Ознака: регионот

nato

Во Охрид се крои нова стратегија до приклучување кон Нато

Post Views: 1 Во Охрид се крои нова стратегија до приклучување кон Нато. Денес голем број експерти, политичари , дипломати и професори  разговараа на тема  „Нато самитот во Велс: иднината на Алијансата и регионалната стабилност на Западен Балкан“.  Она што е договорено на НАТО самитот во Велс, претстојните  предизвици со кои се соочуваат Алијансата и нејзините партнери, како и утврдувањето на модалитетите како општествата треба да се прилагодат на ново настанатите околности се темите на кои се дискутира на работилницата во Охрид.  Владите на 10 држави од регионот преку ваквите состаноци...

Continue reading

Обама тргнува во лов на џихадистите

Post Views: 1 Американскиот претседател Барак Обама рекол дека оваа недела ќе го изнесе својот план за пресметка со милитантите на Исламската држава, која би можела да биде закана и за САД. Тој ќе одржи говор во среда на кој ќе го опише својот план, а ќе се сретне и со челниците на конгресот за да побара поддршка за неговата стратегија. “Следната фаза е да се прејде во напад, бидејќи во иднина тие можат да бидат закана за нас иако тоа сеуште не е”, рекол Обама. “Со оглед дека Исламската држава привлекла странци од Западот во нивните редови, кои несметано можат да допатуваат во САД...

Continue reading

Охрид Преспа

Охридско-Преспанскиот биосферен резерват доби заштита под Унеско

Post Views: 1 Регионот Охрид Преспа прогласен за  биосферен резерват под заштита на Унеско. Вчера  во Шведска беше донесена едногласна одлука овој  биосферен резерват и официјално да стане дел од семејството на УНЕСКО.  Стручната комисија на Унеско од 50 -тина апликации од различни земји во светот прогласи 13, меѓу кои и Охридско преспанскот регион распослан во двете соседни држави Македонија и Албанија, потенцира  Дејан Паноски од Билатералниот секретаријат за сливот на Охридското езеро. Паноски нагласува  дека  сличните  заштитени резервати во светот најчесто овие подрачја ги  користат...

Continue reading

Menadziranje odbrana

Триесетина учесници на курсот за Менаџирање во одбраната се стекнаа со сертификати

Post Views: 2 Трисетина учесници од земјава и од регионот се стекнаа со сертификати за Менаџирање во одбраната. Јордан Тасев, од Евроатланскиот совет на РМ  е еден од учесниците на  двонедената обука и е задоволен од овој проект. „ Комплементарен е на  нашите цели за интеграција во Нато и ЕУ , како Македонија ја третира безбедноста во поширок аспект. Посебно беше задоволството што  на курсот имаше луѓе од различни профили, одбрана, влада, од невладиниот сектор. Придонес дадоа и колегите и од регионот од Министерствата за одбрана. Се што научивме и беше предавано е од највисок квалитет...

Continue reading

galicica

УНЕСКО го прогласи регионот Охрид-Преспа за биосферен резерват

Post Views: 8 Стручниот Комитет на УНЕСКО разгледувајќи ја Номинационата Форма за прогласување на Охрид Преспа за Биосферен резерват даде ПРЕПОРАКА и ОДОБРЕНИЕ до Интернационалниот Совет на УНЕСКО, да го прогласи македонскиот и албанскиот дел на регионот Охрид Преспа за Биосферен резерват заради неговото уникатно значење и вредности кои ги содржи. Стручниот Комитет исто така препорача во моментот штом грчката страна изрази волја да се приклучи кон Биосферниот резерват веднаш да стане дел од Прекуграничниот Биосферен резерват. – Првата вредност на оваа одлука е што Стручниот...

Continue reading

“Безбедно како дома” е новата медиумска кампања на АППТ во регионот

Post Views: 13 Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) почна со медиумска кампања во шест земји низ регионов за подигнување на свесност за безбедно патување и туристичките потенцијали коишто земјава ги поседува.Србија, Албанија, Косово, Бугарија, Полска и Турција се пазарите каде што оваа година се пласира првиот дел од медиумска кампања со цел информирање, насока и будење на свесноста за неопходност од почитување на безбедносни протоколи, но и можности за поминување на безбеден одмор на планина, во рурални области, можност за спортски активности во безбедни региони...

