Охридско-Преспанскиот биосферен резерват доби заштита под Унеско

Охридско-Преспанскиот биосферен  резерват  доби  заштита под Унеско.

 |  Валентина Неловска  | 
Охрид Преспа
Охрид Преспа

Регионот Охрид Преспа прогласен за  биосферен резерват под заштита на Унеско. Вчера  во Шведска беше донесена едногласна одлука овој  биосферен резерват и официјално да стане дел од семејството на УНЕСКО.  Стручната комисија на Унеско од 50 -тина апликации од различни земји во светот прогласи 13, меѓу кои и Охридско преспанскот регион распослан во двете соседни држави Македонија и Албанија, потенцира  Дејан Паноски од Билатералниот секретаријат за сливот на Охридското езеро. Паноски нагласува  дека  сличните  заштитени резервати во светот најчесто овие подрачја ги  користат за привлекување на туристи. Но, природните реткости може да се искористат и за странски вложувања во зелена економија, укажува Паноски. Додава дека веќе има најави од германски инвестититори.
Охрид Преспа
„ Разговарвме околу брендирање на земјоделските произзводи во Охрид и Преспа. Почнувајќи од медот, јаболката и црешите.Со еден збор земјоделските растенија кои се еден вид на ендемски култури од регионот. На меѓународниот пазар може да достигнуваат поголема цена“, напоменува Паноски.

Грција  иако ги потпишала сите документи за номинација на Охридско – Преспанскиот регион  да биде ставен под заштита на Унеско, засега не е дел од  биосферниот резерват. Оној момент кога ќе одлучи може да го приклучи делот во своите граници на овај резерват.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top