија и невладината Партнерс Албанија. Денес ја имаа почетната работилница на која учество зедоа туристички работници и претставници од општините Дебрца, Вевчани, Охрид, Струга, Корча и Поградец.

proekt turizamНа работилницата ќе се идентификуваат неколку туристички потенцијали во регионот поврзани со алтернативниот туризам, а ќе се бараат и идеи и предлози кои би можеле да се реализираат, а кои би привлекле туристи.

„Очекуваме нивни идеи за да ни помогнат во насочувањето на идните активности во рамките на проектот, понатаму ќе следат обуки, правење на промотивни видеа, нивно прикажување во медиуми и конечно лесна инфраструктура поврзана со туризмот односно со тие конкретни продукти од типот на видиковци, клупи, поставување на сигнализација наменета главно за туристите.“-рече Лазар Недановски од Македонската развојна фондација за претпријатија

На работилницата учество зедоа и претставниците од Партнерс Албанија, невладината организација која по втор пат соработува со Македонската развојна агенција за претпријатија.

Kon alternativen turizam„Нашите две организации во овие наредни дваесет месеци со цел да се развива туризмот ќе соработуваат и во двете држави да се одвива на исто ниво успешно. Ова е исто така и целта на проектот, каде што ќе се вклучат многу места и подрачја од регионот од Корча-Албанија.“-вели Арола Аголи од НВО Партнерс Албанија.

Инаку проектот „Кон алтернативен туризам“ започнал со реализација на 15ти Април, а ќе трае вкупно дваесет месеци. Вкупниот буџет за спроведување на проектот и во двете држави изнесува околу 300.000 евра, а е финансиран од Европската унија преку програмата за предпристапни фондови.

Покрај Македонската развојна агенција за претпријатија и Партнерс Албанија, дел од проектот е и Локалната агенција за развој од Струга. Целта на овој проект е да понуди алтернатива на конвенционалниот туризам во урбаните средини, додека во руралните пак да биде носечка дејност.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top