Continue reading

Уште еднаш докажаа дека можат да рушат авиони

Post Views: 8 Два борбени авиони на украинската војска се срушени на истокот од Украина, јавуваат агенциите. Првите тела на срушениот малезиски патнички авион на летот МН17 само што ја напуштија Украина, а воените операции на украинската влада против проруските сепаратисти продолжија со уште поголема жестина. Агенцијата AFP јавува, повикувајќи се на воени извори на украинските власти, дека се срушени два борбени авиони на истокот од земјата. Не е познато сеуште како се срушени. Од Киев е соопштено дека два борбени Сухои се оборени околу 13 часот по локално време над подрачјето околу...

Continue reading

mozaik

Институтот за социо-културна антропологија ќе става научен печат на христијанскиот празник Водици

Post Views: 11 Научната и светата јавност од регионот, Европа, но и светот, за Водици доаѓа во Охрид. Причина е втората по ред меѓународна конференција за културно наследство, медиуми и туризам на која учество и свој придонес ќе дадат околу шеесетина научници од областа на културното наследство. „Ќе ги согледуваме најновите истражувања и резултати од областа на затштитата на културното наследство и валоризација на сето тоа во туристички цели и нормално тука може да помогнат медиумите заради подобра афирмација, презентација и истражување. Јасно е дека и Македонија, и регионот единствено...

Continue reading

Еве каде се крие златото

Post Views: 5 Земји со најголеми резерви на злато се САД, Германија, Италија, Франција и Кина, а најдобро рангирана земја од регионот е Грција. Грција е на 33 место во светот и ја држи најдобрата позиција во регионот бидејќи располага со 112,2 тони злато. Бугарија се наоѓа на 48 позиција со 40 тони злато, Србија на 62 место со 16,6 тони, додека Македонија го завзема 77 место со 6,8 тони златни резерви. Зад нас се Словенија на 90 место со 3,2 тони, Босна и Херцеговина на 93 место со 3 тони а Албанија е на 99 место со 1,6 тони златни резерви. На листата од 100 земји рангирани спрема...

Continue reading

Страдаат новинари во Украина

Post Views: 4 Новинар на првиот канал на руската државна телевизија, Анатолиј Клијан, е убиен на истокот на Украина, каде се во тек судири помеѓу проруските бунтовници и украинската војска. Клијан снимал репортажа за регионот Доњецк, каде заедно со група на руски новинари отишол да снима разговори со мајките на војниците кои дошле да бараат од своите деца да се повлечат од подрачјата зафатени со конфликти. “Штом се нашле на лице место, се слушнале истрели од оружје, а Анатолиј Клијан е смртно ранет во стомак”, навела руската државна телевизија. Ранет е и возачот кој ги возел новинарите...

Continue reading

bakraceski

Успешна посета на градоначалникот Бакрачески во САД

Post Views: 1 Плодна посета на охридскиот градоначалник Никола Бакрачески во САД. Тој зеде учество на светскиот симпозиум за интервентна кардиологија, каде ги презентирал сите високи достигнувања на охридскиот Завод за кардиоваскуларни заболувања, а со свои презентации се претставиле и неколку доктори од клиниката за кардиологија. „Беше успешно претставен програмот во кој што морам со гордост да кажам дека Македонија е лидер во регионот и пошироко по застапеност на процедури кои се изведуваат со трансрадијален пат, порано како што и сите знаете сите процедури во интервентната кардиологија...

Continue reading

Ohridsko ezero

Биосферниот резерват Охрид -Преспа како значајна туристичка дестинација

Post Views: 2 Под капата на УНЕСКО, Охридско-Преспанскиот регион како биосферен резерват, би можел да стане примамлив туристички производ на светскиот туристички пазар. Тимот кој работеше на изготвување на Номинацијата за прогласување на Прекуграничен биосферен резерват на Охрид и Преспа под УНЕСКО, неодамна ја испрати Номинационата форма до седиштето на УНЕСКО во Париз.  Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат за сливот на Охридското езеро, кој беше дел од тимот, истакна дека ова е голема шанса да зајакнат сите локални економии во регионот, а од тоа најголема корист ќе имаат...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top